Јас пчанирам наскоро да пробам или црвена или онаа виснка на виолетова шо потсеќа..Ќе испаден убава на мојта коса(кафена имам,по темна,дури како со сива нијасна)?
Јас имам видено таков колор шампон, го нема секаде го видов кога шетав низ ск во гтц во парфимерија. Мислам дека го има во подобро снабдени парфимерии.
Jaс да ве прашам нешто. Може звучи глупаво, али ми е страв да не утнам работа, прилично добро ми оди тој дел. Сакам да ставам колор шампон, нормално боја складна со мојата моментална, за да ја освежам колку толку, ме интересира да не ми се направи премногу шаренолика после некој ден/недела? Па да се двојат нијансите и да изигравам папагалче?
Јас не ти препорачувам да си играш со колор шампоните. А не посебно со деликатна нијанса на боја како твојата. Имаат навидум лесно име - демек колор шампон, ахам, после неколку миења ама може да те зафркнат јако. Јас се имам изгорено со еден црвен, па цела година ја опоравував косата да изгубам несакајќи портокалов сјај што добив. Имаш преубава нијанса постигнато, и ти препорачувам да си продолжиш само со фарби, и да си ја негуваш со балсами/маски за фарбана коса. А тоа што веќе фарбите не се тоа што беа, не се, и за жал со ништо не можеме да им го продолжиме сјајот и интезивноста на бојата после неколку миења.
Имам неколку прашања. 1.Дали може да се фати колор шампон на смеѓа коса? 2. Колку трае бојата и кога паѓа како е? Да не бидам шарена цела. 3. Дали ја оштетува косата повеќе од фарба ? 4.Како да си ја вратам после природната боја на коса ?
Зависи каква боја сакаш да добиеш. Посветла од твојата не верувам дека ќе фати. За да не бидеш шарена ќе земиш 2-3 пакетчиња. Зависи од тоа колку често ја мијаш косата паѓа и бојата. Ако почесто ја миеш косата за околу 2-3 недели ќе ти падни бојата. Не ја оштетува косата. Со миење паѓа бојата што значи пак ќе си ја добиеш природната боја само можно е некој сјај да ти остани зависи од тоа каков шампон ќе ставиш т.е каква боја. Пример ако пробаш со црвен колор шампон можно е да ти остани некој црвенкаст сјај. Ова само за пример ти го посочив.
Јас користев колор шампони од Марион.Ја боев црвено косата одредено време,и откако ми здосади,реков веќе не ставам,и сакав да си ја вратам природната боја..Верувајте дека не можам никако.Имав многу убава кафеава коса,сега има портокалов отсјај,далеку е посветла,шарена..Сега ќе си ставам кафеава фарба,само да не шетам ваква шарена..Катастрофа ..
^^ После 3-4 миенја секако излегува,ама може да ти остане сјај на косата во зависност каква е бојата на шампонот што ќе си го носиш уште дооолго време.
Една моја другарка си ги направи вршките со степ.И стоеше околку 4-5 месеци..ме зачуди како може да и стое толку време од степ. Па ако сакаш по долго да ти стое,направи се со степ,ако мислиш дека ќе се предомислиш,поарно не прави.
Мене веќе 1 год. ми стои (од летото) Веќе ми е избледено, ама има сјај Како се прави: Зовриваш вода, кога ќе ја извадиш од рингла, ставаш 1-2 кесички степ (зависи колку сакаш да е впечатлива бојата) и потоа по 10 мин. го држиш секој прамен во неа. Малце топло е и тешко ама се исплати (барем на мене). *Работете на свој ризик *
Бојата на косата ми е природно нешто ваква Ќе ми се осветли ли барем малку ако ставам најсветол плав колор шампон? Спојлер Ваков
Нема да ти се осветли, може само да добиеш сјај и толку. Темна ти е основата за да може да се осветли само со колор шампон, кој патем нема толкава моќ како фарбите.
Имам кафеава темно коса, сакам да добијам уште потемна, и имам среден тен, ни многу бела ни ептен црна,имам црни веѓи, би ми стоело ли потемна коса од кафеава, и по колку време излага колор шампонот?
Да,бојата паѓа по неколку миења и не е воопшто штетен, можеш црна да се офарбаш.Доколку те личи со црна,сепак ти најдобро си знаеш