Можам да кажам дека на некој начин си ја упропастив косата со колор шампонот. Ја исфарбав во црвено, убаво се фати, не викам не, и изгледаше многу убаво, на почетокот гледав дека паѓа бојата со секое миење, ама некако остана на мојата коса тој црвен пигмент и сега ми е потемна, помина цел месец, а, мојата боја целосно се нема вратено.
Јас имам многу убава боја на коса Спојлер светло кафеава со плави прамени природно ама сакам да се фарбам црвена со колор шампон, дали кога колор шампонот ке се измие истата боја ке ми се врати или ке ми се уништи
Бев до ДМ завчера, ама немаа од најтемниот црн колор шампон. Сакам сосема црна боја, да нема црвеникав или тегет сјај. Каде има колор шампони, да си најдам ваков?
Денес купив, црвен , утре се правам, па ќе видам какви резултати ќе се добијат, инаку косата ми беше праена со к'на црвена, имам уште малку по краевите, се надевам на убава црвена нијанса
Женски ми треба одма одговор, ко ќе се клај колор шампонот после не треба да се плакни косата, туку само да се исуши така?
Aди, мораш да ја исплакнеш инаку ќе ти остане пена по косата. Прво убаво ќе ја размачкаш смесата низ коса (исто како фарбата), за убаво да ти фати насекаде, ќе ја држиш косата во кеса некое време (мора да пишува позади на кесичката од шампонот) и убаво ќе исплакнеш.
А можи на пример да ја растворам со вода како обична фарба и да ја намачкам..? Косата малку водена или како?
Зависи каков колор шампон имаш земено. Јас тој што го зедов ми рекоај откако ќе ја измијам знаеш нормално шампон и сл. колор шампонот да го ставам на косата и исто како шампон да ставам...и пишуваше да се чува 30тина минути.
Ќе ја измокриш косата и ќе ја шампонираш како со обичен шампон, само убаво измасирај го и темето, за да ти фати насекаде, заврзи ја во некоја ќеса и остави ја така 30-45 минути и поссле исплакни ја убаво и измиј си ја како што ја миеш.
Јас имам плава коса,но сакам кафеава да ја сменам со колор, еднашка пробав но не ми успеа, сега незнам дали да ставам повејќе шампони 2-3? за поубаво да се фатит..