Од секогаш сум сакала плава коса, ама бидејќи сум мала, сакам да пробам со колор шампон. Колку ќе можам да ја осветлам? Еве слика од мојата коса
Ќе ја осветлиш вака како на сликата.Но јас би ти препорачала да не ја чепкаш,убава ти е бидејќи другарка ми има могу слична коса како тебе,односно имаше Се напрај со колор шампон и не и се вади само со сечење Ова е едно искуство,другите што мислат..?
Шпагета, и јас ти препорачувам да не ја чепкаш. Преубава коса имаш. Една моја дргарка имаше плава коса и со колор шампон се направи црвена. Премногу брзо и падна бојата и на ништо не и личеше после косата, баш на сонце премногу и се познаваше,негде плава негде црвена, а и малце и се оштети.
Јас да заврше школската година и сите бои ќе ги испробам (само црна може не оти мислам дека нема да ми стои).Прв на листата ми е тој од палете црвениот granat-red шо е...Косата ми кафена со некоја сивкаста нијанса.Пусти мерак за црвена Мислите дека ќе фати? Должината ми е 3 прсти под рамена.Две пакетчиња таман ќе бидат или многу?
Имам темно кафена коса и сакам да добијам посветла кафена нијанса со колор шампон? Дали треба да земам колор со посветла нијанса од мојава боја или плав колор?
Џабе ќе се трудиш ич нема да ти фати .Ако сакаш нешто ефикасно и без оштетување купи фарба од гарниер Olia.Незнам зошто воопшто ги произведуваат плавиве колор шампони
Еве сум јас пак на темава .Значи пробав со оној Палете инстант колор шо е.Само таков има овде .Сега одиме во продавница и јас одма за црвената и мајка ми нема шанси,па ќе почнеме да се караме таму и вика плава може.И океј плава земаме онаа Sunshine gold и ај пробав само на еден прамен и не фати абе како да не сум ставила.И денеска викам ќе го дотурам па шо сака нека биде.И фино лепо се измив си поседив пола саат и гледам фатила.Рекацијата- .Ама пишуваше дека за средо долга коса или долга треба да се земат 2 пакетчиња.Следниот пат ќе земам па ќе видиме
Ќе може да ми кажеш каква боја на коса имаше пред да го ставиш колор шампонот и дали ти фати баш убаво плаво ?
Имав кафена,потемна(ама не ептен) со некоја сивкаста нијасна.Само и даде посветла нијанса оти јас требаше да ставам 2 пакетчиња ама кај шишките најмногу ми се познава.Не е како на сликата ама пак се познава дека е плаво.Нешто посветло од dirty blonde
Од светлото можеби испаднала посветла на сликата, ама не ми е плава . Инаку, сега ставив колор шампон па ќе видиме
Имам темно кафеава коса прво испбробав црн колор шампон во кесички е не се сеќавам што марка беше, во кесичка со залепено на него ракавици околу 60 денари беше и да ви кажам не сум задоволна ако се запотам летно време или ако заврне дожд ми остава темни траги на облеката пушта боја. После по година дена се прелажав користев како мојата боја малку посветла ама не фаќа не сетив разлика во бојата...
Баш сега пробав плав колор шампон. Во парфемиријата ми рекоа дека ќе ми даде само сјај и можеби ептен малце ќе ја осветли. Ќе пишам повторно што сум направила. Повеќе ми е за сјајот отколку за бојата, бидејќи на мојата сува коса итно и е потребен сјај. Едит:И даде малце сјај а и ја осветли малце. Врвовите не ми се воопшто осветлени ама корените ми се многу повеќе. Добро сега кај мене и онака ми беа светли корените па поради тоа бојата фати и сега се уште посветли.Промената не е многу видлива, но сепак задоволна сум.
Пишав пред некое време дека сакам да се фарбам, но моите не ми дозволија.Но за колор шампон мајка ми дозволи и денес ја направив косава со црвена боја која излезе супер, ама за жал не се приметува многу, само некој сјај. И не излезе баш црвена туку повеќе накај портокалова, исто како што сакав. Можеби требаше да ставам две ќесички, со оглед на тоа што косата ми е навистина густа и прилично долга, но не е важно, за две-три недели пак ќе ставам.
Јас сакам да се направам црвена..Ама темно црвенка Имам кафена коса, не многу темна..Дали ќе фати? И да, како се нанесува колор шампонот? Подетална информација.. ?