На мојава костенлива боја на коса ќе се фати јако црвена боја со колор шампон или сепак не? Иначе, Dobie јас мислам дека нема.
Да Dobie, мислам дека постои и портокалов. Само совет еден до сите што сакаат да пробаат вакво нешто. Бидете внимателни која боја ја ставате и каков колор шампон ќе купите, од која фирма. Гледајте да биде нешто проверено. Сестра ми и другарка и' минатото лето се исфарбаа црвени. Знам дека од Golden rose го земаа и бојата им беше ок ама им стоеше црвен сјај цело лето. Значи исто како да се исфарбале со боја за коса, а не колор шампон. Затоа бидете внимателни, зашто многу е битна и вашата боја на коса, зашто ова не покрива премногу, па може да излезе негативно изненадување. Или да ви стои 3 месеци, а сте планирале од 3 миења дека ќе падне. HollyWoodGirl и сестра ми има костенлива боја на коса и и' излезе ептен јака црвена. Би требало и тебе така да ти излезе.
Девојки може да ми кажете како се користи колор шампонот и дали може да не се користи на цела коса туку само на врвовите за да се добие омбре ефект?
Dobie- можеш да го купиш во аптека или ги има и по маркетиве поголемиве kate-the-great- со вода измиј го првиот пат затоа што тоа е самото шампон нели Milky.way- ти можеш да го користиш на врвови, но мислам дека нема баш тој омбре ефект да го добиеш ама незнам не сум пробала така само на врвови.
Епа вака сега јас мислам да ставам колор шампон наскоро па затоа сакам да се научам добро,дали ако не постои портокалов колор шампон би можело да измешам црвен со плав колор шампон па да ми излезе портокалово и уште едно прашање дали ќе фати бојата бидејчи имам темно кафеава боја на коса? некој ако знае ве молам да одговори
ja so color shampoon se obidov da si napraam ombre (imam nehso pomeglu leshnik-kostenliva bojaa) so zhuta boja, i sekako ne mi uspea -_-
Со колор шампон се добива посакуваната нијанса или само некој сјај? И колку одприлика трае?Јас многу сакам да ја променам бојава на косата, портокалова сакам да ми биде,па затоа прашувам. Значи мојата е ваква: А посакувам ваква:
Во ДМ има добри колор шампони, околу 65 денари, многу убаво фаќа бојата и трае до 7-8 одмивања, а се одмива постепено, не одеднаш. ОК се за тие пари.