Девојки, совет ја урнав фарбата, користам Еволушн, наместо 8 се исфарбав со 7 и сега ми е темна, многу потемна од шо сакав дали да пробам некако со колор шампон да ја осветлам или е штетно? Стварно не можам да се поднесам со олку темна, не сум навикната ич
Последната нијанса, црвената, е изненадувачки трајна и квалитетна. Мене ми трае веќе 5-6 миења на коса, не паѓа брзо, а лесно се нанесува и се држи 15-20 минути на влажна измиена коса (без балсам), и се плакне. Природно имам темно кафена коса, претходно фарбана црна, со израснати седи влакна. Пигментот од ова се задржува и на седите влакна. Изненадена сум од ефектот, па еве препорака
Мислам дека се околу 45-50 денари, не се сеќавам точно, ама знам дека се поевтини од другите колор шампони.
Можно е да ви фати нерамномерно по цела коса, па да ви изгледа многу лошо, некаде посветло некаде потемно... Подобро не ризикувајте, пробајте постепено со нијанси блиски до моменталната боја на косата, па по некое време ставајте потемни. Инаку, за цената на колор шампоните Reele од претходниот мој пост, видов денес дека се 39 и/или 45 денари.
јас имав плави прамени во косата и сакав цела да ја направам со црн колор шампон, но сега иако косата ми е темна прамените пак се посветли. дали доколку пак ја направам со шампонот ке фатат боја повеќе, или би било подобро да ја исфарбам со црна фарба?
Ако ставиш две кесички ќе фатат сигурно ама со неколку миења и паѓа. Јас пред некоја недела ја направив со црвен колор и многу ми се свиѓаше ама сега со миењето ми е падната бојата имам некој црвен сјај ама па ептен ми се изретчи ми испопаѓа косата многу. А ептен ми се допадна. Затоа ако сакаш цела да ти биде црна подобро ти е фарба мислам зашто со колор паѓа после 4 5 миења
Искуство со овој шампон? Имам кафеава коса, сакам црвена да ја направам. Знам, дека нема да успеам како со Фарба,. Инаку ја купив од ДМ.
Нели е виолетов овој? Инаку јас на плава коса ставив црвен колор шампон од оваа марка и едвај се извади, така да имаат ептен добра трајност. Но, зависи колку ти е темна косата и како ќе ти фати
Па ова е виолетово како што гледам не црвено ,инаку добри се овие шампони ги имам користено ,секако бојата нема да ти е интензивна како со фарба.
Виолетова ќе ти Од овој темно виолетова ќе биде, земи си црвен колор шампон ако сакаш црвена и бојата ќе ти стои месец дена, може и повеќе, ептен тешко се вади, после неколку миења обледува и само темно црвен сјај има
На Битпазар ги има на тезгите со шминки и фарби за коса. Едно време ги имаше и во ДМ но не знам дали ги имаат сè уште.