^^Да не те излажам, не знам. Јас имав две три бели влакна, и ми ги покри, но секако мене и не ми се гледаа нешто многу. Ама тоа моето не е ништо во споредба со твоето. Мислам дека за прекривање на бели влакна е потребно мешање од повеќе нијанси, и тоа од поквалитетни фарби, па можеш да одиш на фризер. Колку што гледам јас, белите влакна што ги има мајка ми не и се покриени после фарбање дома со една фарба, а на фризер е друга приказна - како никогаш да немала бели влакна.
Немам користено колор шампон ама сакам да пробам, имам темно кафеава боја на косата и сакам да става посветло кафеав колор шампон ај ако знае некој од искуство нека пише дали ке ми осветли или ке излези некоја боја чкл да не речам.
^^ Мислам дека воопшто нема ни да фати. Темно кафеава боја на коса имам и јас, пробав некоја нијанса посветла ама немаше промена.
Вчера една другарка проба со црвен ама баш црвен колор шампон . Има црна коса и го остави 25 мин , можда повеќе и ич не и фати . На краевите малку ама не црвена нијанса него само посветло малку . Чаре - фарба
Фала, џабе ке се мачев. Прочитав дека ти имаш користено црвен колор шампон, значи тој и мене ке ми фати, можи да ми кажиш од прилика каква нијана на црвено излегва.
Вака нешто мене ми излезе, само што имаш разни нијанси на црвен колор шампон, мојата мислам дека беше вино црвена. А ако користиш Колор енд шајн, мислам дека ќе фати и плавата, само што потешко паѓа бојата.
Се офарбав плава од темно кафена и сега сум ко лимон во главата,веќе 3 пати во рок од 1 недела се фарбам и сега планирам да земам колор шампон.Сакам да ми излезе светло руса,не оваква жолта ко лимон .Има ли шанси некој да фати и кој ми предлагате да го земам ?
Сакам да прашам колку време трае бојата? Ем јас имам светла коса а ми збореа дека ако на светла коса ставам колор шампон ептен тешко ќе ми се извадело
Јас имам темно кафеава и има еден месец кај шо се кандисвам да се напрам со црвен колор шампон, и некни бев на стрижење и на фризерката му кажав и ме испишмани ми рече немало така лесно да ми падни а баш ми се прај ќеф, ај некој шо се има со црвен праено еднаш и после колку време му падна од прилика нека каже, оти јас сакам еднаш колку да ми помини кефот.
Јас имам ставено црвен колор шампон пред неколку години и лесно си падна после неколку миења паѓа така да ако ти е ќеф ич да не се двоумиш да си ставиш ќе падни. И дали знаете женски дали постои црна боја колор шампон?
И јас имам ставено црвен колор шампон. Но не можев да најдам на Palette или некоја друга поквалитетна фирма, најдов само еден од 50 денари и не ми фати многу но сепак се познаваше нијанса. Е сега пишува на кесичката да го држиш на косата 15мин и ќе ти излезе побрзо на некои 3-4 миења или 45мин и излегува на некои 8-9 миења, барем јас тоа шо го купив така пишуваше. Сега планирам пак да си купам но на Palette, се надевам дека повеќе ќе ми фати бојата
Јас го пробав на Palette color&shine, без амонијак. Мајка ми го купила за 100 и нешто денари. Нијансата што ја ставив беше бадем-гламурозно, а мене косата ми е кафеава. Воглавно, задоволна сум од резултатот, испадна нијанса посветла од мојата, многу сјајна и убава. Така да , тие што не сте за многу драстична промена, слободно пробајте го.
Jас одамна сакам да си ставам колор шампон, ама мајка ми не ми дава. Вика ќе ми ја упропастело косата и ќе ми се сменела бојата на косата. Стварно? Имам мноогу светло смеѓа коса, со плави праменчиња. Има плав колор шампон? Сакам да знам дали ќе ми фати.. Ако веќе ја убедам мајка ми, ама чисто се сомневам.
Колор шампонот нема да ја оштети косата како фарбата. Затоа е и шампон, кој паѓа после одреден број на миења, овој од Palette после 28 миења (6-8 недели). За фаќање мислам дека ќе фати, а имаш и многу нијанси од кои можеш да си бираш.
Јас до сега не сум пробала колор шампон, но убаво ви текна на темава може и да пробам да ставам веќе ми здосади оваа плава боја, а и природната ми е плава, ама не како сега ми е бела плава.
Добро што ја најдов темава. Со сестра ми веќе подолго време сме во потрага по колор шампон но никаде не сме виделе. Дури барав по големите маркети како Тинекс и Веро но попусто. Или ми е слаб видот или баш тогаш ги потрошиле. Инаку порано користев на 2-3 пати црвен колор шампон и искрено задоволна сум од јачината. На почетокот бев скептик мислев дека е жива глупост но сега ми делува како совршена шанса да си ја најдам бојата која највеќе ми одговара. Сакам да пробам мед или лешник боја (моментално имам црна-природна коса) но пред да ризикувам со фарба па да се утнам сакам да пробам со колор шампон. Ако имате сознание каде можам да најдам плис хелп
Ја имам еднаш косата бојадисано со колор шампон. Имам светло кафеава коса, а се офарбав црвена. Го купив од зелено пазарче, бидејќи неможев нигде на друго место да најдам, мислам дека 120 денари беше. Ми се допадна како ми испадна бојата, ми стоеше околу 1 ипол недела она јако црвена, а целосно ја снема за 1 месец. Иако после уште 1 месец имав некои нијанси на врвовите црвено-розевкасти