На другарка ми за 1 недела и падна бојата. Ја направи со колор шампон, не и се допадна, и ја миеше косата секој ден и за 1 недела и падна. Па не би требало да ја оштетува многу. Пак ја оштетува, има секакви хемикали во неа, но не е толку штетен како фарбата.
Колор шампонот, барем според мене, е само за да ја освежи веќе постоечката боја и да не мора од ново да се фарба туку само да ја освежи веќе постоечката боја. Не може да се промени бојата на косата само со колор шампон. Тоа е случај само со црвениот, виолетовиот и можеби темните нијанси користени на многу светла коса.
Има Стои од 5-7 миења(јас тој што го користам). Не ја оштетува. Епа не требало да ја мие секој ден бидејќи со миењето паѓа бојата.
Јас ставав 2-3 пати колор шампон, зависи колку често ќе ја миеш косата, јас пошто не ми се многу мрси во неделата ја мијам по 1-2 , црвена ставав и кога ја испеглав ауфф како изгледав на сите им се допадна и ми викаат пак да ставам сеа во септември ќе ставам пак црвена. Ми испаѓа убаво бидејќи косата ми е шатирана и на бело(плаво) повеќе се фаќа, инаку имам темно кафеава коса.
Има ама ќе треба да се бланшираш за да ти фати таква боја, а на бланширана коса колор шампонот стои 2-3 миења. Нема поента. Ако ставиш на небланширано ќе добиеш (пример) од светло сина, некоја многу темна сина што нема ниту да се забележува особено ако природната боја коса е темна.
Каде има? Природната боја на коса ми е светла, а моментално скоро пола коса ми е бланширана, таман за експериментирање.
Незнам да ти кажам каде точно има, но овие колор шампони ги имам користено на бланширана коса и се стварно одлични. А ако не можеш да најдиш колор шампон направи си прелив за коса. Колку што знам ревлон има такви јаки бои а можеби имаат и другите.
Луѓе дајте некој предлог за колор шампон што би можел да се фати на мојата темно кафена накај црна коса Пробав со еден црвен ама воопшто не се познаваше
И јас пробав пред некој ден,имам платинесто плава коса и сакав да ја осветлам,ама не ми фати ич сосем малку долу на врвовите,ама не се забележува..
Прашање за една другарка: Денес стави кoлoр шaмпoн посветла нијанса, а таа има костенлива боја на коса и не и фати, испадна потемна бојата од нејзинава, а шампонот е 2-3 нијанси посветла од нејзината. Зoштo не и фaтил, рoкoт нa трaење е дo 2016? Дали на некоја од вас истово и се има случено и дaли мoже да препорачате некој квалитетен за дa се дoбие светлoкaфенa бoјa нa кoсa oд кaфенa (пo мoжнoст уште oд првo стaвaње)?
Со фарба не може 2-3 нијанси да се осветли како што треба, а не пак со колор шампон. Не знам што запнале сите со колор шампон. Ако ви се прават промени обидете се со фарба. Ако ви е страв од оштетување: сигурно нема да ја оштетите повеќе отколку кога ја пеглате со пегла, виткате со фигаро и сушите со фен. Башка, ако пишува колор шампон не значи дека во него нема хемикалии. Ако е способен да офарба бели влакна, тогаш сигурно има хемикалии. Со фарбата барем ќе завршите работа, со колор шампон само залудно се малтретирате низ истиот процес како со фарба. Само што со колор шампон почесто завршува неуспешно.
Имам светло кафена коса со руси прамени (не ми е шатирана). Бидејќи мајка ми не ми дава да ја фарбам, сакам да пробам со колор шампон. Сакам да ја осветлам, меѓутоа да не ми биде жолта туку некако темно руса. Не знам дали ќе успеам, но би сакала да се обидам. Мислите има шанси вака да ми испадне? И кој е најдобар колор шампон?