Купив црвен шампон држев 20мин на косата...иии иам неколку кафени прамении дали да ја направам со кнаа пак.или со степче ми е страв да не ја оштетам пошто дека ставав колпр шампон нели.. совеет заникаде сум кај црно кај кафено па црвено
Hey girls! Сакав да ве прашам дали е можно нијансата Medium Brown солидно да се офарба во црвена нијанса со користење на црвен Color Shampoo?
Ќе имаш само некој лош сјај на сонце што после нема да можеш да го тргнеш ни со фарба. Од мое искуство, црвената боја мнооогу тешко се вади, посебно нејзиниот сјај кој по неколку миењеа станува портокалов. Јас би те советувала да не експериментираш.
@CameliaMiller Провери во Александар козметик, низ соседството имаа доста шампони и преливи со вакви пастелни бои, можно е и кај нас да ги имаат. Исто пребарај за брендот Inebrya, имаат Фб страна и контакт, а и доста фризерски салони ги имаат шампоните, може да држат и вакви шампони/преливи или да ти набават од дистрибутерите.
Се сложувам, со Аvery. Јас се имам фарбано 2 пати (по неколку месеци) црвено, со колор шампон почнав, и се познаваше црвено само на сонце, после се фарбав со фарби да стигнам до убава боја. И нормално, ми здосади после некое време, плус секој месец цела коса ја фарбав, со по 2 фарби, минимум 500 денари ми одеа. А да не зборам за колку си ја оштетив и колку брзо паѓа бојата (2 недели е убава, после ужас) И ајдееее, шишање, чекање да ми порасне мојата, бидејќи сјајот стварно не се покрива ни со кафеава фарба. И после пак јово на ново. Сума сумарум, не ми е жал, преубава си бев со црвена коса, ама многу време, пари и труд треба да вложиш ако сакаш да ти е убава константно. Кога ќе ми здосадеше од замарање, пак се префарбував кафена. Мислам дека сега нема да ми текне некое време да се враќам на црвенокоси. Заборавив, моето мото е: Коса е, ќе порасне! Така да, ако сакаш многу, офарбај се. Ама размисли за ова се што го пишав бидејќи напорно станува да се замараш секој месец за тоа.
Секако, ве разбирам и искрено веќе не мислам да ја фарбам косата црвена ... Многу ти благодарам што го сподели твоето искуство со мене, навистина не сум знаела колку мачно било ова, дури и со color shampoo.
Јас од црвена коса решив да имам бела, не мислам на руса, туку... бела, сребрена Патот на "вадење" на црвената боја е долг и макотрпен, постојат две опции: да чекаш да порасне, па да го шишаш црвеното или бланш. По пат секако претстои многу шишање, посебно со втората опција. За мене црвената е најтешка боја за одржување, затоа што за да биде убава, сјајна, бара често фарбање на цела коса, ама да решиш дури и црна да се префарбаш, пак ќе имаш црвен отсјај. Лично, си се допаѓав со црвена коса, но кога ми здосади... the struggle was real И јас викам - коса е, ќе порасне, па затоа цел живот експериментирам. Ако ти е баш ќеиф офарбај ја, само спреми се дека ако ти здосади ќе ти требаат пари и нерви
На една колешка од факултет, косата и е природно темно кафена кон црна ама ја бланшираше косата и сега постојано и е или руса или светло кафеава. Кога сакаше да ја фарба сребрена, како што ти сакаше, фризерката и рекла дека не може бидејќи косата би почнала да и паѓа по прамени од што е до толкав степен оштетена Инаку, јас досега никогаш не сум ја фарбала косата и истава колешка ми рече дека еднаш пробала со к'на да ја фарба косата црвена и и успеало...
Ама од к'на... знаеш дека нема назад, нели? Ако тој што ја бланширал не знаел што прави... ќе и паѓа. Кај мене процесот трае(ше) скоро 2 години. Секако ми е оштетена, ама во некоја очекувана, нетрагична мера.
А дали воопшто функционира некој со нијанса Medium Brown да ја офарба косата со к'на, односно да се фати бојата и колку долго тоа би траело?
Мислам дека ќе добиеш црвен сјај, не нешто црвена коса. Би траело засекогаш, додека не го ишишаш делот со к'на. Кај к'ната нема после пу-пу не важи. Ако е за прв пат и за експеримент, јас не би. Зошто ни бланш од к'на не спасува после