се свртив на кна пошто е без хидрогениа мене многу ми паѓаше,и многу ми ослабе и затоа сега ми е страв од класична фарба
Јас неколку пати ставав црвен колор шампон, а сега сакам да променам и да ставам кафеав. Но имам едно прашање до вас, дали мислите дека колор шампонот моџе да ја оштети косата?
девојки да ве прашам косата ми е омбре мојата природна и врвовите плава, сакам со колошампон црна да ја праам пошо ептен нејкам со фарба да ја унисхтам и онак аомбрето со бланж го праев, и сеа дали има црн колошампон дали ќе фати од рпилика кај вас како излегло, читнав нешто као „еднашка го фатив и коренот“ што има врска коренот не треба да се допре ?
Другарка на сестра ми го ставила овој наа веке фарбана црвена коса и ем и испадна бојата ем и траеше неколку недели. И башка ко што видов на нивната страна има доста нијанси на розево, само не знам дали сите ги има и во дм, зошто од таму е купен
Ставив ваков колор шампон и ИЧ не ми фати. ИНаку имам смеѓа коса и стварно не знам зошто бар малку нема ниту виолетов сјај. Некој да имал слично искуство?
Сакам да пробам малце со колор шампон да ја осветлам косата инаку имам плава коса сакам да ја осветлам како Ирмак од Милост
Имам темно кафена коса,дали ќе ми фати црн колор ? ама сакам скрос црна,без некој чудни сјајој што маваат на друга боја. Да не излезам лилјакова
На втората слика е мојата коса, никогаш не сум ја фарбала. Е сега дали црвениот колор шампон од првата слика би фатил на мојата коса?
Не знам за тебе @moon1 ,но јас со друг шампон на палете тој,пробав на мојата коса(скоро идентична на твојата),и на крајот останав само со црвеникав отсјај...не изгледаше убаво
Да ти кажам право, ретко кој фаќа. Јас имам пробувано, и последен пат земав еден од ДМ, јас кафена коса тоа црно, ништо не направи. Мене само со еден ми успеа, и тоа во пластично тубиче а не во најлонче, ама не знам како се вика одааамна беше пред 3-4 години. Јас би ти рекла или деми/семи перманентна фарба да ставиш или прелив да направиш. Инаку не знам каква боја имаш сега и каква сакаш да добиеш?
Имам светло кафеава со плави прамени шатирани и сакам црвен колор шампон да ставам. Се мислам да направам промена, но не сум сигурна дали ке ми се допадне, па сакав да пробам прво со колор шампон. Бидејќи основата ми е светла, би требало да фати. Инаку не сакам џиш црвена, туку по темна ( мислам дека махагони ја викаат таа нијанса). Инаку не сум запознаена со тие перманентни фарби, можеш да ми објасниш? Ти благодарам
Дали има медова боја колор шампон? И некој поубав шо поубо ќе фаќа, тој розевиот од Мун шо го има поставено, кај мене не фати Некоја друга Марка?
Не знам ни јас точно кои се, ама знам дека тие што не се трајни паѓаат повеќе и побрзо (другарка се фарбаше некоја виолетова боја, и за неколку месеци и падна ама сепак не целосно уште има некој примеси од бојата), ама мене не ми се допаѓа толку процесот додека падне фарбата зошто косата не изгледа баш убаво т.е. пола фарбана пола не, пола кафена пола виолетова. А и ти ако имаш плави прамени мислам дека ќе се шеташ шарена. Јас секогаш сум ЗА фарбање и би ти рекла фарбај се. АМА.. црвената е малце потешка боја, јас се имав фарбано една година црвена и тоа посветла, и кога се офарбав после тоа кафеава си го имав црвениот сјај. Мене и не ми сметаше толку ама може на некој ќе му смета. А тоа сјајот освен бланш или деколоратор ништо не го вади. Ако сакаш да ризикуваш зошто да не. Јас одам по мотото коса е ќе порасне, ама секој за себе си знае Офф, сакав да бидам од помош ама повеќе ти одмогнав изгледа. Ако знае некој друг нека ти кажува колор шампон, само не оној МАРИОН од ДМ.