девојки пред 10 дена ставив колор шампон дали ек ми се измие брзо еве секој ден ја мијам бидејки не ми се допага
Девојки, имам темна коса- кафеава боја која оди накај црна. Сакам да се направам нешто меѓу црвено/портокалово (нешто како девојкиве). Ќе успее или да не се надевам попусто?! И совет од мене, ако барате колор шампон, не го правете тоа низ големите маркети, туку низ локалните парфимерии. Поголеми се шансите дека ќе најдете таму. Спојлер Бојата на косата ми е најслична со девојката на оваа слика. А, сакам нешто вака.
Женски, јас сум смеѓа и сакам да и ставам плав колор шампон да ми се осветли привремено косава Мислите ќе успеам, имала некоја вакво искуство? И да ве прашам спреј за коса имате некаде видено? Се заљубив во бојата на косата на една продавачка, ја прашав со што и е косата обоена така ми рече со спреј, али ми беше срам да ја прашувам од каде,што, како...
Јас вечер ќе се фарбам со колор шампон,нема да се фарбам целосно туку од пола коса па надоле ќе се правам црвена.Кажете ми дали ќе ми се оштети приордната боја на косата?
нема да ти се оштети косат бидејќи шампонот после две три миења ќе ти падне и ќе си остане твојата природна коса
Женски ја требаше вчера да се правам со колор ама се предомислив нејкам црвена,плава ќе се правам Е сега да ве прашам јас нешто. Природната боја на косата ми е ваква како на клои.Фарбана сум само еднаш и тоа во 7мо со нијанса посветла од мојата ама не ми фати бојата и си останав ваква Е сега сакам да ве прашам дали со колор шампон ќе ми фати плава како што клои е на врвоите..мислам дека е време да станам русокоса И ако сакате препорачајте ми некој добар и квалитетен колор шампон,и да не е многу скап до 100 ден максимум
Ова не е колор шампон него боја што не се разредува со хидроген. Јас го имам користено и косата многу се уништува од него! Станува како мастика се тегне и се кине и единствен спас се ножиците. Добро размислете пред да користите дали вреди да си ја уништите косата.
А ти како го ставаше? Јас неколку пати имам правено прамени, еднаш цела коса ја направив, па ништо не и‘ беше после тоа. Сега моментално имам прамени и баш ми е нормална косата.
Јас си најдов колор шампон. Плава. А имам темно црвена коса, природна. Ќе се фати ли? Сите ми велат нема да се фати а јас оптимистички велам дека ќе се фати
Искрено да ти кажам не верувам дека ќе ти фати, колку и да се размислува оптимистички, некогаш треба да се согледа и реалната страна. Јас имам смеѓа коса пак пред 2 дена ставав колор шампон плав и воопшто не ми фати, може само на некои места се забележува за нијанса минимално посветла боја на косата.. Сепак голем удел има и влакното.. ама ако сакаш да си плавца примени друг начин, не колор шампон.. неуспешно е. поЗз
Пробај, али не верувам дека ќе се фати. И јас после ќе си купам плава. Имам темно плава, па можеби ќе се фати.
Накрај си купив црна и се фати некако. За неколку нијанси ми е потемна косата ама е многу мека и многу лесно се чешла.
Каде можам да го најдам овој шампон? Сакам да направам неколку праменчиња во боја.. косата ми е темно кафеава, што мислите каква боја би ми одговарала?
девојки ајде тие што пробале со колор шампон нека кажат дали навистина ке се измие до крај бидејки мојата природна е смега а стив црвена и сега после 20 ден отприлика ми е портоклова-кафеава а кај бебески влакна ми е усте црвена дали ке се измиеее ве молам некој советттт
Како што читав во оваа тема се за овој шампон, прочитав дека откако ќе го нанесеш шампонот после неколку миења на косата бојата ќе падне и ќе си ја имаш својата природна боја на коса
И јас си најдов.Плав.Имам темно плава ќе се фати? А и се плашам дали после ќе можам да си ја вратам косата каква што ми беше, зш другарка ми си купи пред две недели од тоа а таа има темно плава малце побледа од мојата и уште и се познава. А косата мн пати ја миеше не излегува.