starfish дали пак ти се врати природната боја на коса и после колку миења? иначе јас имам светло кафеава коса со посветли прамени и имам пробано колор шампон за плава коса...ама воопшто не ми фати...дури се смена за нијанса кон портокалево во последно ме фати мерак за црна или кафеава... иако сепак мислам дека плава најмногу ми одговара... само си ја сакам и мојата природна боја и ми е страв да не не се врати во нормала од ко ке падни бојата btw прв пат од вас слушам дека Palette color&shine е колор шампон ,а не фарба
A дали некоја од вас има користено спреј за бојадисување на коса сакам да пробам ама не знам дали ке ми успее бидејки имам темно кафеаава коса а сакам да ја направам плава а ми треба само за една вечер
Ми се врати бојата по еден месец. И јас пак си ставив од истата боја Како што кажав претходно, оваа боја ми даде убав сјај на косата, така посветла малку, но многу сјајна. Ептен бев задоволна, па после еден месец од кога ми падна, пак си ја направив со истата боја.
Јас со двете се имам правено. Ама мислам дека Палете е поубава. Баш и јас таква плава имав ставено врз црвеното... многу убаво излезе. А од Гарниер трае подолго и ми остана дури мене, не ми е скроз вратена природната боја.
Имам темнокафеава коса а сакам да ми искочи лешник боја.Дали е возможно или џабе да не ни пробувам?? И според вас што е подобро Палете или Гарнир??
јас имам кафеава коса..а сакам да си ја напраам црвена..дали би можеле да ми препорачате некој добар колор шампон..пошо нејкам одма со фарба..незнам како би ми стоело
Оф леле, дури сега гледам дека си ме прашала. Јас на Палете ја користам, и тоа баш нијансата што е на сликата - Бадемаст сјај. На кафеавата моја коса, доаѓа како освежување, дава сјај кој е изразито јак на дневна светлина, и нешто посветла нијанса. Ми паѓа после 3 ипол до 4 недели.
Последните неколку пати ставав к`на бидејќи ми опаѓаше косата, ама сега ми е стабилизирана и се мислам да ставам од тие фарбите без амонијак или колор шампон како што го викате, ама некако не сум сигурна колку е, т.е. не е штетен за косата. Се плашам пак да не ми паѓа Вие што мислите?
Сеси и ти кафеава к`на имаш така ? Епа не ми требало да е проблем, стави си колор шампон не е штетен за косата. А каква нијанса сакаш, ако ти е како мојата моментална боја косата тешко ќе ти фати Ај чекај да се сликнеме двете со убавите косички за утеха барем, па после и двете ќе се трудиме да ја оправиме работата
Карина, ме пресмеа за сликањето Јас сакам некоја лешник нијанса, што знам до Понеделник дефинитивно ќе се исфарбам, ме фатија будалите Е сега се двоумам кој е подобар од овие 2- Палете или Гарние ? Ениуан
Според тоа што јас го имам слушано Гарние, ама штознам најубаво прашај си паталец што и двата ги има испробано. Абе како се погоди ова јас во недела си закажав за фарбање, значи крај утре пред ''чинот'' мора да се сликнеме овој убав момент мора да се овековечи Абе проблемот кај мене е што ептен на црвено мава, јас сакав кафеаво а не вака
Епа не ти била оригинална к`ната, инаку јас кога ставив кафена ми беше кафена , а има едни копии и која нијанса да ја ставиш на црвено мава Ма јас не се замарам, досадно ми е да имам цело време иста нијанса, јас дури ги мешам к`ните, кафена со костенлива и сл Ама сега ќе ставам колор шампон, дефинитивно
Јас би го одбрала колор шампон на Гарние, задоволна сум од нив, а два-три пати сум ставала. Немам пробано од Палет, ама кога експериментирав со фарбите, Гарние ми беа подобри отколку на Палет. Со Палет не можев ни коса да си исчешлам, ми беше сува, никаква, наелектризирана. Ама тоа можеби е до мојата коса, имам тенко, право влакно кое се витка кај ќе му текне особено на врвовите
Ана, охридско душе , штом ти велиш Гарние- готово ставам Гарние А инаку и мене ми е тенко влакното и ми се витка Јас кога ставав фарба Палет, многу бргу ми паѓаше, па затоа ја сменив
Garnier !! Јас си ставив пред неколку дена и косата е мека и сјајна и преубаво мириса А Сеси во упатството пишуваше да не се става ако претходно си имала к'на...
Ставив Гарние и убаво ми испадна, потемно од што очекував ама тоа е Нејтири, фризерката рече дека е ок, а патем падната ми беше веќе к`ната Сега ќе видам дали пак ќе почне да ми паѓа, страв ми е Карина, ти што направи?
Абе тој што си земал кна со црвен сјај,ако пишувала кафена,тој си земал оригинал.Оние кни шо го викаат,а ги има во повеќе нијанси,па кафената излегува баш кафена,тие не се оригинални и се некоја хемија. Кната се прави од дрво и задолжително е црвена или ако е кафена,тоа е само заради дополнителна боичка малце што ставиле во прашокот,а остатокот е вистинската кна,па затоа конечниот резултат е црвеникав сјај.Таа е многу поздрава за косата. Јас се мислам дали да ја осветлувам косата сега...ама после ќе има плачење чувствувам.Ама ај на тема за фарби ќе продолжам.