Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колор шампон

Дискусија во 'Коса' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    1.977
    Пол:
    Женски
    Скроз плава ми е, думата ми беше дали ќе испадне скроз после месец или после 3 4 5 миења, не сакам да изгледам на Баба рога:D После месец сакам да си се вратам на фризерка да ми праи плава :)
     
  2. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Ниедна виолетова нијанса не трае долго. Тоа е како прелив за неколку миења одма паѓа.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    1.977
    Пол:
    Женски
    А црвена? Сори шо замарам :D
     
  4. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Јас со години бев црвена, и се "фарбав" со колор шампон. Издржливост имаше до месец дена. И сјајот од црвеното е засекогаш. Можеш да ја обновуваш на 2-3 недели со колор шампон и доброто е што нема да ти се оштети косата за разлика од фарбање со црвена фарба. Е сега зависи и твојата нијанса на коса и дали самото влакно ти фаќа лесно боја. Кај мене е фаќаше црвен колор шампон како фарба.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    1.977
    Пол:
    Женски
    Ми фаќа доста колорот, порано имав црвена, ама на сонце поголем отсјај даваше нормално. Е сеа сум плава ептен, па тоа ми е стравот дека ако стаам црвен колор, плавото нема да биде плаво никогаш повеќе и дека нема да фати бланшот за да ми биде плава....се знам себеси, брзо ми здосадува една боја..од црвена ќе сакам на плаво плаво.. фризерката е со големо НЕ, ама јас пусти мерак...:)
     
  6. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Уф види црвено се вади после само со ножици. Независно дали е колор шампон или фарба, црвениот отсјај е засекогаш. Со фарба уште повеќе се познава. Така да ако си плава, едно што колор шампонот ќе фати мн по интензивно, друго после ќе си грдо црвено портокалова. Така да од плава на црвена НЕ, освен ако не се правиш после константно плава. Ја од црвена плава ја пеплоса косата и уште не е убава.....
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Дали некој има користено колор шампон за црна коса и за прекривање на бели влакна
     
  8. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Брат ми, јас не. Ама он ја затемнуваше косата со колор шампон и му фати убаво. А за бели влакна не би знаела, би требало
     
  9. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Можеш да ми го сликнеш шампонот или да ми кажеш од каде е,плис
     
  10. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Немам слика ама од дм го купувам. Црно кафено кесиче, на буквата В како да се викаше
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nallla

    nallla Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Знаете ли овој шампон на сликата каде можам да го најдам ( не онлајн)
     
  12. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    68
    Дали некој го користел?искуства ?
     

    Прикачени фајлови:

  13. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Девојки купив колор шампон за бринета коса од балеа. Денес го испробувам заедно со регенераторот! Регенераторот исто и шампонот имаат светки у нив и кератин за сјај. Имам природно ледено руса коса а претходно руса фарбана жута и ја одраснав сега ми е како омбре и сакам да го покријам жутото да бидам бринета! Промена малце ми здосади од плава цел живот :lol: Па ќе видиме што ќе направам :D
     
    На Snowflake_62 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake_62

    Snowflake_62 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    И,како испадна,задоволна си?
     
    На GymGirl❤ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Не е лош но не фарба многу. Жутите прамени ми станаа како карамел боја, така да не е лошо како омбре ми е. И сјај дава но е повеќе за бринета коса а мојата е природно руса а и фарбана руса и израсната моментално :)
     
    На Snowflake_62 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    Здраво, колку често може да се користи колор шампон? Брзо ми падна сакам пак да ставам ама не пишува на колку време смее повторно да се стави. Кесичка колор шампон купена од ДМ
     
  17. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Ја ставав на две недели, ама користев црвен колор шампон што магично фарбаше подобро од фарба. И немаше потреба да ставам пречесто. Ама мислам дека и тој интервал од две недели е сосема океј.
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, јас испаничив да не ми падне коса
     
  19. ...!

    ...! Нов член

    Се зачлени на:
    5 септември 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Девојки помош!
    Имав црна коса фарбана 3 години, одлучив да сменам и да се фарбам во Cherry Red. Со професионални фарби на фризер коренот и излезената боја ( природно смеѓа ) фарбата совршено фати, но кај што била темна и црна има само црвен сјај. Се фарбав 3-4 пати и секогаш е така. Вчера ставив фарба пак, но нема некоја разлика. Сега планирам да ставам 2 колор шампони со истата нијанса на потемниот дел, па ме интересира да ли постои шанса шампонот да ја осветли темната нијанса? Ве молам за одговор пошто стварно ми е битно.
     
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    Тоа што фарбата не фатила колор шампон па ич нема шанси.Колорот дава само како црвен сјај и баш неможев да го тргнам.Бојата паѓа црвен сјај останува.Најубаво да си одиш на фризер да ти ја извадат бојата и на ново Cherry red.