Ни ваква?! На една другарка и излезе нешто слично со колор шампон, ама не можам да ја најдам сега да ја прашам...
Вакво сино Сории што те разочарувам, но неверувам да ја добиеш посакуваната боја Со колор шампон неможеш да добиеш таква боја, неможеш ни слична на таа, ке мора прво да ја осветлиш косата, па тогаш со фарба да ја направиш црвена. Инаку ако имаш темно кафеава коса колор шампонот ке ти даде само сјај.
Грешка сум била, не знам зошто сум умислила дека и беше волку светла и интензивна, сега баш ја гледав на фб Потемна од ова на Ријана и испадна, и многу и беше убава. И фати супер на нејзината така побааги темна кафена коса, затоа мислам дека ќе ми фати и мене,зошто мојата е неколку нијанси посветла. Спојлер Многу сум срцкаста Еве ваква ми е, малку посветла зошто не е на дневна светлина сликана Претпоставував дека нема да испадне ваква како на Ријана, сликата ја ставив за отприлика да ви покажам, зошто сакам убава темно црвена, не светла накај кафено или портокалово. Нејсе, ќе побарам утре сеедно дали на Гарниер или на Палете и ќе се направам некако, па ќе ставам слика(ако не е премногу лоша)
Лавли, барав таков, но потемен. Ми понудија како што кажав тегет на 3 тезги, но тегет боја која оди кон црно. Сега дали би можела да се осветли бојата да не биде толку темна. Спојлер Може и ваква. Секаква прифаќам од темно до светло сина, но да не е таква како што ми ја понудија (црно-тегет).
Сакам да прашам...? С Д ја П Wild.Child од каде го земала колор шампонот зошто ја барав и никаде нема
Сакам да прашам...? Јас на Зелен пазар го начекав, за чудо бидејќи таму се најчесто со поминат рок. 70 денари е.
Сакам да прашам...? А после тоа, остануваат некои траги на косата, се оштетува ли? Спојлер Извини, знам дека здосадив , ама ме интересира, бидејќи сакам да пробам деновиве.
Уживај. Што те интересира, а нема во темава прашај слободно. Косата не се оштетува, а за траги имав црвенкаст сјај потоа.
Па немам баш приметено бидејќи неколку пати имам ставано разни колор шампони и еве уште го има тој сјај само не знам од кој.
Вчера СИ СТАВИВ Црвен колор шапмон ... и никаква боја не добив само црвенкјаст сјај А КАФЕАВА КОСА ИМАМ ....
Јас ставив колор шампон од Палете, ама како што слушнав тие од Палете color and gloss не се баш прав колор шампон туку нешто како полу фарба иако не е толку штетен. Инаку ништо не ми фати, имам темно кафеава боја на коса и правев прамени со боја на лешник, но не фати.