1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колор шампон

Дискусија во 'Коса' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Ова напишаново за Colornique на Балеа е? Оти сликата ја нема во претходниот пост. И како си задоволна после два месеци?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Да, за тој колор шампон е напишаното.
    Првиот пат немав никаква промена на бојата, само ми го неутрализираше портокалово-жолтиот отсјај и толку, супер си беше.
    Ама кога ставив втор пат по отприлика три недели, приметив дека косата ми доби некој карамела отсјај како на потемно, а не ми е таква природната боја, посветла ми е и од тогаш немам ставено пак.
    Не сакам да ми потемни косата дополнително па ставам само Фанола.

    Повеќе ми се допаѓаат колор шампоните што се во нијанса платинум блонд, исто ми делуваат како Фанола и многу поубаво ја освежуваат природната боја.
    Оваа испадна темна за мене, а по сликата баш мислев дека ќе ми одговара зашто бојата на коса ми е слична како таа на девојката од сликата, ама ете не испадна така.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Е да, бојата е некогаш тешко по слика да ја одредиш. Ама кажи ми, вака дали е ок, не суши коса, не предизвикува иритации и слично?
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Не, не, многу е нежен и не мириса воопшто на хемија.
    Јас имам осетлив скалп, ама штом не реагираше кај мене би требало да е во ред кај повеќето, претпоставувам. Ефектот на влакното е како да си имала ставено некоја маска, косата е мека.

    Многу е убав, ми се допадна, ама штета што немаат посветла нијанса. Тоа ќе беше супер. За оние со потемна боја на коса има поубав избор од оваа линија.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kutirana

    Kutirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    имам кафеава коса ниту светла ниту темна па сакав да прашам дали ке фати некоја боја како сина розава или виолетова,и после колку време се измива од коса?
     
  6. marvelous

    marvelous Нов член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    имам смеѓа коса летно време може да се нарече и плава ме интересира дали можам со колор шамшон да ја осветлам косата ? дали некој пробал вакво нешто ? исто така страв ми е случајно да не добијам портокалови нијанси слушнав се случувало и тоа
     
  7. Cute_girl14

    Cute_girl14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Мојата коса беше светло кафева. И ставив виолетов колор шампон и ми фати и постојано и ставам бидејќи многу ми се допаѓа така косата. А се одмива на еден месец.
     
  8. Ultimusa

    Ultimusa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Здраво, дали некој знае каде можам да го најдам овој колор шампон?
    [​IMG]
     
  9. Platoniclover15

    Platoniclover15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    58
    Дечки дали можеби некоја од вас користела колор шампон со ваква некоја боја ? Сакам вака да се фарбам ама ако има ваква нијанса колор шампон, би сакала прво да видам како ќе ми стои
     

    Прикачени фајлови:

  10. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Имам користено црвен колор шампон и ми излезе баш таква. Иначе мојата природна боја е кафеава. И да знаеш дека иако колор шампонпт паѓа со миење, сепак во најсветлите прамени останува црвен сјај, не толку приметлив но го има. Е сега дали и тебе ќе ти испадне како мене тпа не можам да ти го гарантирам, затоа што се' зависи од пигментот на влакното. Ни фризер не може да ти гарантира, а не па јас.
     
  11. Platoniclover15

    Platoniclover15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    58

    Да да , јасно , фала ти :) кој колор шампон го користеше ?
     
  12. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Мене колор шампонот ми ја прави косата никаква, кога ја мијам после него ми се гужва, се крути, се заплеткува. И последно кога ставив, три месеци ми требаа да си ја вратам во нормала. Сува башка ја прави ко метла. Првиот ден топ супер сјај, ама после катастрофа. Барем кај мене, Не би ставила повеќе.
     
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    download.jpeg
     
  14. Platoniclover15

    Platoniclover15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    58
  15. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Па има можеби 3 години откако се направив со колор шампон. Не знам какви марки сега нуди пазарот. Јас сум од Битола и го зедов од мало продавниче за козметика, кое денес повеќе не постои.
     
  16. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Каква е постапката за ставање на шампониве , по колку време се држат на косата?
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.823
    Допаѓања:
    102.692
    Пол:
    Женски

    Провери во ДМ , мислам дека го имам видено или евентуално на пазарче по тезгите :)
     
    На Platoniclover15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Дали ќе фати една две нијанси посветла коса од мојата природна боја инаку имам светло кафена,а сакам нешто како на златен сјај карамел боја?Инаку ја немам никогаш до сега фарбано косата и не сакам со фарби и ако знае некој кој колор шампон е најдобар?
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Ќе имаш среќа ако фати пола до една нијанса посветло, две нијанси само со колор шампон нема шанси. Ептен ако имаш беби-руса коса, па да фати малку од малку, ама по описов не знам колку би било возможно.

    Пробај, ако не друго, ќе добиеш убав сјај на косата. :)
     
    На Iva9612 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biricik

    Biricik Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Ако ставам црн или најтемно кафеав колор шампон на бланширана плава коса ќе можам ли скроз да го извадам?