Дали постои сив колор шампон, било која нијанса, би сакала да пробам врз руса коса како ќе излезе. И ако има вакво нешто кажете каде да барам.
Имам и јас силвер шампон, прекрасен е, ама чисто ме занимаше колор шампон дали постои сив, сакав да пробам како би било.
Сакам да купам колор шампон во кафена боја што ќе ми го покрие жолтилото од фарбата. Се фарбам со Гарние 7, но многу ми се осветли со тек на време, а не сакам да се фарбам пак. Кој би ми го препорачале?
Предлог за колор шампон за ваква коса? Не сум во Скопје, па ако може да ми предложите некоја марка што е достапна и во други градови. И дали ќе ми ја оштети многу косата? Не се имам фарбано повеќе од 2 години и не сакам да ја оштетувам со фарби веќе. Некоја интересна боја сакам да добијам сега, да не ми е многу досадно во карантин
Јас земав две што беа нијанса потемни од мојата коса и воопшто не ми фати, некој сјај можеби само. Ова чисто за да не очекуваш многу, може само за нијанса да ја промениш.
oва е направено на фризер професионалец гледаш дека не започнува од корен бојата, со колор шампон јас немам некоја промена дали една нијанса посветла ни фати или не, само сјај имаш на косата не се оштетува
Можеби не напишав убаво- мене веќе ми е косата како на сликата погоре. Сакам да добијам некоја нова боја ама со колор шампон, да не ја фарбам повторно
епа не сфатив хахах, со колор шампон пробај една нијасна посветла/потемна да постигниш не повеќе како што кажав јас не постинав промена ( или можи ептен мала промена видлива на сонце),а за марка немам појма од парфимерија зедов не знам која марка беше и тоа два зедов за едни фарбање
Здраво Јас Сум машко особа околу 30 години имам бела коса не ептен бела ама шарено да речам повеќето бела со ептен малце црна коса па сакам да питам кој Конор Шампон да го користам немам искуство со тоа и би препорачале од каде да земам Конор Шампон и која боја би била наменета за мојата коса сакам црна коса да имам на мојата глава пишетете ми и испратете ми страници од ФБ ИЛИ НЕКОЈА ДРУГА СТРАНИЦА за да купам поздрав луѓе иначи сум од ШТИП...
Здраво. Дали можете да ми кажете каде можам да најдам semi-permanent фарби( нешо у стилот на Arctic Fox ili Bleach London) во интересни бои.
Можиш да го побараш Марион колор шампонот, не е посебно за машки наменет, ама фаќа добро на косата. Има црна нијанса, побарај во локални парфимерии, за онлајн не знам каде го има. Имаше и некои фарби за коса за машки конкретно, ама не можам да се сетам како се викаа и не ги имам видено никаде во скоро....
Женски со што да извадам колор шампон...црвена ми беше и сега ја мијам веќе некое време не ми паѓа и во миење потешко
Со колор шампон можеш само на плата коса,на ниедна друга боја ја иам пробано на мојава кафеана и ништо од тоа
Имам плава коса.Бланширана и фарбана. Сакав да пробам со црн колор шампон за кратко време.Што мислите дали би испаднала убаво црна и дали лесно ќе се измие бојата?