И јас сакам да пробам клор шампон, имам темно кафеава коса, и по некое бело влакно. Гледам сте задоволни од Колор енд шајн, па сакав да прашам, кога ќе падне, се враќз ли природната боја на косата?
Да да, се враќа. Еве јас сега ништо немам ставено на косата веќе неколку месеци, колор шампонот малку ми се познава на краевите, а мојата природна боја се врати. Имав неколку бели влакна, веќе ги немам. Дали е од шампонот, не знам
Како обична фарба се нанесува исто. Хидроген мислам дека има, ама многу мала количина воопшто не ја гори косата.
Мислам дека не е хидроген тоа што го има, само емулзија за растворување, за да добие кремаста структура. А маската што доаѓа заедно со колор шампонот е фантастична
Да да маската е супер, не знам дали ја има да се купи, а тоа течноста што е мислам дека содржи мал процент на хидроген, ако разбрав точно дур читав.
Мене па не ми се врати мојата боја...Незнам зошто така.. И кога почна да паѓа бојата косата ми беше некако како пожолтена...Али мн си се бендисував со црвена Вајлд и ти моментално црвена или ??
Црна сум сега. Бев и црвена, ама не знаев дали ќе ми се врати бојата и ми беше страв да не почне да расте кафено, а другото црвено, гадно ми изгледа така.
Хахах сега малку црна а? Супер супер...Конечно си нашла шампонче.. Супер ти беше и црвена... Онака рокерски
Фала, ќе ме видиш утре и со црна. Инаку сега да видам како ќе биде, за колку време ќе падне бојата, дали ќе ми биде иста како порано и сл. и можеби и црвена потоа ќе се направам.
Луѓенца .. ај ве молам помогнете ми одамна барам колор шампони, никаде неможам да најдам сакам розев или плав или виолетов или црвен ама никаде неможам да најдам.. ај ве молам кажете ми кај има
јас не сум од скопје, ама сигурно ќе најдеш во некоја парфимерија, во cosmo или unique. и јас едно време кога барав немаа моментално па баш некни случајно прашав и имаа
знам имаше едно време на палете.. ама само во три бои црна плава и црвена мислам.. јас сакам розев или плав по можност да најдам такви незнам каде да најдам