Фала Битер, сега се насмеав, значи микс од мислењата на Лилит и Ирена- кафено махагони Едит- патем оваа фарба ја немам видено- гледам и таа е без амонијак
Да баш микс ама така и пишува дека се вика бојата Ја имам видено во тинекс,а мислам дека сите на гарниер и фарби и колор шампони се без амонијак
девојки да ве прашам ми е страв имам виткана коса , ако би ставила фарба без амонијак би ми а исправила ли косата ??? колор шампон на плаво не фака а јас сакам лешник боја , имам природна смеѓа.?
имам темно кафеава коса, сакам две нијанси посветла коса, не сакам да јa фарбам, кој колор шампон би ми го препорачале? или некоја фарба ама после ен сакам темни корени некоја без амонијак или какви има таму??
Нема да ти се исправи косата, бидејќи е без амонијак ниту пак ја оштетува и суши косата. На посветла боја на коса фаќа потемно, но не може од потемна да ја направиш посветла освен со бланш- Нина24 А разликата во колор шампон и фарба без амонијак е во тоа што колор шампонот по одреден пат на миење на косата опаѓа (пишува на амбалажата) додека пак фарбата без амонијак е трајна како и секоја друга фарба но не ја оштетува косата.
Значи во последно време ова толку многу ми се врти во главата и уште се двоумам! Имам ваква боја на коса како на сликата, а сакам да ставам колор шампон за плава коса, сон ми е да сум плавуша и имам исто виткана коса, можно ли е од колор шампонот да ми се исправат локните и не дај боже да не ми фати плавата боја?
хахах корол шампонот ќе го памтам цел живот .... За нова година стаив црн колор шампон а јас имам смеѓа накај плава коса и ми испадна ТЕГЕТ морско плаво ... бев атракција за нова година но со текот на миењето се смени во зелена ... и краевите на косата и по два месеца ми беа уште зеленкастеви ...
Ако може некој што користел колор шампон да ми каже дали после некое време, кога бојата ќе се извади, остануваат некои траги од бојата, и за колку време излегува бојата?
^^ останува траги од боја,една моја другарка се има праено со фарба без амонијак... а за колку време паѓа скроз не знам
Имам темна кафена коса. Сакам малце послетла нијанса. Ама страв ми е да не испадне некоја друга боја.. Совет ?
Можеш да пробаш колор шампон... бојата сама си ја избираш ... и по неколку миења на косата шампонот паѓа, нема ништо штетно ... мојата другарка редовно ставаше колор шампон бидејќи сакаше да ја израсне нејзината коса зошто претходно и беше фарбана ...
Wild.Child да не знаеш каде можам да најдам колор шапон со јако црвена боја, али како на сликата твоја..ептен ми се свиѓа. Ии, да си прашам за колку врееме се вади, зашто ми се ближи полуматура па ако не ми излезе добро дали ќе можам да си ја вратам старата боја..( иначе природна ми е кафеава..малце потемна.)
Подобро ти е да не експериментираш, бидејќи не знам баш дали ќе ти се извади за две недели, можеш потоа. За 4-5 миења обично паѓа бојата, но потоа останува некој црвенкаст сјај. Имаш колор на пазар, а и во една парфимерија во ГТЦ, карши Рубин Кармин, не знам како се вика.
Сакам да прашам, имам светла кафеава коса, сакам да пробам со црвен колор шампон, колку време стои бојата и дали останува малку црвеникав сјај?