Колор шампон

Дискусија во 'Коса' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    2.647
    Планирам деновиве да се фарбам со таа фарбата од палете без амонијак што е ...како колор шампон
    ама сакав да ве прашам,100% не ја гори косата? иначе ќе земам малце потемна боја од мојата дека не сакам некоја драстична разлика туку малце косава да ми добие сјај :)
    Еве за ова зборам

    [​IMG]
     
  2. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    2.647
    Денес отидов демек да земам ваква фарба-шампон,што и да е ама читам состав: без амонијак ама содржи хидроген пероксид,па нели хидрогенот е тоа што уствари ја оштетува косата?
     
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    ^http://www.ehow.com/how-does_4569710_what-peroxide-will-do-hair.html

    Овде пишува дека хидрогенот ја оштетува косата, предизвикува кршење и опаѓање, посебно ако се користи постојано, значи на секое фарбање.Е сега, овде прочитав и дека се користи за осветлување на косата, а како што сфатив ти сакаш да ја потемниш, така да, не знам како ќе делува на тебе :^)
     
  4. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    2.647
    На крај решив да не си играм со хидрогенов ионака маки мачам со паѓањево на коса,до Фитовал дојдов :P така да ќе земам обичен колор шампон од оние по 80 денари што се,само ме интересираше дали се нанесува како обичен шампон или па со четка за фарба?
     
  5. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30

    Се нанесува како обичен шампон,инаку си пишува на упатството за користење одзади,така да подетално можеш да видиш таму . :)
     
  6. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    2.647
    Земав црвен колор шампон само нешто не ми беше јасно:се нанесува на коса веќе измиена со обичен шампон па потоа само се плакне со вода или да го ставам на мокра коса па откако ќе отстои 40 минути да го измијам со шампон?Продавачката ми кажа да го ставам на измиена коса па после само со вода да ја оплакнам косата ама некако ми нема логика :?: На упатството не е убаво објаснето,само пишува:добро измијте ја косата по боењето :P ..ај некој што се има фарбано со шампон нека ми објасни :D
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Ќе си ја измиеш косата прво со шампон, па ќе го ставиш колор шампонот, па потоа откако ќе отстои ќе го измиеш само со вода.
     
  8. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Женски, јас имам темно руса боја на коса, па се прашував дали ако ставам, уствари дали да ставам колор шампон ако сакам да ја осветлам?Мислам, дали ќе добијам руса коса, или само како сјајче?
    Искуство?
    Аnyone? :?:

    Иначе ваква ми е косата како на девојката:
     

    Прикачени фајлови:

  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    6.721
    Не земав колор шампон, ама другарка имаше едно color mousse се вика и ми го даде, отпозади пишува дека е пена во боја која ја зацврстува косата. Се нанесува на сува коса и би требало да фати повеќе од колор шампон.. Ама другаркава пробала и ми рече после првото миење на коса и паднало, а на мајка и после недела-две, и вечерта кога легнала перницата и се направила со боја. :?: Пробал некој ваква пена во боја и дали е добра?
     
  10. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    ^ На баба ми и имаше останато бело од позади, не се видела и не се исфарбала таму.
    Ми даде едно такво колор мус, демек ќе се покриело нешто. И ставив и ништо не се случи. Ептен минимално фаќа. Претпоставувам ти сакаш цела коса да ја фарбаш со тоа, така да толку мака и на крај да не ти се фати, не се исплаќа.
    Според мене подобро ти е да си земеш колор шампон, барем знаеш дека е поефикасно :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.114
    Допаѓања:
    81.612
    Пол:
    Женски
    Подобро исфарбај се со фарба во нијансата која ја посакуваш, колор шампонот не е погоден за осветлување на бојата. Нема да ти фати и џабе ќе се мачиш и нервираш.
    Подобра опција ти се шатирање, вадење прамени или фарбање. :)
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Колор шампоните се чиста утка, барем за мене и мојава коса.
    Јас пробав пред 3 години со колор шампон да ја направам од темно кафена - црна, нели да не ја горам со фарба, ама ништо работа. Возбудена дека ке имам црна коса, гледам пак иста. |(
    На крај си купив фарба. 8)
     
  13. brokenHeartgirl

    brokenHeartgirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    15
    Ја никогаш немам користено колор шампон и сега ми се отвори желдба да имам црвена коса. А нели Гарниер и Палете Колор Анд Шајн се фарби? Ај ако сака некој дапостира слики од колор шампон за да знам што да барам Фала однапред !! :* :* :hai: :hai: :hai: :rofl: :rofl: :rofl: :lol:
     
  14. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Јас пред некој ден ај исфарбав коста со колор шампон затоа што имав малку бели влакна точно одозгора на главата и не убаво изгледаше. земав ист како мојата коса бидејќи не сакав да ја менувам бојата туку само да ги покријам белите влакна. презадоволна сум а имам и голем сјај на косата. поздрав
    срце оди во било која парфимерија или во голден росе во трговски ако си од скопје таму јас го купив мојот кажи им колор шампон и ќе ти понудам различни бои ти си одбираш и завршена работа.јас земав 2 пакетчиња по 70 денари беше едно
    поздрав мила :*
     
  15. brokenHeartgirl

    brokenHeartgirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    15
    А на јутуб видов дека ставаат регенератор внатре. Треба ли да ставам и јас ај ако вие вака правите кажете ми :hai: :hai:
     
  16. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    мила јас ништо не ставав внатре во колорот. прво ја измив косата со шампон и потоа и ставив колор шампон и ја масирав косата додека да се добие малку како пеничка бела и потоа ја оставив околу 40 минути и ја измив косата ама само со вода и тоа многу вода. потоа ја оставив малку да се подисуши и досушив со фен. тоа е тоа.
    ина4е на самото пакетче на колор шампонот имаш упатство така да ќе се снајдеш не е ништо комплицирано поздрав
     
  17. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    A со тек на време бојата рамномерно излегува од цела коса или останува на долниот дел од косата или врвовите? Не сакам да бидам како некои фарбани и после со подрасток до пола коса, а долната половина со фарбана.
    И дали две пакетчиња за густа коса до под рамена се доволни?
     
  18. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    доволни се и мојата е толкава. а инаку паѓа рамномерно не се секирај нема да имаш шаренила хахаха
     
    На kitty.lover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Користела ли некоја ваков Марион колор шампон?
    [​IMG]
    Не мислам на нијансата, туку на брендот. Исход од користење??? :?:
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    ^
    Бојата на косата ми е отприлика ваква
    [​IMG]
    и имам користено тегет и црвен (вино боја) колор шампон, од оваа марка.
    [​IMG] 68 и 99
    Црвениот бр. 99, ми излезе лилјаков, а ми стоеше околу 15 мин., па го измив. Траеше до 3/4 миења и после останаа неколку прамени во боја. Лошата работа е тоа што ми го офарба и коренот, па цела бев лилјакова.
    Иначе за 70 ден. бев и презадоволна од бојата.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.