1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колор шампон

Дискусија во 'Коса' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    какви колор шампони има во ДМ? и цена?
     
  2. Kitty23

    Kitty23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Имам смеѓа коса и сакам да пробам со плав колор шампон да ја осветлам(не сина) ама да добијам ладна боја, само страв ми е дека имам сува коса дали ја оштетува?
     
  3. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Имам црна коса , но сакам да ја пуштам мојата природна. Дали со колор шампон може да се осветли нијанса само?
     
  4. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    Женски со колор шампоните нема да можете да добиете посветла коса од вашата во никој случај, можете само потемна. Барем мене не ми успеало никогаш. Зборувам за колор шампоните во вакво пакување:
    s-l300.jpg

    Можеби би ја осветлиле косата со колор шампоните што се во пакување како фарба, односно тие што не содржат амонијак. На првата страница има пишувано @Annath за Garnier, Color & Shine, ако ги има сеуште во продажба.

    @fificaaa, нема да можеш да ја осветлиш со колор шампон, особено не црната коса. Зошто црната боја на коса понекогаш тешко се ваѓа и со бланш, а не па со колор шампон. Според мене, најдобро ќе биде да ја исфарбаш во нијанса приближно како твојата природна боја, да ја потскратиш и да е оставиш да расте. И да дели во коренот кога ќе расте, ќе имаш омбре. И јас на истиов начин ја враќав мојата природна боја, па последниот дел од омбрето го исфрлив (потшишав) пред неколку месеци. :)
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Ги пробала ли некоја овие?
    [​IMG]
    Ми фати око онаа карамел нијанса.
    Во ДМ се 329 денари, веројатно ќе има за многу употреби па се прашувам дали сега е моментот да шлакнам некоја розе боја, :rofl: ама ми треба информација од некоја што го користела, да не дадам 300 денари па да ми стои за украс.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    А фаќаат само на бланш светливе? Мене ми е цела коса светла, ама немам секаде бланш :)
     
  7. Glorcheto

    Glorcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Имам светло кафена коса а сакам да ставам колор шампон светло плава, па незнам дали ке фати бојата, и плус дека ми е многу долга а ова сепак е само една кесичка :) Може совеет4е
     
  8. Kitty23

    Kitty23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    јас имав смеѓа и пробав со колор шампон на викторија да ја осветлам ама ништо не излезе, мислам дека ретко осветлува од колор шампон
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Револушн извадија нови производи, на I Heart Revolution, пасти, шампони, и семи-перманент бои :)
    Ќе се нарачува ова :)

    Сега колку што сфатив јас од нивните описи и видеа, пастите се за еднократна употреба и се нешто како гел во боја, не знам колку е ова практично за пуштена коса, ама за пунџи и плетенки би било одично, посебно зошто може да се експериментира со некои полуди бои :) Прават разлика и во времетраењето, па според Револушн, пастите траат до првото миење, шампониве 1-3 миења (односно од прилика 1 недела), и семи-перманент боите 8-12 миења.
    https://www.revolutionbeauty.com/SearchResults.aspx?Search=rainbow paste&BrandIDs=5

    [​IMG]

    После се шампоните, кои тие ги викаат “rainbow shots“, но се комбинација на шампон и регенератор :)
    https://www.revolutionbeauty.com/SearchResults.aspx?Search=rainbow shots&BrandIDs=5
    [​IMG]

    И на крај се семи-перманент боите, кои највеќе ми го привлекоа вниманието :)
    https://www.revolutionbeauty.com/SearchResults.aspx?Search=rainbow tones&BrandIDs=5
    [​IMG]




    Мене ми е познато од сопствено искуство и коса, дека реално најдобро сите овие фаќаат на бланширана коса. Дури на природно светло плава не фаќаат како на бланш. За сите бланширани, ова ни е тоа :)

    Сега, лично не би го земала шампонот, бидејќи веќе имам шампон од кој сум презадоволна (Фанола). А ако баш сакам зелена плетенка, би ја купила пастата, ја носиш по потреба и ја миеш и тоа е тоа :)

    Од семи перманентниве би ја земала најтемната, односно Силвер Галакси, бидејќи темно сива ми е баш зимска боја на коса и веќе трета зима по ред така ќе терам :) До сега за тоа користев Ехотон голубје сива, ова веројатно исто ќе биде добро :)
    Силвер Енџел верувам дека ја посребренува малку, колку да не е жолта, нешто како силвер шампон кој трае подолго :)

    Исто од искуство, ако некој сака сина или зелена коса, нека не купува семи перманентна боја :)
    Од причина што со таква боја, не можев со месеци да го измијам синото, на крај ме бланшираа малку колку да се сузбие до крај. Што секако не е баш фино за косата.
    Ако не сте сигурни дека сакате подолго да бидете сини, немојте семи перманентна. Пробајте со шампонов или пастата.
    Јас би одела со паста за баш такви екстреми :)


    И Револушн, генерално, шампоните и семиперманентните бои не ги рекламираат за темна коса. За природно темна, може и ќе има некој отсјај, но ако имате фарбана црна или темно кафеава... тешко.
    Пастите на секоја коса “фаќаат“, бидејќи се површински, густи, не се плакнат, но имајте на ум дека имаат поцврста текстура.

    На сликава подоле се прикажани очекувани резултати од семи перманент боите на темна (природна) коса.
    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  10. A N A

    A N A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво дали некој знај колку пари се колор шампоните и кај ги има кај се продаваат фала многу бидете поздравени
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Тој што јас го користам за осветлување на плава коса, Фанола, е 1500 денари (зависи кој фризер колку го продава). Но големо е шишето, 1л. и мене многу долго ми трае бидејќи не го користам за секое бањање.

    Искрено ти го препорачувам, од ниту еден друг не сум имала резултати.
    Овие на Авон и Балеа буквално ништо не прават.
     
    На A N A му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Го имаш ли пробано овој од Балеа што го постирав?
    Јас си го купив тој карамел, ми изгледа како најобичен шампон за неутрализирање жолтило ама не ми е пробан.

    Од Фанола сум презадоволна и јас, фаќа и на небојадисана коса.
    Мојата не е третирана, ама ми добива жолто-портокалови тонови со тек на време па морам да ставам нешто што ќе го неутрализира тој грд сјај.

    Се надевам дека не си ги дадов парите за џабе, ама ќе пишам.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Пред можеби 2 години го пробав тој на Балеа, буквално ништо не направи за мојава бланширана коса.

    Сега најпоследно го пробав ова
    SmartSelect_20181103-213049_Google.jpg

    Ми ја истонира косата, ама сепак не го добив тој резултат што го добивам со Ехотон и маска.

    Најисплатливо ми испаѓа секогаш Ехотон кога баш сакам сива, и Фанола за одржување. Фанолата е скапа реално кога ја купуваш, ама трае многу, и тоа што јас баш се трудам сива/сребрена да бидам. За неутрализирање само, веројатно вечност трае.

    Уште ова на Револушн да пробам ми остана :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Уште Ехотон немам шлапнато на коса.
    Иначе од обичните колор шампони најокеј ми е платинум блонд V63 од Victoria.
    59 денари е кесичка во ДМ.

    Не ми треба за ептен пепеласто руса, тоа знам дека нема шанси да фати на природна боја, туку само да ми го неутрализира жолто-портокаловиот сјај кој ми се јавува некогаш.

    Фанолата ми е ептен откритие, на фризер ми ставаат и навистина се гледа разлика. Ама дека често се шишам па не ми текнало да побарам да си купам.
    А периодов дали дека нема толку сонце, ептен ми е затемнета, па сакав да ја живнам малку и земав некој си од Балеа. :tmi:

    Ќе го шлакнам утре, па да видиме дал ќе има некаков ефект. Барем сјај да даде, чуда и онака не очекувам.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Ехотон не знам колку ќе фати ако не ти е природно баш плава :) На прамените кои ми се потемни ништо не фаќа, иако и тие се бланширани.
    Мене до сега Ехотонот ми испаднал најисплатлив, не се мие одма, трае :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Honey blonde ми е природната, кога ставам силвер колор шампон, некаде фаќа и платинасто малку.
    Ехотон не сум ставала и веројатно нема зашто добра работа ми врши Фанола засега, ама ми треба одвреме навреме некој бек ап.

    Го шлакнав утрово Балеата, не издржав. :tmi:
    Многу ми се допаѓа. Не е виолетов, кафеав е ама добро ги среди жолто-портокаловите прамени. Неутрализирана е бојата и немам зборови да опишам како мириса...фантазија. :inlove:

    На темна и нефарбана коса би немало ефект секако, на природни русокоси не би им ја сменил бојата воопшто, ама се добива сјајот и неутралниот тон.
    Ми се допаѓа многу, само да не ми го унакази скалпот да видиме. :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    55.503
    Пол:
    Женски
    Колор шампониве што се по 59 денари во дм не ја знам фирмата, дали ја оштетуваат косата? Имам сува коса, но сакам да пробам некоја боја, секако ако не би ми ја оштетило.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Не ја оштетуваат косата, ама не ни очекувај некој којзнае каков ефект. На нефарбана коса не фаќаат, ептен некој сјај ако ти даде, боја тешко.
     
  19. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    55.503
    Пол:
    Женски
    Јас не се фарбам, имам средно кафена повеќе накај темно нема да ми фати?
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека би фатила црвена да речеме, таа прва ми падна на памет. Би имала само некои прамени посветли со отсјај на црвено. Во суштина ќе се јави само црвеникав отсјај некаде.
    Руса исто, нема шанси, може само да даде ефект на маска за коса, ќе ти биде мека косата и миризлива. :lol:
    Со кафеаво-црните нијанси претпоставувам иста ќе биде ситуацијата, немам искуство со темни бои.

    Јас ставав платинест колор, го користев како неутрализатор за жолтило затоа што косата ми е склона кон тоа и супер си беше за таа намена, ама не добив ни прамени, ниту посветла нијанса. Само сјај. :)
    Нема толку јака хемикалија во колор шампоните за да ја сменат бојата.
    Шлакни некоја боја за проба, ако не боја, барем еден третман ќе си направиш, косата потоа е мноогу мека и мириса преубаво.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.