Зависи од должината на косата, ако ти е подолга нормално дека со еден шампон нема да ти фати. Не знам,пробај овој пат стави 2 или 3 или колку што планираш. Можеби овој пат ќе ти успее
Женски јас го ставив шампонот и го држев 40 минути, не ми дојде онака како шо сакав, има само нијанса црвена која не се ни забележува, ако ме загледаш убо само се забележува Како и да е за 1 недела 2 ставам уште посветла па да видиме како ќе биди
^^ Јас врска немам како се вика само знам дека беше розев со зелено на пакетчето и имаше женска напред..
Мислам дека Ади зборува за овој колор шампон, кој според мене е нешто подобро што може да се најде кај нас. Мајка ми без проблем си тераше месец дена со него, а веќе има бели влакна и штом бојата траеше толку време - одлично е. Spoiler Има и Palette, ама мене ужасно ми мирисаат.
Ади, јас секогаш ставам од најсветлата црвена и пак, најмногу што добивам е некоја сосема мала промена на нијансата Не очекувај многу од колор шампонот. Јас сега со к'на ја бојадисував косата и ми излезе прекрасна, од сите добив пофалби за нијансата.
^^ И јас к'на ставив, ама пак не добив нијанса како шо сакав, ама не знам зошто не сака ама сакам да пробам со уште посветол колор шампон па да видам како ќе биди, ако не ставам боја сигурно, од то мора да фати Мишелка да за таа зборав
Девојки,јас купив колор шампон од рубела само малку сум скептична бидејќи содржи хидроген и амониум хидроксид , и се мислам да не е фарба иако продавачката ми го кажа како шампон.Дали некоја има искуство со рубела или да си барам некаков друг пред да си направам проблем??
^ Не гледам каков проблем мислиш дека би направила? И колор шампонот и фарбата оставаат траги на косата. Инаку, стави слика за да знаеме за што се работи.
Па несакам да ја ифарбам со фарба туку со шампон а ова повеќе ми личи на фарба отколку на шампон.еве линк http://www.rubella.eu/en/series/index/34/?page=2
ќе се цитирам пошо неможам да редактирам...дали ако веќе ставив денес колор шампон треба да помине одредено време за да ставам фарба или може денес да се исфарбам??
Симонка ва не е колор шампон. Дури и со појачани букви пишува дека е трајна боја за коса. Можеш слободно да се офарбаш со боја немора да чекаш да падне шампонот. Освен колор шампонот во розево пакување што се продава до ДМ, Голден Росе,... постои ли некој друг кај нас? По парфимерииве Ким имаат некој друг колор шампон?
па и јас забележав затоа не го употребив,а продавачката ми рече дека е колор шампон инаку има колор шампони од палете,јас таков купив
Се имам фарбано со колор шамопн од нивеа, и многу брзо ми падна бојата од коренот, а на врвовите некаде ми остана и не изгледаше воопшто убаво.