Да, од црвениот останува сјај и не може да се домие. Пред месец дена ставав темно кафен, падната ми е веќе бојата, ама не се приметува некој сјај, ваљда дека слична боја, а и избледено е веќе.
Првиот го имам користено,од лево што е. Мојата коса е темно кафена накај црна. Боја фати на сонце повеќе се приметува. А вака некоја голема разлика не сњ приметуваше. Таа црвенкаста нијанса некој отсјај долго ќе ти трае
Морам да се надоврзам на муабетот. И јас во ова не верував се до летоска. Косата ја фарбам и сеопшто цела нега за мојата коса ја доверувам на фризерка која што ме знае од мали нозе. Во живот немам сменето фризер било за шишање,фризури,фарби. Со еден збор она ми го знае влакното и какви фарби сакам.Стандард викам. Знам белузлива да ја направам,луѓе жолта излезе. Жолта. За нигде бев. И и се развикав. Викам цело време ме праиш како можеш да утнеш шо ти е ? Се сети вика : Да не имаш добиено ? Викам да 2 ден....еее вика хормоните тогаш реагираат и влакното е по диво. Тешко фаќа фарба или бланш. Последниов пат коа се праев вика немаш менс така ? И искочи ко секогаш што сме ја правеле. Така да верувај. Не секој има исти хормони.
Не реков дека кај сите девојки ова се случува,меѓутоа истиот проблем како на членката го имав и јас. Ти ако немаш тоа е уште подобро. Не гледам причина да бидеш дрска. Си разменуваме мислења,искуства,дознаваме плус работи. Не се пали одма
@flower30 јас го користам колор шампонот Палете за плавуши како прелив и топ ми е, ептен ја оживува бојата и таман е да си ставиш измеѓу фарбања. Јас го нанесувам со четка на малку навлажнета коса (шприцам вода од шишенце со прскалка), го оставам (поточно се заборавам) некогаш и по 1 час. Одлично испаѓа, врши работа. Црвениов би требало иста функција да има, да ти ја освежи бојата. Пробај па ќе кажеш. Деновиве ептен те напнав со цитативе, извини.
Ее напротив, ми требаат вакви совети, бидејќи сум тапа за ова Се фарбав последниве 3 години на фризер и не сум пробувала дома(освен во студентски денови кога експериментиравме сите). Инаку ставив од Палете к. шампонот и ок е. Даде сјај и фати повеќе на потемните прамени, долниот дел само сјај доби. Ме зачуди што ептен беше густа и ми се виде количински малку. Јас имав претходно ставано од друг колор шампон (Мериот, или Мерион беше) и тој беше баш како шампон, пореток и повеќе количински. Ама добро испадна. Барем да имам замена меѓу 2 фарбања. Бидејќи после пораѓај многу ми паѓаше, па едвај ја средив и почнав да се фарбам и пак почна да паѓа Уште еднаш фала ти на советите И фала на сите други овде
Јас го користам на Палет меѓу две фарбања, еве втор пат, фаќа ептен убаво, првиот пат само десет минути го држев (итно морав да се измијам), па пак фати. Вториов пат го држев подолго, поинтензивна е бојата. Задоволна сум. Ама паѓа после три-четири миења, дури и со шампон за фарбана коса.
Добро е за измеѓу миења. Јас заборавив на него и оланирав да се фарбам. Ама читајќи овде се потсетив па ставив и сега баш без излезена и на сонце се видов на еден излог од продавница и гледам си има супер сјајЌе го биде
Нешто измеѓу нијансиве ми е бојата на косата и сакам да користам црвен color shampoo. Дали можеби некој има слично искуство, што мислите дали ќе ми фати и кои се after ефектите? Прочитав дека на некои не се одмива црвениот отсјај од косата.
Колку долго? И кој колор шампон би ми го препорачала? Јас овие ги читав Pantene и Victoria дека се океj.
Јас ги користев Викториа,имам темна кафена накај црна,и ми фати.Сега не беше нешто уау ефектот,ама се познаваше.А сјајот сигурно некои три месеци стоеше,и на крај се изнервирав си купив фарба и се исфарбав
Дали од темно кафеава јоса може со колор шампон да се постигне посветла боја пример лешник боја или медова,до сега не ми е третирана со никаква фарба косаата сеуште ја имам природната боја.