ваааака сега Природната боја на косата ми е ваква и се прашувам ќе може ли некако да ја подосветлам со колор шампон, да дојде од прилика вака (отприлика значи, не идентично) возможно ли е? Де малце...поголемите, поискусните..
Јас природната боја ја осветлував само со млечен хидроген на глава и ништо друго .... пробај вака на еден прамен и види до која нијанса ќе ја осветли , ако ти се допаѓа направи ја цела.... мада имаш преубава боја и би ти препорачала да не ја уништуваш , зашто после фарбање , бојата на косата нема да биде како што била предходно , мене една нијанса ми осветли и е некоја беживотна боја , на ништо не личи
Пробав веќе, не да ја осветлам, туку со речиси идентична нијанса на боја ко мојата, нанесов колор шампон. Препрезадовољителна сум не ми ја смени нијансата, ама и даде ептен сјај, и поголема изразитост. Me gusta.
Дали може да ми кажете кои колор шампони ги користите и каде ги купувате? јас само оние во дм ги имам видено што се по 40-50 денари ако добро се сеќавам ама некако не ми се убедливи незнам зошто
Јас ќе ти кажам зошто: заради цената. Навикнати сте да гледате исклучиво скапи работи па овие ви се чинат ефтини. За тоа пакување имаат соодветна цена: 60ден. Секаде се толку, а за останати марки и немаш голем избор. Сепак се работи за колор шампон, а не за било што друго.
па добро не знаев како се движат цените. инаку нема врска дали е 30 денари или 500 денари, не го одредувам квалитетот според цената и кога реков не ми изгледаат убедливо не беше заради цената туку поради марката која не ми е позната. Инаку фала на одговорот.
И марката е истиот муабет. Колку за споредба, престанав да земам било што во чие име се содржи и име на марка. Имам шалче кое (сепак го добив на подарок) веднаш се распадна, а продавницата/марката е прилично скапа vs. шалче кое го имам од обична продавница кое го носам повеќе од 5 години. Имам ташна од позната продавница и се распадна после неколку носења vs. ташна купена по смешна цена која ја носам 4 години. Истото се има случено и со козметички производи. Нема да продолжам бидејќи темата е далеку од ова. Само споредував дека не е се' во марката. Производот не значи дека е добар доколку припаѓа на некоја марка. И за колор шампоните од DM: последниот пат кога бев таму имаа само 4 или 5 нијанси за разлика од други места во кои ги има речиси сите нијанси. Квалитетот е солиден доколку се употребуваат на правилен начин. Како ќе излезе зависи од тоа каква е твојата нијанса.
Само што се офарбав со колор шампон од Дм, Ebony Black е бојата, од црна поцрна, едвај ја најдов Па еве ми ги резултатите: Прилично ми е црна косата, со исклучок на прамените што претходно ми беа осветлени од сонцето. Природно имам темно кафена коса, тие прамени ми беа некоја медова боја, сега тие се темно кафени. Како и да е, задоволна сум од резултатот. Пред неколку години се офарбав со фарба за коса, истиов резултат го имав зошто немав доволно фарба за целата коса, па некои прамени ми останаа посветли. Се офарбав само еднаш, и во период од 6 месеца полека бојата падна. Сега сериозно размислувам трајно да си останам црна... Ќе видиме
Јас имам природно руса коса, но со годините ми потемна, сега е темно руса... Сакам да ја осветлам една до две нијанси и си мислев дали колор шампонот би можел да ми ја осветли? Ако има некој вакво искуство нека пише
Зошто не би фатило? Не може да не и фати. Една до две нијанси ќе фати но со соодветно изберена нијанса на колор шампонот.
Де некој нека ми каже како се нанесува колор шампон, исто како фарба или како И што мислете не темо кафена да ставм светло кафена да си ја осветлам само, или црвена??
Се става на мокра коса и го нанесуваш исто како шампон се додека не се направи пена и се чува 40-45 минути исто како фарба и стави си кеса на глава зошто мн капе.. и после све тоа ќе си ја измиеш убаво и толку ... иначе јас мислам да ставиш светло кафена
И ако имаш долга коса ќе ти требаат два колор шампони,добра опција ти е посветло кафена ама дека ќе има многу разлика од едно нанесување не верувам, мојата е темно кафена имав пробано пред неколку месеци и само преку ден ми се познаваше на сонце и тоа ставив две нијанси посветла од мојата коса,пробај може ќе ти се свиѓа чисто за промена
Си ставив колор шампон и испадна супер. Темно кафена сега ми е косата, сакав светла ама немаше и затоа темна, убаво е мала промена Само добро е што ствив едно пакетче ако ставев 2 црна ќе беше Вака е супер, баш ми се бендисува
Имам една идеја но не сум многу сигурна и сакам да прашам. Ќе можам ли со колор шампон да си направам омбре коса ако ставам само на врвовите?