Оф ова за две три миења и толку... Мислам да си земеш баш фарба, ќе ти трае малце подолго? И за ова ќе треба баш најсветла плава да ти е косата за да фати. Јас барем така мислам, ако има некој што знае подетално, нека пише.
Женска, ова е за бланширана коса, омбре коса што се правени. Е сега ако би изблашнрала прво прамени, прашувам, па после да стават од ова, колку би ми траело.
Освен можеби сјај, ништо. Ако мислиш на осветлување, нема да се случи. Излезе како што посакуваше? Моментално низ македонија нема баш избор на колор шампони во боја па ако ти нема излезено оваа, пробај ги LIVE на Schwarzkopf или rEvolution.
Се фаќа црн колор на избледено црвено фарбана коса? Ако да, кој е најдобар и колку време треба да се држи на глава?
Постои ли некој кафен колор шампон? Бланширана сум ама не од корен и ми е баш бела а коренот кафен, и сакам да го затемнам бланшираниот дел некако светло кафено . Вака нешто (втората е од мојата коса каква ми е сега)
Се нанесува на мокра коса како шампон (но убаво исцеди ја) и се насира добро за да ти фати секаде. Потоа чекаш околу пола саат и плакнеш. Јас имам пробано од две различни фирми и воопшто не ми фати.
Девојки препорака за темно кафен колор шампон. Порано повеќе избор ко да имаше низ дрогерииве ама сега не се наоѓа.
Бев во два ДМ и Космо и не можам да најдам колор шампони, само некои на Palette има ама ги немам користено тие. На Марион и Викторија има негде по аптеки?
Тек сега го гледам ова. На Марион немам начекано ама видов Викторија колор шампони во ДМ. Кога сум веќе тука сега да прашам за црн колор, има ставано некоја? Како е со измивањето?
Здраво женскии Некоја да ми препорача добар силвер шампон од искуство? Боја на сиво сакам многу ама неможам да најдам таков шампон или маска. Имам бланш фала вии
Дали е паметно на фарбана руса коса да се стави виолетов колор шампон? Ми швргна нешо у глава Дали ќе излезе после 5 миења скроз бојата?
Ќе фати ама нема да фати скроз виолетово како на опаковката. Но ако ти е платинум плава фаќа, потемна плава не баш, можеби некој сјај само. И да паѓа после 2-3 миења