Имам посветла кафена боја на коса.Би сакала со колор шампон да пробам да добијам медова боја.Дали ќе се фати? и Уште нешто, колор шампоните ја оштетуваат ли косата? и онака имам тенко и кршливо влакно
Има некоја шанса да фати, со оглед на тоа што колор - шампонот си е вид шампон без посебни хемикалии за трајно бојадисување. Бојата ќе ја снема за многу кратко време. Зависи од тоа која е нијансата на твојата природна коса и каква нијанса од колор - шампонот ќе избереш. Како што и напишав, вид на шампон е и од таа причина и не прави трајни оштетувања на косата
Еден мал совет од мене.Не купувајте ефтини колор шампони и гледајте ја марката на колор шампонот бидејќи една моја другарка си ја уништи косата.Косата и беше неверојатно оштетена и колор шампонот не и се одми 8 месеци,па мораше да ја фарба косата
^ Тешко дека било колор шампон во тој случај. Или има ставено и нешто друго. Од колор шампон не се случува штета каква што ја опиша.
Јас пак само такви имам ставано. Косата ми ја прават мека на добир, добива многу убав сјај и многу нежен мирис има, на боровинки нешто такво...
Шипки....моето искуство со колор шампон не е за некоја пофалба...Пред две години барав црна да се правам и немаше имаше една нијанса тегет...и поради обемот на мојата коса не стигна едно пакетче...и на крај резултат едноставно-НЕМАШЕ. Сум пробала со џунс колор и убав е резултатот ама пократко трае
^ Зависи од тоа колку дога и густа ти е косата, твојата природна нијанса, дали ти е претходно третирана со фарби и колку самата коса е отпорна на препаратите за коса.
Колку за информација: Денес поминав од ДМ во сити мол, и видов дека имаа промоција на колор шампончиња, околу 60 денари беа, во многу бои имаше. Кого го интересира може да отиде да си провери
Jас бев вчера во Дм и до касата имаше колор шампони за 45 денари без амонијак па кого го интересира нека појде инаку за инфо имаше доста бои
Неколку пати се имам правено со Dolce колор шампоните, имам доста темна коса, ама некогаш за да сменам на ептен црна ја земам најтемната нијанса и исто како со фарба ми се погодува бојата. Разликата е во тоа што не ми се оштетува косата и бојата паѓа за месец дена и тоа,нормално, подеднакво од коренот до врвовите. И морам ова да ви го спомнам, имам доста долга коса и еден колор ш. ми е доста, а продавачките секогаш ме убедуваат да се земам два. Сакав да пробам и со црвена нијанса, ама никаде не можам да најдам, наводно прекинале да ги произведуваат.
Имам темно кафеава коса, си купив два колор шамопони од дм од најсветлите (плави) каква ќе ми излезе? да не се оплавам ептен? сакам само една нијанса по светла. искуства?
освен што косата ќе добие сјај, бојата не коса нема да се промени, воопшто...Барем мене такво ми беше искуството.
имам пробано црвена.ептен убо ми се фати. исто така имам пробано и кафеава ама таа не ми се фати воопшто незнам зошто иначе имам плава коса
Иначе ставив и не ми ја смени бојата на косата ноѕу за нијанса, освен малку горе, надоле си има сјај само, ако не кажам може и да не ме забележат