@...! Немој со колор шампон, дека црна си била фарбана требаше да ти ја извадат бојата и да те исфарбаат, оди на фризер ќе те средат, само оди кај некој што си ја знае работата
Здраво. Дали на плава коса ако ставам колор шампон кафена боја со неколку миења ќе падне скроз ? Пораснат ми е коренот а имам и бели влакна но сеуште не е поминато време за бланширање па сакам да се ''маскирам'' за на свадба ?
Можно е да ти фати многу нерамномерно па да си направиш поголема белја. Нема некој спреј за покривање бели влакна? Знам за бринети имаше таков спреј од Лореал во ДМ. Можеби нешто такво ти е подобра опција од кафеав колор шампон.
Да замолам некој поискусен да ми препорача добар колор шампон или поприродна фарба за коса, што ќе трае барем 3 недели. Прв пат ќе се фарбам, немам многу бели влакна, ама се крути и некако баш се истакнуваат во однос на останатата коса.
Претпоставувам немаат некој колор шампон со добар квалитет. Јас лично не сум нешто задоволна од нивните производи, но за цената можеби се ок.
Јас користам пигментирани маски за коса. Ги нема во сите нијанси, но основните ги има. Подобри се за фарбана коса. Мојата е coper. 600 ден.
Колку време ти стои бојата, и колку често може да се става? Дали си задоволна? На природната боја фаќаат или требаа да си фарбана? Извини не те сфатив добро.
Пигментираните маски се подобри за фарбана коса. Јас имам портокалова / копер. Црвените пигменти имаат најголеми молекули ( за разлика од плави, кафеави) и најкратко стои врзано на влакното. Јас се фарбам на три недели. Ама на две недели со колор маска екстра ефект се постигнува со колор маска.