Јас еднаш пред 7-8 години ставив колор шампон боја црвено вино.... Ми стоеше повеќе од 3 месеци едвај го избадив којзнае каков беше и зошто не ѓожев да го извадам но никогаш повеќе не би ставила
Видов колор шампони прееска во Дм на палете, сакам потемна коса од мојава но ми е страв да купам после да не добијам некој црвен сјај на мојава коса. Совет?
Здраво девојки, Порано се фарбав темно кафеава, нешто накај црна 0.2, многу убаво ми стои. Е сега долго време не сум фарбана и се мислам дали место фарба, од кејф да си ставам колор шампон. Инаку косата ми е темно кафеава, и кога се фарбам ми ја менува нијансата само, добива така по длабока по интензивна темно кафеава боја. Значи не е црна со тој син отсјај, индиго, ами со 0.2 се фарбав. Досега немам користено колор шампон. Ако некоја има слично искуство нека пише и нека ми даде препорака за кој да си го земам. Дека немам бели влакна, вака од мерак си се фарбам понекогаш, на 4 месеци, додека ептен не ми порасне мојата коса, дека реално и нема баш некоја разлика. Читав по темава, ама обично се девојки со посветла коса, или некои што сакаат на црвено нијансата да ја променат.
Jaс имам користено таков, во оваа нијанса и имав црвенкав сјај 1 недела. Ама штом ќе купиш темно кафен не може црвена да ти испадне. Мана им е што прелошо мириса косата 2 недели после, некој чуден киселкаст мирис, ја отепав од миење и третирање со 300 чуда за да го отргнам мирисот. И 1 кесичка е малку за подолга коса.
Дали го има некој пробано ова, пишува во вид на колор шампон дека е, нешто вакво барам само немој косата метла да ми ја направи. Има некој искуство со ова?
Се става како маска за коса, на цело теме и по должината на косата. Не знам колку треба да стои, мислам 5-6 минути и миеш потоа. Го немам користено, но имам пријателка што го става ова и презадоволна е. Со трајноста не знам како е, ама би било доволно веројатно за да го одложиш малку фарбањето.
Јас не сум се фарбала досега, и не планирам додека ќе морам, имам 3, 4 влакна побелени, не се гледаат ама јас си ги знам, кај и да ќе има и повеќе па да пробам вака да камуфлирам
Во ДМ има би фатило како вино боја , јас имам природно кафена коса и ставив колор шампон ми испадна нешто како бордо . Марлон или нешто така се викаше колор шампонот тој ми се допадна имаше и еден друг ама тој ич не беше добар и не фаќаше.
Имам кафеава (светла) коса и сакам да се фарбам со колор шампон но не знам каква боја би ми стоело. Се мислам околу црвена или розева/љиљакова некоја таква нијанса. Еве и слика и сега не знам која поубаво ќе ми стои. Ајде малку хелп кажете си го вашето мислење