Има ли шанси со колор шампон да се осветли косата или не фаќа? Смеѓа ми е мене, сакам некоја промена мала... Ако не, идеме на друга опција - потемнување.
јас сум од Битола и сакам да се направам црна.Имам кафеава коса ама многу е светла и нешто и на плава наликува и дали ќе ми фати црниот и за колку време паѓа од прилика оти мене фризерката ми рече дека еден месец седело и не ја оштетвало косата
и јас сум смеѓа и сакам црна да се направам,а за осветлување има шанси кај тебе.Мене ми рекоа за осветлување ако сакаш да ти фати со бланш дека требало да го измешаш,ама зарем така нема да ја изгореш?
има ли некој друг колор шампон, освен оној бугарскион, што го купувам од Golden Rose на рекорд? има ли некоја друга фирма за колор шампони и ако има колку им е цената? Поздрав.
Јас си земав денес, сега ќе почнам да се правам А откако ќе го исплакнам колор шампонот смеам да ставам маска за коса?
Сериозно ? Ај нема везе со има и шампон во името , секоја боја што ја ставаш на глава треба да се измие
^ Само во Македонија многу тешко. Да знаеш колку време барам нестандарсна боја... Освен од професионален фризер, тешко дека ќе можеш да пронајдеш.
Имаш погрешна информација Има нијанси на руса, нијанси на црвена, нијанси на кафеава, нијанси на виолетова, нијанси на црна.
За колку време косата после ставањето на колор шампонот се враќа во иста боја како што беше претходно?
Мојата коса е црна дали со колор шампонот ке ми се напраи црвена иам пробувано со кна без резултати,со фарба несакам да се фарбам(да не ја горам повеке од што е)