Се мислам дали да го пробам Гарниер Башка косата ми е долга до половината, едно дали би било доволно, би требало да земам 2 пакувања?
Нема шанси да ти стигне едно пакување, јас ставив 2 а косата ми е до под прслук (ако ме сфаќаш), така да прашање е дали и 2 ќе ти стигнат ако ти е густа косата
Значи обавезно 3 да си земам, ако мислам асално да се правам Кажав косата ми е долга до половината и ептен ми е густа.
^ Чим ти е многу густа и 3 дали ќе ти бидат доволни. Шала на страна, јас имам коса до половина, ама доле ми се опашки и поретки едно едвај ми стигна. 3 обавезно земи си.
Јас нареден пат сакам да земам Кастинг од Лореал, фризерката рече дека од него една ќе ми биде доволна, сепак Лореал фарбите се најдобри дефинитивно, а оваа Кастинг е без амонијак како колор шампон. А Реин, земи си 3, дефинитивно
^ Сеси има ли од тие без амонијак на Лореал вино црвена? Вака нешто ми треба: Мене Гарниер црвенава не ме бендисува, малинка е. Па морав после да ставам и светло плава и сега ми е црвена, накај плаво... Како на Дани во новион спот.
На секои 3 миења на косата користам колор шампон не ја оштетува косата и баш е супер ја пошто иам шатирана коса и користан светло кафеава нијанса баш е топ
Само што се вратив од Тинекс, си земав 3 пакувања од оваа... најблиску е до мојата природна боја, а бидејќи досега никогаш не сум ја бојадисувала косата, не се осмелувам многу на драстични промени, иако сакам малку да ја осветлам, ќе видам прво што ќе ми испадне. ЕДИТ правевте тест пробам за евентуални алергиски реакции, или сите имате претходни искуства со бојадисувања, се чувствувам како единствената жена/девојка која не ја бојадисувала косата
Никогаш не сум тестирала алергиска реакција од фарби,шизик на ризик. Него,зошо фарбиве во тема колор шампон?!Или сепак е точно моето убедување дека фарбите без амонијак се еднакви на колор шампон?!Ако е тоа така,јас сум среќна коцка,третата нијасна ми е совршена и би ја шлапнала за брзо. Инаку,Лореал се одлични.Последниот пат тие ме спасија,ми дадоа нијанса која сакав и си одбрав и плус,не опадна доволно долго за да ја израснам до под раменици и да го скратам фарбаното.Нијансата беше иста како мојата природна боја и воопшто не се смени,а мијам коса,секој или секој втор ден.
Лилит, па според мојава логика, без амонијак му доаѓа како колор шампон. Фарба класична како што знам се нанесува на сува коса, а овие боиве тука што се постирани, бараат влажна коса, и убаво триење до пена. Башка многу малку хидроген имаат ако не се лажам. Така да, му доаѓа како колор шампон.
Па не знам дали е колор шампон ама повеќето така велат за фарбите без амонијак, а и јас така мислам А Старфиш и Гарние и Лореал се нанесуваат на сува коса, на влажна се нанесуваа само тие пакетчињата од Палете, тие беа прав колор шампон, ама штета што немаше многу нијанси А имаше едно Anniyer знам имам ставано пред неколку години, ама воопшто не ми текнува што нијанси имаше, ќе треба пак да побарам низ парфимериите, ептен го имав заборавено Еве нешто вака беше
Синоќа пробав, и што знам не се забележува некоја поголема промена во однос на бојата, нареден пат дефинитивно ќе земам посветла. Косата ми е посјајна, и ова балсамот како убаво мириса и ја прави косата мека како свила
Само Палете? Јас зошто таква боја употребив, без амонијак е, а се зачудив и што на мокра коса се става. Си бара масажа , за да дојде до пенасто, баш како шампон. Можда нема да ви се верува што направив, ама мора да ви кажам. Косата ми е темно кафеава како на сликата под која пишува 5.0. А јас сакав да ја осветлам, и со цел памет си купив од последната бадем нијанса 9.5. Знаев дека нема да ми испадне плава, баш така, ама си викам ај ќе пробам. И позадоволна не сум била во животов. Преубав сјај ми даде на косата, така некоја лешникова боја со кремав сјај, целата се прелива. Еве веќе како трет пат ќе се правам со неа. Ми паѓа за месец дена, ама не онака да се гледа разлика, баш рамномерно со миење си паѓа бојата. Се посреќив! И сега за сега нема шанси да сменам ништо, ептен сум задоволна. За Гарние не знам, не сум ги пробала, ама како што кажав, сега за сега се држам до Палете
Старфиш сега ме замисли, јас воопшто не го прочитав упатството, а фризерката ми ја стави исто како што се става фарба Така пишуваше во упатството на Палете, дека се става на мокра коса? Ако е така тогаш и помалку фарба оди А знам дека ја имаш таа нијанса, знам кога се мислев меѓу Палете и Гарние ја видов таа слика со твојот колор шампон и ми текна на тебе ама не ја земав мислев да не ми дели многи кога ќе се фарбам коренот да не ми биде посветол а надолу потемна, а и јас сакав да ја осветлам. Сега искрено ме замисли што да ставам нареден пат и како
Мене повеќе кон кафено ми мава, сега ме замисливте костенот е потемен, а махагонито е црвено, најдобро јас да си ја испечатам сликата а