1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Комплекси

Дискусија во 'Психологија' започната од ForeverYoung, 19 февруари 2010.

  1. marijanal

    marijanal Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    имам комплекси и тоа многу, понекогаш размислувам како би било да бев малку поразлична, ама тоа е..
    комплекс ми е дека имам долгнавесто и слабо лице, нос кој воопшто не ми одговара...
    ајде порано толку не се замарав многу, ама во последно време стално размислувам за ова, и знам дека не постои решение,ајде како да го направам лиицето помало? никако
    сум пробувала со косата, ама неможе никако... ако имате совети дајте ми како да се справам, само немојте да ми кажувате да се помирам, едноставно неможам...
     
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    12.032
    Пол:
    Женски
    Не сум заљубена во себе далеку од тоа, имам многу маани на пример слаба сум нозе како чачкалица, раце како закачалка :rofl: , ама си се прифаќам таква каква што сум и треба да се сакаме такви какви што сме. Немам комплекс дека сум слаба и да се срамам поради тоа, се трудам да се здебелам ама не иде. Никогаш поради нечие мислење нема да си набивам комплекси, и покрај тоа што многумина ми рекле еј абе ти јадеш ли нешто - не бе само на вода сум :sweat: :D . Сакајте се такви какви што сте, дебели, слаби, мене искрено секој човек ми има своја убавина и секој човек е убав на свој начин. Јас секогаш ја гледам душата на човекот а никогаш не сум потрчала по нечиј физички изглед. Џабе гледаш некоја икона а кога отвори уста ти иде самиот себе да си мавнеш бокс и се прашуваш навистина ли има вакви бедни суштества ? Мене еднаш бившиот кога ми се уврте ми вели абе ти да не имаш здравствен проблем ? И јас го гледам, му велам не, зошто ? Па ми вика кога одиш кривиш со едната нога, кажи ако имаш . Јас не знаев дали да се смејам или плачам а навистина немам таков проблем, а и да сум имала зарем помалку вредам,јас или секој кој го има тој проблем ? Типчето упорно ме убедуваше дека кривам и јас што требаше да се убедам дека кривам и дека имам здравствен проблем. Го отерав за кратко каде што треба па сега сигурно дава дијагнози на други :lol: . Сакав да кажам никогаш не обрнувајте внимание на околината. Секогаш има по некој коментар со кој сакаат да ни ја повредат душата, јас искрено на тоа секогаш или со смешка у фаца и возвраќам или со збор, ама онака да ме дирнува јок, не вредат таквите ;) .
     
    На SparkyAngel и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Комплекси ти се едни мали досадни стварчиња што се лепат за тебе како паразитче и ако ги храниш стануваат се поголеми и поголеми. А во почести случаи и главоболка задаваат. Посебен вид се овие. Гнасен вид. |(
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    И јас имам МНОГУ комплекси. Пример- бемки, подочњаци, заби, уши, форма на лице итн итн.. Не се сакам таква каква што сум, тоа е.. :(
     
  5. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Јас како помала , во основно на кажеме , не знам за што се немав комплекс и како резултат на тоа решив кога ќе наполнам 18год да направам 7 пластични операции . Истражував за секоја од нив што како се прави , убедена бев дека такво нешто мора да направам . Сега за деловите за кои можеби сум сакала да направам операција , добивам комплименти и често ги добивам па поубаво ми е да верувам во нив . Со вежбање а најголем дел со одминување на пубертетот ми замина идејата за пластични операции и повеке пати ми имаат кажано дека сум најсамоуверената личност што ја сретнале , дури мислам дека и не се трпам со машки со помала самодоверба бидејки ги плашам :) Ама едноставно си се засакав себеси и супер си функционирам у врската со себе :) Можеби тук и таму у пмс посебно , а и кога не сум многу во форма знам да си помислам ужасна сум ова и она не ми чини , ама ги надминувам тие работи . Веројатно само би направила операција на ушите т.е. едното ми е малку поклапасто од другото , многумина ми кажале дека тоа не се забележува и свесна сум дека немам некои страшно клемпави и изразито големи уши ама зошто кога може тоа да се среди со малку време и пари да не го средам :)
     
  6. TheUnbreakable

    TheUnbreakable Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    17
    Имам видено и слушнато за комплексите на многу луѓе. Најтажно е тоа што обично комплексот е заради изгледот (вклучувајќи го и мојот). Точно е тоа дека подобро е да се има по некој комплекс, отколку да се замислува човек дека е совршен. Некој има повеќе комплекси, некој помалку, некој постојано ги искажува, некој ги премолчува. Како и на многумина други, мојот комплекс ми е носот. Кога ќе се погледнам во огледало, носот ми е океј, не е голем ниту мал, но на фотографии ми изгледа голем и грд. Затоа и не сакам да се фотографирам. Луѓето ми велат дека носот ми е супер и некои би сакале да го имаат, и дека не треба да се жалам туку да бидам среќна. |( Па, и тие кога би биле во моја кожа, кога би размислувале како мене, повторно би добиле комплекс, ако не за носот тогаш за нешто друго.
     
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.081
    Допаѓања:
    44.302
    Пол:
    Женски
    Комплекси скоро секој има...ама скоро секој...блазе си им на оние кои се сакаат себе си...и јас имав и сеуште имам многу комплекси,секако,настанати поради задевање од страна другите соученици и некои работи кои јас самата сметам дека не се убави на мене...Од 4то одд. до ден денешен си го набивам истиот комплекс и никако да се ослободам од тоа...Ме зафркаваа сум имала големи уши и си ми остана тој комплекс...Никогаш не ја носам косата собрана кога излегувам поради таа причина,дури и на плажа кога бев одев со пуштена коса,понекогаш фаќав ниско репче за да ги скријам ушите...Како да се ослободам од нештово поим немам...
     
  8. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Тешко на човек што мисли дека е совршен!Поголем комплекс и погадно нешто од комплексот на виша вредност немам сретнато до сега!И јас како и секој нормален човек имав и сеуште имам комплекси.Некои се створени уште од мали нозе кога во основно ме нарекуваа со многу погрдни зборови девојчињата со комплексот на виша вредност!Тоа беше еден од најтешките периоди во мојот живот.Научив како да се изборам со епитетот на мирното повлечено девојче што можеш да го малтетираш како ти душа сака!
    Заради овие мои комплекси се запишав во машко училиште каде бевме се на се 6-7 девојки во еден клас.Па таква слога,таква почит не сум имала никад ми се чини!Се изборив со моите сеќавања што ми створија еден многу поголем проблем како што е анксиозноста но на тоа гледам дека така требало да биде и треба да се помини за јас да станам многу поголем човек од тоа што сум сега...
    А верувајте лицата на бившите соученици од основно кога ќе видат низ што сум поминала и што сум постигнала се priceless!Арно велела џеси џеј who's laughing now
    Никој не е повреден од вас!Сакајте се самите и своите недостатоци-тие ве прават личноста која што сте!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Нема потреба од комплекси, сите сме на некој начин совршени. Дури ми е смешно кога некој ќе проба да ми набие комплекс, ме потсеќа на некој очај што трга внимание од себе и не се сака, па збори за другиот.Некој што пробува да се скрие и се плаши од реалноста. Ме имаат и мене навредувано, пробувано да ми набијат комплекси, но неуспешно. Тоа се само лабави, површни и несигурни личности. И не дозволувајте да мислите на пластични операции бидејќи е можно никогаш да не се омажите! ( Затоа што ќе го изгубите тоа што било привлечно ) Ако ме сваќате што мислам :)
     
    На Neodlucna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marisaa

    marisaa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Имам премногу комплекси, едноставно се измачувам.... помислувам на тоа како нејќам да живеам, дека вредам помалку од другите, своите комплекси не ги лечам врз други луѓе, но се затварам во себе...
    има моменти кога имам самодоверба, има моменти кога нејќам да се погледнам во огледало, секогаш мислам дека другите се подобри од мене во било која ситуација, и само повеќе се затварам, и не сакам да излегувам... комплексите ми се ради физичкиот изглед... и тоа предизвикани од личности кои ми значеле... има моменти кога заборавам, собирам храброст, но се повлекувам и повторно од почеток.
    јас знам дека имам акни на лице(бидејќи сум во пубертет) и правам се за да ги немам. Но тешко ми е кога некој те зјапа, и ти се исмејува,дека не личиш на човек, и немаше толку да боли, ако тоа не беше некоја блиска личност. ова за акните беше само еден проблем, ама ја сум личност која сум полна со комплекси. Исто и за забите, мислам дека не се доволно бели, никогаш нејќам да се сликам со заби, и раката ми е секогаш на уста кога се смеам и.т.н да не набројувам сега...
    Навистина сакам да не се замарам кој што мисли и каква сум, но едноставно тоа ме повредува, едноставно врежано ми е во глава дека сите се поубави, попаметни и подобри од мене...
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Комплексите произлегуваат од психичката опседнатост со самите себе.Колку ќе дозволиме да ни го нарушат животот зависи од нашата самодоверба.Ако сами се прифатиме какви што сме,таков впечаток ќе им оставиме и на другите.Доколку тежнееме кон нешто што не можеме да го промениме и го доживуваме како проблем за кој разговараме,факт е дека не можеме да очекуваме околината да не сфати сериозно.А и знаеме дека не постои физичка и карактерна совршеност.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marisaa

    marisaa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Па мојата самодоверба од ден на ден опаѓа, можеби затоа што потпаѓам под влијание на околината....
    Знам дека совршеноста не постои, но ја не ни барам совршеност..сепак ќе се потрудам тоа да се смени, сакам повторно да имам барем малку самодоверба.
     
  13. Beachgirl

    Beachgirl Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    21
    Јас имам некогаш комплекс за моите 2 лузни од сипаница и ме имаат прашувано деца и страм ми е и дека имам подочници но тоа ми е природно.Секогаш има и полошо и не треба други личности да кажуваат за тебе
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Луѓето умеат да ти дадат комплимент или да те окудат.
    Во двата случаи, потпаѓаме под нивното влијание, или се радуваме или тагуваме.
    И во двата случаи, ние сме манипулирани !
    Убаво сфатете го зборов: манипулација.

    Дали сакате да бидете манипулирани? Да, ако дозволите.
    Ако дозволите некој да управува со вас и вашите чувства, ако зависите од него.

    Земете пример, имате убаво палто. Шетате и 10 мина ви велат дека ви е многу убаво палтото. Вие сте среќни и насмеани.
    Потоа среќавате некој кој ви вели дека е грдо и лошо во стои.
    Одма паѓате во тага и потиштеност. Џабе биле сите 10мина кои ве пофалиле.
    Ете, ја гледате моќта на зборовите ? И никој не ви е крив ако некој ве манипулира и ако потпаѓате под туѓо влијание.

    Потоа, на светов нема 2 исти јаболка, вашите два палци не се исти, имаат различни линии на нив, па како ќе најдите двајца исти луѓе ?
    Секако, дека сите луѓе сме различни, посебни, уникатни, и сите сме убави на свој начин.

    **
    Она што приметувам од моето искуство, е дека луѓето најмногу ќе ви се ‘‘фатат‘‘ за она кое всушност е најубаво кај вас.
    Пример: Имав една другарка која само ме кудеше. Имав ново сако, сите го бендисаа, само таа не. Се ишишав, на сите им се допаднав, само таа ме искритикува. И така во недоглед.
    Сфатив дека проблемот не е во мене, туку во неа.
    Зошто таа беше едно искомплексирано, исфрустрирано суштество кое љубомореше на сите околу, и сакаше на сите да ги куди, провоцира, да направи да ти е неубаво.
    А, таков човек не ви е пријател !

    **
    Затоа, станете свесни, прифатете се, утре ќе се смеете за некои ‘комплекси‘ и избришете ги оние кои мора по 5 пати на ден да ве јадат за тие комплекси, бидејќи тоа не ви се пријатели.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Си имам набиено комплекси дека сум грда и дебела |(
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Реалната самокритична перцепција е одлична во умерени количини. Прифатливо е ментално здрав човек да има реална слика за тоа како изгледа. На одмет е прекумерна самодоверба еднакво исто колку и претерана самокритичност.
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Реалната самокритична перцепција е одлична во умерени количини. Прифатливо е ментално здрав човек да има реална слика за тоа како изгледа. На одмет е прекумерна самодоверба еднакво исто колку и претерана самокритичност.
     
  18. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    981
    понекогаш тропам глупости од типот дека сум дебела и треба да ослабам , а сите други тоа го негираат ..
    ма да не сум ..ама ај :^)
     
  19. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Комплекси имаме сите да,никој не е совршен секој човек си има некоја самокритика,нешто што не му се бендисува кај себе и си замислува дека сите го приметуваат тоа,па недај боже уште некој да ти рече и готово тоа се зацртува во мозокот,но сепак се зависи до карактерот на човекот,понекогаш во ретки случаеви комлексот може да прерасне во психичка болест и да ти го промени секојдневието и животот да ти го претвори во пекол и на самиот себе,а и на најблиските.
    Еве еден пример,моја фамилија младо дете како секој млад излагаше се дружеше многу,имаше доста другари дома неможевме да го прибереме,но уште во средно пред крајот така почна косата да му паѓа,но и тоа по сој беше.Се шишаше келав летно време,после почна кожата да му фаќа ира како кај бебината и му се лупеше,но не беше нешто што неможе да се среди,почна редовно да носи капчина надвор дома тој со капа беше и напати кога ке појдам го начекував да не ја носи,и ке скокне одма да ја земе.Подоцна ја пушти косата долга и домашните ке кажуваат насабајле ке стане и по два три сати останувал во вц тој со ластици ја префаќал одавде оданде да личи како да има коса секаде,а почнав многу ретко да го гледам еве веке 4 години наназад се до ден денес тој не излегува од дома само наработа што оди и право дома затворен во соба,до продавница не слегува,ни вчаршија,ни со другарите не се гледа воопшто и дома кога ке им дојде се преку глава му викаат и тој ке им се развикал не оставал никако да му се помогне,воопшто несакал за тоа да комуницира.Навистински жално какво дете беше.
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако мислиш дека си дебела, земи вежбај, храни се поздраво, почни со пешачење, трчање... Ќе имаш ефекти, сигурно.
    Ако мислиш дека си грда....не знам што значи некој да е грд, зошто според мене сите се убави на свој начин, но и сите имаме маани, т.е за мене тоа не се мани, туку секој си е уникатен на свој начин. Не може сите да имаме исти уши, нос и сл.
    Но, да повторам, ако мислиш дека си грда, направи си фризура која најмногу ти одговара, имаш шминка, стави обетки, украси се што се вели :lol: , барем за нас женските е лесно да се разубавиме.

    Јас од мала имав разни фризури и со сите се гледав грда (ова како помала), па сега имам долга коса и имам приметено дека долга коса најубаво ми стои на обликот на лицето и јас некако најмногу си се сакам.
    Иначе и јас имав комплекси, за кои сега се смеам, па често знаат да ми речат:нарцис си направена. :P