Здраво девојки, Јас се фарбам црвена веќе неколку месеци, ама па во последно многу брзо паѓа, и нејќам да ја горам со фарби на секој 2-3 недели мислам многу е Пошто одамна немам купувано колор шампон каде можи да има? Во Веро? Во парфимерии? Во аптека? Каде да барам одамна немам видено по продавниците
И јас сум црвена, и планирам колор да користам за цела коса.Многу е тешка за одржување . Може да најдеш во парфимерии, во поголемиве маркети имам купувано. Која фарба ја користиш?
Мојата коса е кафена и сакам да пробам колор шампон со црна боја, меѓутоа прашањето ми е колку време бојата ќе стои на мене, т.е после колку миења ќе ја снема?
Не стои многу, една до две недели. Се сетив на нешто од моето детство со темава, сакав мојата кафеава коса да ја направам црвена со колор шампон. И погодете што? Две, три недели се шетав како манџа во косата. Ужас
Купив еднаш кога носев нешто слично на омбре, балајаж...фијаско. Го држев скоро цел саат, целта ми беше да пробам да не ги третирам врвовите со фарба, да пробам со колор шампонов само да ја освежувам бојата да биде баш плава а не жолтеникава,затоа што таква се прави после извесно време...не бре, ништо. Можеби не фаќа на третирани врвови, оштетени врвови, тогаш ептен ми беше оштетена косата од бланш, не знам што беше работата.
Има некој искуство со овој колор шампон за колку миења паѓа бојата? Денес ми е 4то миење и само е избледена бојата, освен на коренот каде што ми беше најсветла плава е најмногу падната и се познава плавата боја. Ме фаќа паника дека нема да падне
масло и тоалетна хартија јас сум се чистела со ацетон затоа пред ставање на такви некои работи се мачкам со крема па се фарбам
Да не те разочарувам, ама црвената боја многу тешко паѓа, без разлика дали е фарба или колор шампон. И да се исфарбаш сега со фарба, пак уште долго косата ќе ти има црвен сјај.
и јас сакам да се фарбам со овој колор шампон, имам темно кафена коса природна но сега сум плава редовно бланширана и фарбана на 20 дена, со оглед на тоа ми е многу изгорена, сакам да се исфарбам со кафеав колор шампон и да не ја фарбам веќе, зошто сега ја пуштив да ми расте но не изгледа убаво па мислев коренот да си го оставам темно кафен скоро црн а да ставам кафев колор шампон и да ја оставам така барем нема да биде долку очигледна разликата, што мислите ќе фати ли убаво со оглед на тоа дека имам многу бланш на мене ?