И мене исто аннни имам слаби нозе додуша јас цела сум си слаба и намерно ми зборуваат само за тоа.Но јас повеќе би рекла дека е од љубомора затоа што сите тие се крупни а јас и покрај тоа што сум слаба изгледам згодно и секси,а само да ме нервираат леле колку си слаба.И сега им велам не сум јас слаба вие сте дебели!
ич да не ти е гајле....и јас така си се нервирав ама сега веќе се си дојде во нормала....можеби после бременост и тебе ќе ти се измани телото па ќе бидиш згодна мамичка....
Мене пак до пред неколку години ми беше комплекс тоа што делувам многу млада во лицето,бејби фејс кога бев средношколка коса ми се креваше кога продавачки во бутик ке ми речеа "а ти моме кое оделение си?" јас веќе скоро матурантка а тие кое оделение сум,и не само во бутици и во многу други ситуации мислеле дека сум помлада,дури се чудат,се нервирав стварно!Ама приметив дека последната година,година ипол некако ептен се разубавив во лицето,поженствено ми стана,сега не ми е толку baby
Ах тие комплекси колку можат да не обесхрабрат... Не сакам да звучам дигнато, но многу луѓе ми имаат кажано дека сум многу убава, дека имам тело како риба, многу убави зелено плави очи, прекрасна насмевка, дека прекрасно свирам гитара и дека одлично пеам... Но зошто јас не сум срекна поради тоа ... Одговор: патам од комплекси ... Моите родители во текот на моето детство постојано ме навредуваа и умаловажуваа, потсмеваа што до ден денес им го паметам секој збор и немам ни трошка самодоверба. Но зошто кога сум културна, педантна, одлична ученичка, позитивно амбициозна, душевна храна ми е да им помагам на луѓето. Зошто моите толку малку не ценат и мене и сестра ми. Сите луѓе кои го приметуваат тоа редовно ги прекоруваат, но попусто. Исто така комплекс ми е што сум од село ако сум била и во Грција, Романија, Турција, Црна Гора, Бугарија... секојпат го кажувам градот, а не селото иако многу си го сакам. Комплекс ми е што не одамбаш правилно и како женско, некои не ми замеруваат за тоа но моите на носот ми го искараа (( Имам многу пријатели и одличен пријател сум и сакам кога ке ги насмеам макар на моја сметка, но зошто сум толку безвредна за мама и за тато... Понекогаш си го мразам животот... Хелп ми плис
Сега немам комплекси, но порано имав многу. Носам очила од прво одделение и децата се шегуваа на моја сметка, па често си одев дома расплакана, ги фрлав не сакав да ги носам, но мајка ми беше упорна за што сум и сега многу благодарна. Во прва средно ставив леќи и сите беа задоволни, освен мајка ми, зошто гледаше секое утро која е маката да ги ставаш, а ти се спие, или навечер одвај гледаш, а мораш да ги извадиш. Но, сега веќе не носам леќи и никогаш повеќе не планирам да ставам. Се чувствувам многу убаво кога ќе се погледнам со очила и многумина ми имаат речено дека прекрасно ми стојат и дури не се ни забележува. Имам и не така прави нозе со мускули, кои порано многу ги мразев, дури несакав штикли да носам за да не ми се истакнуват мускулите уште толку, но многу момци ми рекоа дека имам преубави нозе, па сега не ми е проблем ни штикла , ни пократко Тоа што ние мислиме дека не е убаво на нас е зошто така гледаме, а на многумина им е симпатично. Бившиот има многу крв нос, ама мене ми е многу симпатичен.
Порано како помала кога бев во пупертетот имав комплекс дека имам клемпави уши и голем нос енес не патам од никаков комплекс... среќна сум и со ушите и со носот!
Јас и мојот комплекс - Клемпави уши. Моите дома се обидуваат да ме убедат дека не ми се, дека има и луѓе со многу поголеми уши од моите, по напрчени, но моите очи во огледалото гледаат нешто сосема друго. уши со 3 прста луфта отпозади. Секогаш се смеам со брат ми кој да ми помогне ми вика: Ани не прави операција, зошто откако ќе ја направиш па сите ќе сакаат такви уши да имаат и после пак ли пари да даваме за да ти бидат со луфта. Сега ми е смешно и се смеам, но подруго е кога ќе видите разни фризури на нет и посакувате да ги направите, но кога ќе се сетите Дамбовските уши и готово се откажувате. Имам и другарка која со мене учи и често си се смееме за нашите уфциња.
здраво!јас имам комплекс дека не сум толку вредна,секој секогаш е подобар од мене во се!во школо,физички изглед!понекогаш сум исполнета со самодоверба но многу брзо ја губам!тоа многу ми смета.никогаш нема да успеам во ништо ако продолзам така!ако мозе некој совет.благодарам
нема човек без комплекси.всушност никој не е совршен.и јас како и сите си имам по некои маани кои страшно ме нервираа и ми беа комплекси во пубертет,но сега сфатив дека тоа не го одредува човекоѕ и фала богу не е нешто најбитно во животот...и за тоа веќе ич не се замарам
Мислам дека имам клемпави уши многумина ми рекле дека само претерувам, но никако да соберам храброст да ја врзам косата
Порано многу се нервирав, сега понекогаш - како ми е денот, поради тоа што "фаќам" на с, ц и ѕ и шушкам на ш, ч, ж, џ. Поради тоа понекогаш не е многу разбирливо што зборувам, и кога сум настината и ми е затнат носот не можам воопшто да изговорам ш, ч, џ и ж. Што да правам, нема помош, не се лечи. Дел од мене е, си го прифатив, па кој што сака нека мисли. Носам наочари со многу мал диоптер само поради тоа што ми бега окото навнатре кога сум уморна. Баш поради ова не можам да носам леќи, а со наочарите пак не можам маскара да ставам ни еден слој бидејќи и природно имам долги трепки. Кога ме фаќаат периоди, многу се нервирам, но повеќето од времето не се замарам. Не сум совршена - па што ако? Никој не е.
Мене едното уше малку ми е клемпаво и ми беше срам да му кажам на дечко ми и му кажав после толку време зошто се изнервирав . Ама ми го сака тоа увце и не ми смета веќе Будала сум ама па ми сметаше бе ..
многу сум ископлексирана на мојата тежина секој ден се гледам на огледало и мислам дека сум се здебелила а сите останати ми викаат дека многу сум слаба.. ама психата ме излудува
Ахххххххх моиве големи гради.... Си ги сакам зошто многу ми завидуваат на нив, бидејќи се добро оформени и се држат самите високо... Но сепак си го имам тој комплекс
i jas imam kompleksi deka imam golem nos i deka sum grda i kazete aj kako da si pomognam za da nemislam taka?
секој пати од комплекси, само шо кај некој се поизразени, а кај некој не, пр.јас во глобала сум задоволна од самата себе, не дека изгледам кузнај како или дека сум светица, ама си се имам прифатено сама себе и ако не се прифатиш сам, не можиш од никој да бараш да те прифати таков каков шо си позз
сигурна сум дека имаш мн други убави работи на тебе (физички) или во тебе едноставно таква си се родила прифатисе дури напрај шега на твоја сметка и кога другите ке видат дека не се страмиш од себе ке те прифатат и нема да обрнуваат внимание на твоите недостатоци се надевам дека советот ти користи позз
Порано имав комплекс дека сум дебелка (не дека стварно сум, ама ете) али со тек на време приметив дека подобро да сум ваква отколку да сум премногу слаба па да неможам еден корсет да пополнам
Jaс имам комплекс со моето ‘‘Р‘‘. Неможам, и неможам да го кажам убаво! И моето стомаче, ама кога одам секогаш одам со вовлечен стомак, така сум навикната и не ми се познава. И мој не многу голем комплекс ми се веѓите, ама што е тука е си се сакам таква каква што сум.