1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Комплекси

Дискусија во 'Психологија' започната од ForeverYoung, 19 февруари 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    еих :D ..ова ти ствара комплекс??ништо не е тоа може да се среди само треба да се решиш..оди на забар и ќе те средат да бидеш ко глумица ;) :D
     
  2. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    Фала ти!!! Планирав летово да правам операција, морам да ги средам забите, ама докторката ми рече дека поризично било кога е топло надвор, затоа што се прават поголеми отоци.... Едвај чекам да се средам-Се надевам тогаш ке ми биде полесно
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    незнам можеби е глупаво ама мене најголем комплекс ми се очите :$ имам толку големи,крупни очи и секогаш кога ставам креон ми се размачкува,и не само креон,туку и шминка :?: со ними најмногу се нервирам :devil:
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми се симпатични оние што имаат големи, коколести очи :) Подобро големи отколку мали. А и ова со шминката мислам дека нема врска со очите.
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    А не можеш да ставиш пломба ? Тетка ми имаше простор , и пополни со пломба и ич не и се приметува.
     
  6. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    20
    Уфф имам многу комплекси, а најголем комплекс ми е тоа што имам големи гради и што сум ниска :/
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    и јас имам големи :D и ги мразам :D ама висока сум 170,а сакам да сум пониска,за да си носам штикли и повеке да одговарам со партнеров,зашто иначе иста висина сме :$
     
  8. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    значи јас цел живот патеВ од комплекси. Вискока(т.е.ниска) сум 149, а имам 19 години, цел живот се замарав со ова, ми беше срам да излегувам, да не ми се смее некој...
    после некое време почнав ама баш ич да не се замарам со висината. Па и Наполеон бил 150цм, па цела европа ја освоил :rofl:
    Се ослободив од тој комплекс, тој што ме сака ќе ме сака таква каква што сум.
    Втор комплекс ми беше рамената, многу ми се широки, е ова стварно ми преставува комплекс, ама на пат сум и ова да го решам.
    Се друго мислам дека си е совршено на мене :P
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    6.833
    Пол:
    Женски
    Јас имам комплекс ради ушите...толку ми се грди,уффф :$ :@
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Комплекс што немам пари, а имам ум. За што ќе ми е умот...И така немам можност да киднам од Македонија, а тука умот многу многу и не се цени.
     
    На S.kiki и EleMental им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Немам комплекси во однос на изгледот.Се си имам прифатено,линијата може да се одржува и инсистирам на тоа,а се останато,мајка природа...тоа е тоа.Може не е единица мерка за убавина,ама ми е тамам.Според мене имам убав,бебешки изглед со тело на жениште,имам широки колкови ама складни со остатокот од телото,па се помирив и сега дури и си го сакам задникот.Важно е се да е пропорционално,не е до идеалниот нос,уста,очи,може и се тоа да биде супер,ама се заедно да не изгледа супер.Рака на срце,можда косата сакам да ми е подолга и не толку природно сува и ништо повеќе,ама има шампони ако не па. :D
    Едно имам научено од себе,а и од останатите,луѓето и не сакаат многу убави,слаткушасти луѓе,некако брзо здосадуваат,неконвенционалната убавина освојува.Така да,сакајте си се какви што сте си,ма да секој во даден период си увртува нешто во глава,а хроничен проблем и на најслабата жена е,леле ќе се здебелам или дебела сум.
    Ако не беа комплексите немаше да има модна и козметичка индустрија,ќе се носевме во вреќи за компири прикачени со ковчиња од коковчиња. :rofl:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    До 7мо одд. ги носев сите можни долги блузи и туники на мајка ми, едно 5 броеви поголеми да си го сокријам задникот :D
    Секогаш сум била со 5 кг плус, никако не можев да се помирам дека ете, сите другарки во одд. се слабички, само јас на систематски одам над просечната тежина. :D
    Еден ден ми здосади и си облеков пократка маичка, симпатијата ме виде во школо и ми рече дека имам многу убав гз! :D

    Толку, бај бај комплекс! :D Дали детето лажело или не, ЈАС важно се погледнав во огледало и сфатив дека си го сакам задникот, генетика бре, баба, мама, јас... :)
    Среќна сум што ми е убаво во сопственото тело, не се срамам да го покажам, нормално знам какво е и што му фали и си правам шеги на сопствена сметка. Важно не трчам до морето со крпа на задникот пред да влезам во вода. :D Да не се лажеме, не се ни осудувам да се стегнам во нешто што знам дека нема да и ласка на мојата фигура.

    Кога почнувам диета, само си кажувам... Не се направи ваква преку ноќ, нема ни да ослабиш преку ноќ...
    Се прифатив себе.
     
  13. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    и јас имам разделени заби, но напротив многу си ги сакам :lol: пред 7 год носев протези, но сега ги сакам вакви :$
     
  14. ELLen

    ELLen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    isto i mene mi se dslucuva,no,pocnav da ja citam knigata na L.Ron Habard i veke pocnuvam da gledam poinaku na nekoi raboti :) SE vika Dijanetika(moderna nauka za mentalno zdravje) procitajte ja dokolku mislite deka imate nekoj skrien neprijatel koj raboti protiv vas bez razlika kolku mnogu se trudite da opstanete.-Toj i navistina postoi :))
    knigata e malku obemna (616) ama mnogu pomaga :)
     
  15. 023

    023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Сметам дека луѓето кои имаат набиено некој комплекс е резултат на недостаток на самодоверба. Многу нормално е дека никој не е совршен..секој си има маани. Но комплекс е нешто многу поголемо од маана..ако имаш комплекс значи цело време си опседнат/а со (нештото)...Јас имам говорна маана..Фаќам на (С и Ц). во основно многу ме реметеаа..а јас се чуствував понижено и многу се нервирав...Кога тргнав у средно никој не ми префрлаше за тоа и мене тоа ми беше чудно.еден ден на еден форум си начекав тема за говорна маана...читав како на повеќето тоа им е слатко...(блабла.) Сега можам да кажам дека ништо не ми преставува комплекс..и дека полна сум со самодоверба....за било што...и никогаш не треба да ги ставаме мислењата на другите пред нашите...Ако некој ви искоменитра дека нешто ви фали...Ич да не ви чуе ;)
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Комплекси се набиваат уште од мали нозе. Уште од кога почнува детето да оди во училиште се појавуваат комплекси само не сме свесни за тоа. Многу влијае тоа во понатамошниот живот.
    Ќе ви ја раскажам накратко мојата случка... Ме запишаа во прво одделение. Се најдов во нова средина каде што никој не познавав. Така мала и преплашена седев додека ја слушав наставничката со пискотливиот глас.
    Уште првиот ден, таа си назначи свои миленици/чки. Почна само нив да ги форсира. Лесно се лутеше и при мала грешка се случуваше ние, дечињата од пониската "каста" да изедеме сочни шамарничиња пред целиот клас.
    Класот беше поделен на побогати и посиромашни. На дечиња чии родители се обични работници и на дечиња чии родители се инженери и професори.
    Воопшто и не беше чудно тоа што се знаеше миленичињата дека беа на оние побогатите, иако истите незнаеја ниту реченица да прочитаат. На нив не смееше прав да падне, а доколку ние, дечињата на обичните работници го јадевме дебелиот крај.
    Тука веќе губиш желба за учење покрај наставничка која што те тепа и дечиња кои имаат IQ помал од бројот на чевлите што го носат, а сепак се "подобри од тебе". Сметаш дека доколку продолжиш да се надградуваш себеси тоа ќе биде за џабе затоа што никој нема да го цени истото. Како дете очекуваш пофалба од наставничката колку добро си ја сработил твојата домашна задача, и свесен дека е добро изработена, пофалбата ја добива некој друг.
    Ти се рушат сите надежи и автоматски доживуваш комплекс на пониска вредност иако знаеш за своите квалитети, знаеш дека СЕКОГАШ некој поглуп ќе биде посупериорен од тебе.
    Јас рака во оган ставам, дека да немав таква наставничка каква што имав од мене ќе биднеше одличен ученик и студент со погледи кон иднината.
    Знам колку вредам, ама немам никакви амбиции, се ми е срушено уште од мали нозе. Знам дека секогаш тој некој глуп ќе биде пред мене. Едноставно немам надеж за подобра иднина. Земајќи во предвид и дека сум песимист тежок.
    Тоа е еден огромен комплекс, кој ти е створен уште кога не разбираш што е тоа ти се всадува во главата и живееш со него.
    Во држава како нашата тоа никогаш нема да се искорени. Секогаш оној глупиот ќе го ставаат пред паметниот затоа што глупиот е дете на инженер, професор, доктор и.т.н.
     
    На ani22 и angelce1 им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    ^^ Зарем ќе дозволиш да се помириш со судбината и да останеш на исто ниво?
    Секој има шанса да успее- точно патот на децата на работници е потежок и трнлив, треба многу да докажуваат дека вредат, но сепак не завршува во провалија туку има точна цел.
    Точно дека до целта ќе треба да поминеш повеќе километри по страшни кривини и но нерамен пат, а некој привилегиран ќе оди по автопатот- но на крајот и двајцата ќе стигнета на целта, но со една разлика- ти ќе имаш насмевка на лицето, бидејќи сама си стигнала до целта.
    Можам да ти набројам еден куп личности кои сами, со сопствен труд излегле од сиромаштијата, се образовале и станале луѓе и тоа не на Запад туку во Македонија.
    Најважна е вербата и позитивните мисли.
    Ова што ти го пишувам не се само празни зборови туку навистина е така и верувам во твојот потенцијал и затоа не сакам еден комплекс од детството да дозволиш да те жигоса за целиот живот. :hug:
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Мене и ден денес ми смета тоа кога некој на ненаучено и со многу полесно ќе си добива 5ка...а некој ќе се скапи од учење професорот ќе го измачува цел час,ќе го врти по тавани и пак 5ка.Но има разлика огромна од првата и втората 5ка.
    Оваа љубомора спрема одредени деца ми е создадена уште од 1во одделение и трае до ден денес еве веќе 4та година сум средно.Мајка ми често ќе ми речеше да не се грижам за другите да си гледам за себе...но не е така кога некоја со која седам на иста клупа ми кажува :''овој професор го фатив за пријател,овој ми е,оној'' и тоа е некој ќе се труди цел живот,а некој ем ќе си ужива и мака нема да види ем супер оценки ќе си има.

    И друг комплекс ми е стомачево,не ми е големо но и не ми е скрос онака рамно,а многу сакам стомачни и стварно вежбав,набивав кондиција и па џабее
     
  19. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Со изгледот не сум имала никогаш некои големи комплекси освен во 7мо одд. кога наеднаш пораснав неколку сантиметри па бев највисока од класот и се плашев да не станам премногу висока :D - но мој најголем комплекс во тој период беше тоа што сметав дека сум неинтересна и досадна во друштво бидејки некогаш немав големо друштво и многу пријатели но сега по неколку години сватив дека е подобро да имаш неколку вистински пријатели отколку 100 кои ќе ти прават лице :)
     
  20. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    јас како малечка си имав компелкси со моите нозе...дека ми беа многу слабички.....и секагша се растажувава на таа тема,а другарките знае дека таа ми е болна точка и кога ќе се скаравме ме удираа веднаш таму....но кога велгов во пубартет и кога ми дојде меструација и станав сесксуално активна,и носењето на штикли сето тоа се измени,не само што нозете ми дојдоа во нормала и газето дојде до израз и цицињата ми пораснаа и се извисочивме малку(не дека сега ум многу висока)но си станав на исто ниво со другарките обично си делев како по ниска....па ете после неколку години сето тоа се смени и сега од своето тело сум задоволна,и нозете ми се убави и сум секси цура :$ :lol: