1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Комплекси

Дискусија во 'Психологија' започната од ForeverYoung, 19 февруари 2010.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    носот, премногу си го мразам :(
     
  2. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Како мала бев дебелка и сега цел живот дебела се гледам, ама добро е што увидов дека само јас го гледам тоа. А еден посериозен комплекс ми е тоа што не можам ни до продавница да слезам ако не сум средена, мислам сите зјапат во мене. Ме нервира оти ми одзема време, секогаш ми треба барем пола сат да се спремам пред да излегувам некаде. Ако јас не се бендисам самата пред огледало можно е цел ден наопаку да ми оди. Ми се има случено цел ден нурната со главата да одам и да не застанувам со луѓе да се поздравам оти не сум имала време да ги средам веѓите, срам ми е, а всушност едно-две влакнеца штрчат само. Си се помирив со ситуацијата и станвам 2 сати порано да се спремам. Можи нема да сум наспана ама нема да се понашам ко фрик по улици.
     
  3. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    И јас порано си имав комплекс, ама си го излечив.Во 7-мо одд си го скршив носот, кој ми беше иначе со нормална големина и од тогаш почна да ми расте коската.Е тогаш ми настанаа проблемите т.е. моите комплекси.Си ги носев 4 години и да ви кажам не можев повеќе да трпам така да изгледам со пораснат нос плус и искршен почна да ми смета и во дишењето, па затоа се решив да си направам операција.Си го разубавив т.е. ми го смалија, и сега сум сосема задоволна од мојот изглед надворешен.
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е нормално секој човек да има комплекс, кај некои тоа е поголем проблем а кај некои минимален. Мислам во природата на човекот е да биде вечно незадоволен, постојано нешто да му фали. И да е најубав на свет(така да се смета самиот), најбогат, да ја има сета среќа... оваа комбинација е невозможна, но пак и на тој човек задоволен со СЕ’ пак ќе му фали нешто и пак ќе има некој комплекс.

    Моментално мој мал комплекс ми е тежината(па морам да ослабнам малку бе луѓе :D )

    Инаку за тоа како да си помогнат луѓето што патат од комплекси(оние хронични) е да се прифатат онакви какви што се и сметам дека единствен лек им е самодовербата - истата онаа која им недостасува. :nod:
     
    На Vivaforever му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Секој може да си најде мана кај себе и доколку таа мана се преувеличува и преминува во постојано размислување за неа, емоционалано врзување за неа, тогаш тоа е всушност комплексот. Тоа е некој недостаток на самодоверба кај човекот. Човек треба да го пронајде прекрасното во него и тоа да му биде замена за комплексот. Секој е убав на свој начин. Можеби нештото што не ни се допаѓа нам, всушност другите не го ни забележуваат или пак им се допаѓа. Најважно е да се прифаќате себеси онакви какви што сте, зашто ВИЕ сте тоа. Размислете само колку полоши работи има на светов, отколку време и енергија да трошиме размислувајќи на нашиот комплекс.
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Ауф, темава.. Имав порано страшен комплекс заради устата, ич не си ја сакав, зашто ми е мала и не ми е полна. И после почнав да се убедувам дека ако имав поубава и полна уста немаше да ми личи со остатокот на лицето и ќе изгледав грдо. Ајде тоа ми помина, сега си имам одреден комплекс за забите. Не ми е нешто голем, ама како што ги гледав сите луѓе во уста, каква им е, дали им е голема или мала, некој ќе отвори уста, ми збори нешто, а јас се во забите ги гледам, какви убави заби имаат. И на пример на слики ги гледам насмеани глумици, пеачки и се воодушевувам какви рамни, блескави и бели заби имаат, а јас немам. |( И жал ми е заради тоа, ама ќе си носам протеза, што да правам..
    Инаку другарка ми си има гоолем комплекс за носот. Постојано ме прашува дали и е убав, дали и личи на лицето, каква форма има, дали едната носница и била поголема од другата, дали носот и одел на криво.. И цело време си го подига носот, а цело време и викам да не прави така, зашто и се прават набори горе, целите црвени и си го упропастува носот. Така правела и сестра и, и носот и се подигнал нагоре и целиот и е прчест, а имала многу убав нос. Не дека сега не и е убав, ама сепак. Нормално е човек да е незадоволен од одреден дел на телото, сега тоа може да биде минимално или ептен да се замара. Јас сум доволно задоволна од моето тело и лице, и воопшто од себеси и не дозволувам комплексите да ми ја срушат таа слика и да се чуствувам лошо. :!: Си го сакам телото и знам дека имам недостатоци, ама што да правам, неможам тоа да го сменам.. Тоа ми дала природата.
    А еве јас имам крив нос, т.е коската ми е искривена и подигната и тоа ми го прави многу грозен носот.. И имам сто пати полош нос од другарка ми, па ништо. И другарка ми има голема коска на носот и и рекле дека е многу слаба, затоа и се појавила ( зашто ни еден од родителите нема таков нос.) И јас сум исто слаба ама не дотолку а и татко ми има таков нос. Можеби ќе направам операција, но не сега, кога ќе пораснам, за да ми се отстрани коската или сеедно да не се познава толку.
     
  7. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Сакај се себеси прво за да те сакаат и другите !! :)
    Комплексот е страшна работа,не дозволува луѓето да ги видат вредностите во нас,не прекриваат целосно.Но,пак би рекла тоа може да се контролира и од самите нас,сепак произлегува од нашата психа.Од јаки комплекси не сум излегувала 3 месеци од дома,која будала ееј :worried: .Сега ги решив некако,но пак живеам во оној страв да не добијам некој трет ако зјапам предолго во огледало,а тоа ми е хоби што би се рекло :D
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Ауф и како можев да ги заборавам и нозете, мада не ми се толку голем комплекс. Ама стварно ми се ептеен слаби а кај листовите многу мускулести, зашто одам неправилно. Јас штикла ако облечам, ќе се испокршам целата. А за кратко да не зборуваме, мразам сукњи и фустанчиња! Одвратно ми изгледаат нозеве. Кај листовите видно мускулести а потоа стапчиња живи. А од колената нагоре океј ми се, ама надоле :x
     
  9. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    имам доста комплекси и не се справувам баш најдобро, а кога сум со другарки најчесто ги прекривам... :worried:
     
  10. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Физичките комплекси се мање-више излечливи...што правиме со психичките...јас патам од комплекси цел живот,еден лечам,друг наоѓам и се така...имам родители интелектуалци,за кои што најбитно секогаш беше да јас бидам одлична у школо,јас несмеев да направам никаков кикс,и кога се беше нај ок,кога се трудев од петни жили и они беа пак разочарани...секогаш...идеме даљје...кога имав 10 години со моите се преселив во Скопје,во петто одд и сите знаеме нели дечишта ко дечишта какви злобни знаат да бидат(а посебно ако доаѓаш од друг град,леле мори мајко), а ја и по природа сум си срамежлива,повлечена,незнаев да се одбранам...имам пеги и црвена коса,бев ниска и анорексично слаба,ми викаа дека сум грда,другарките ми викаа дека им е срам да излегуваат со мене...се гледав во огледало како чудовиште,секоја вечер пред спиење се молев да ми се исчисти лицето кога ке се разбудам,да бидам ко другите деца,да му се свиѓам на тој што ми се свиѓа...ах....болни моменти...основно заврши,почнав средно,таму работите беа по ок,пак по цивилизирани луѓе има во средно,али имав друг проблем...живеевме под кирија со моите, и нон-стоп се селевме и потсвесно поради селењето,поради фактот што никогаш сум немала дом,многу тешко се врзувам со луѓе...заврши и средното и тогаш моите одлучија да се иселат од Скопје,а јас да останам на факултет...останав буквално сама...физичките комплекси ги надминав,сфатив дека сум многу поубава од тие кретените што ме исмејуваа,висока сум 175 см и прекрасно градена...но,психичките комплекси ги имам сеуште...моите не беа способни да ме финансираат за да го дозавршам факултетот,живеев на милион места,се селам на секои 2-3 месеци,најдов работа,барам уште една и се борам сама за живот...се што имам,имам благодарение на самата себе,ама зашто ми е уште битно што мислат другите...во врска сум 1 година и 1 месец,со прекрасен дечко,што ме сака повеќе од се,но јас мислам дека јас не сум доволно вредна за него,едноставно неможам да се помирам дека некој ме сака таква каква што сум...и ко капак на се вчера мајка му ми вика-леле ти греота,сама се бориш,искрено не ми требаше тоа,некој да ме сожалува,може не било кажано со лоша намера,но јас се почувствав како невредна,демек син и може да најде подобра од мене...и сега размислувам да раскинам со него,се плашам да не го разочарам,мислам дека сите во животов сум ги разочарала,на крај крај сигурна сум дека повеќето девојки се повредни од мене...сепак јас сум предодредена да си умрам сама... ;(
    Извинете,може ја отупев,ама стварно ми требаше да се испразнам...
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.419
    E, епа како сакаш да напредуваш со вакво размислување? Немој да му раскинуваш на дечко ти. Доколку тој мислел дека ти не сум доволно добра за него, сигурно досега ќе ти раскинел. Така да продолжи, чим си истерала до тука, можеш и повеќе, само сети се што си проживеала и дека ако досега си можела можеш и понатаму. Биди силна!
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Мразам луѓе кои велат (а и јас понекогаш го правам тоа) „леелеее, види ми носот, устата, раката, коолку сум грозна“, а ти сама да си се видеше во огледало и да си го видеше паметот? Колку и да велиме дека ги имаме (па и јас велам де), секој си е природно убав! Како што рече блу па што ќе ми е мене голема уста кога имам мало лиценце? :?: Секој е граден онака како што му одговара на целата структура..! :) Можеби постојат само некои недостатоци/додатоци кои стварно не’ нервират, ама не треба да си ствараме комплекси! Човек треба да си се сака, каков и да е! Им се восхитуваме на холивудските актерки, а сме се запрашале ли какви би биле тие без нивните козметички третмани, фитнес сали!? Сите сме само обични луѓе и сите имаме некоја убавина во нас, но неа ја приметуваат само другите (тие околу нас) :lol:
     
  13. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Некогаш ме фаќа криза и многу си набивам комплекси сама на себе. Но кратко трае тоа и потоа си велам " Абе убава сум јас, бе!" :D . Тоа се само мали физички комплекси и немам никаков проблем.
     
  14. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74


    Леле Марџ прочитав од почеток до крај се што си напишала и тотално те разбирам како се чувствуваш зошто не ретко ме фаќаат и мене вакви депресиички и мислам дека сите се подобри од мене... Ама знаеш што?? НЕ СЕ! Не се подобри ни од тебе.. Штом ти се бориш сама за себе, за да успееш во животот на чесен начин, автоматски вредиш многу повеќе од тие кои порано како што велиш те омаловажувале, од некои кои сметаш дека се подобри од тебе затоа што се им е сервирано на тацна... Со малку повеќе самодоверба и психичките комплекси можат да бидат надминати тогаш кога ке сфатиме дека вредиме многу повеќе од проценката која сме си ја направиле самите за себе.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас уште мала си имам комплекс дека имам голем нос, а сега и дека сум дебела. Успешно го сокривам тоа, но ужасно ми пречи. Ми ја намалува самодовербата. Дури ме е срам и на купачи да се соблечам зошто мислам дека имам грозна форма на телото. Би сакала да го нема сето тоа и се би било совршено! А и другите имаат по некој комплекс. За сите што изгледаат совршено на муабет со нив открив дека нешто им пречи кај нив. А ние мислиме тие се перфектни. Но јас дефинитивно треба да си ја зголемам самодовербата, пречка ми е тоа за многу работи. :emo:
     
  16. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    marge,штом тој човек е со тебе веке година дена значи те сака и прифака таква каква што си.ако не си била за него или не си го заслужувала зашто би губел време со тебе?како можеш така да размислуваш-не го заслужувам-каква треба да бидеш за да заслужиш нечија љубов??треба да си перфектна,преубава,препаметна,и полна со самодоверба и без мани за некој да те сака?не.
    сите ние какви и да сме,без разлика дали биле дебелки или слабички,со голем нос или со криви нозе,или имале клемпави уши,многу паметни или малку простички,сите заслужуваме љубов.секој човек што дава љубов,заслужува љубов.
    затоа немој повеке да мислиш дека не заслужуваш нечија љубов.или дека некој е нешто повеке од тебе,сите ние сме еднакви,сите сме човечки суштества.е сега кон некои животот бил поблагонаклонет па им дал повеке квалитети или поголема благодет,а кон други не толку,мегутоа секој човек си има своја вредност,свои квалитети,свое значење во овој микрокосмос.
    зборот од мајка му не е кажан со лошо значење,едноставно жената може и е жал што се мачиш,не мора да значи тоа дека она би сакала некоја друга подобра за својот син.поготово не да размислуваш да прекинеш врска поради таков кажан збор.
    другпат кога ке фати да те измачуват вакви мисли само помисли на тоа колку си јака.зошто да живееш и да се снаогаш сама во животот мора да си јака личност.зошто повекето девојки ,додека да се омажат се дома,тато носи мама меси,после ке се омажат,па мажот ја превзема одговорноста.е кога ке земеш да живееш сама,сама да наогаш станови сама да наогаш работа,сама да плакаш кирии сметки и јадење тогаш свакаш колку е тешко,секој не го може тоа,повекето се преразгалени за да би живееле таков живот.така да ти ја имаш силата во себеси немораш да ја бараш од друг,ниту пак потврда ти е потребна за да знаеш дека вредиш.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Marge во никој случај немој да му раскинуваш на дечко ти. Зошто не помислиш поинаку, дека можеби он тебе не те заслужува? Секој што сака, заслужува да биде сакан! Мајка му треба да е најсреќна мајка на светот, што син и има прекрасна девојка, која е способна сама да се издржува, да работи и студира, да плаќа кирии, сметки итн итн, девојка која ја видела суровата страна на животот, девојка која утре и да се омажи за син и, нема да дозволи децата да и страдаат, да немаат за леб а она дома да седи, зошто никогаш не работела тука биле мама и тато, да и биде понижувачко да работи било каква работа за да си ја прехрани фамилијата. Така да нема зошто да раскинуваш со дечко ти, ако он те прифатил таква каква што си.
    До некаде те сфаќам како ти е, имам сличен проблем (барем јас така гледам на тоа дека е проблем) кој моите родители не го сфаќаат сериозно. Во моето семејство во изминативе 2-3 години јас се осекам ко не 13 то туку 26 то прасе. Имам постар брат, добива од моите се што ке посака, додека јас- за мене ако остане нешто :worried: Кога он се запишуваше на факс, и покрај тоа што моите немаат незнам колку мн пари, он одбра да се запише на приватен факултет. Моите, со тоа што рекоа на неговата одлука ок, буквално направија јас да страдам поради неговото студирање, зошто факсот чинеше многу и мораше да се штеди. Додека студираше не работеше, си одеше на факс, искачаше сегде и уво не го болеше за ништо, ко татко ми да е претседател на РМ. Што и да побараше добиваше, а јас ако остане... Кога наполнив 18 год одма почнав да работам, зошто неможев да издржам повеќе, да ги собирам остатоците од него. И патики да ми требаа, чекав до крај на месец ако остане за мене, ако парите не му требаат на брат ми. Моите постојано се вадеа на тоа, он е постар, повеќе пари му требаат итн. Работев цело лето ко идиот, од сабајле до вечер за бедна плата на +50 степени, додека тој се излежаваше дома и уживаше. Кога и да му спомнев најди работа, ми викаше зошто, нема потреба јас да работам, тука почнуваше караница, ми викаше кој како си ја наредил. Сама штедев пари за на одмор и што и да ми требаше да си купам. Пред две години кога дојде ред јас да се запишам на факс, се запишав на државен, за мене моите немаа пари за приватни студии. Си го голтнав и тоа како кнедла во супа што случајно ми се нашла во лажицата. Ова лето бев дури и надвор од земјава да работам, со надеж дека на моите ке им дојде памет и ке се сменат, ама никако. Кога се вратив ми рекоа, нема шанси пак да одиш надвор од Мк на работа, за тебе секогаш ке имаме пари, ама тоа траеше извесен период. Брат ми од 16 години вози кола. Дента кога наполни 18 си ја зема возачката. Јас уште малку 21 ке полнам, уште чекам да дојде на ред на листа на трошоци мојата возачка :( која нема никогаш да ја имам ако не почнам пак да работам. Проблем околу тоа е и кога ке побарам (3 пати во месецот се случува-најискрено) негде да ме однесат, мн сум барала, ок било 1-2 пати ама секој ден??????????????????????? А секој ден сум дома, се случува и да направам ручек и да средам и да исчистам, и кога ке дојдат да ми кажат браво и да ме потапкаат по рамо! Најстрашно е што барам работа и они знаат, и ми викаат зошто да работиш што ти фали вака, одиш на факс и не се замараш со ништо друго. Ми се плаче ми се вришти. Се ова ме убива секој ден малце по малце, јас им кажувам дека ке полудам не ми веруваат. Се надевам дека најозбилно ке ме сфатат еден ден! Само колку многу ме мачи мене се ова што го пишав. Неможам да се помирам, некој да ужива и да си го тера животот како што ке му текне, а друг да се мачи и сам да си се снаоѓа за се во животов. (Ова се само дел од работите што се случуваат и што се случиле, да не отупувам повеке се надевам дека од ова ке ме разберете како ми е...) Нема да ми е криво да е некој друг, криво ми е зошто ми е брат. Е тоа е неправда. ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  18. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    baby,некогаш родителите знаат да имаат различен аршин кон децата.не дека не ве сакаат еднакво,ве сакаат исто,ама ете..може дека е машко он па затоа го разгалиле повеке...кај нас во македонија во повекето семејства е така,уше од мали ги двојат некако децата,машко било не морало да работи по дома,а женското морало да работи да се учи за кога ке порасне да биде домакинка.и на машкото му се поставува и маса само не знае да си стави да јаде,а женското работи се.според мене тоа е неправда.
    може пак твоите родители согледуваат дека е помрзелив,дека не му се работи па мораат тие да му дадат пари,а ти дека работиш,си печалиш сама па затоа..а може и те научиле дека си поскромна дека не бараш многу,дека прекутуваш,па си викаат ке помине она и со помалце,скромна е,а брат ти бара,галами,и на него мора да му се даде.
    како и да е,мораш да се помириш со работите онакви какви што се.да не ставаш на срце,туку да си тераш по свое.зошто со нервоза ништо не се постигнува.впрочем и не може брат ти уше долго да им биде на грб.за некоја година ке мора да се осамостали и вработи.впрочем и срамота е мегу брат и сестра да има љубомора.може имал поудобен живот до сега од тебе.ама незначи дека треба тоа толку да ти е криво.еден ден кога твоите ке ги нема он ке ти остане само најблиска фамилија.може подоцна во животот тој ке ти помогне на тебе на некој начин и ке ти возврати за се.како беше онаа народната "брат брата нерани ама тешко му кој го нема". ;)
     
  19. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Tanja така е се согласувам со се што си ми напишала и фала ти премногу за советите. Само не сум му љубоморна, туку криво ми е зошто така да не делат моите. Зошто јас да морам да се мачам и секогаш да го одам потешкиот пат??? Зошто еднаш мене не ми овозможат јас да живеам како него, да бидам во секој поглед безгрижна.
    Инаку он сега работи, само проблем е што платата не му ги покрива неговите трошоци, па пак се тука мама и тато да пополнат недостатоци... и пак сум јас жртвата, пак од мене тргаат за он да има????? Кога ке дојдам јас на ред, кога ќе побарам нешто одма да ми кажат нема проблем??? За се јас морам да објаснувам, појаснувам и молам. Е за ова се нервирам, зошто кај моите немаат осет, па нема ни он. Никогаш не рекол не треба за мене ете тоа нека биде за сестра ми. Сигурна сум дека он е против тоа јас да полагам за кола, за да не ја земам јас колата за излегување. И како после да не се нервирам???? ;( ;( ;( ;(
     
  20. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Се согласувам со мислењата од погоре , дека секој човек пати од некој комплекс , секој човек има по некој недостаток , факт е дека никој не е совршен. Според мене комплексите настануваат кога некој постојано ти зборува за некој твој недостаток или сл, од искуство зборувам , порано сите ми велеа дека сум дебела и значи сите само за тоа ми зборуваа. Порано многу патев од комплекс дека сум дебела , но со тек на време сватив дека не треба да се нервирам за некои туѓи мислења...