1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Комплекси

Дискусија во 'Психологија' започната од ForeverYoung, 19 февруари 2010.

  1. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Јас немав комплекси се додека еден дебил не ми ги наби. Т.е. секој ден ми зборуваше пред сите ме исмејуваше и морам да признаам дека целта му успеа. Ама после неколку дена кога повторно почна за тоа така му вратив што се заќуте и не знаеше што повеќе да каже. И никогаш на никој човек колку и да ме вреѓа нема да пробам да му набијам комплек, да му викам дека е дебел, грд итн
     
  2. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    Мој коплекс се мали гради. Тажно навистина како нешто што ти пречи знае да те фрли во очај. Имам 22 години и плус мали гради ме прават да изгледам некако помалечка и несериозна.
    Поинаку би било кога би ми биле поголеми мислам би изгледала поинаку повозрасно, али тоа е тоа.
    Не очекувам од сеа да ми растат ќе морам сакала или не да се прифатам таква и најтрагично е што сите до сеа не ми рекле нешто негативно околу тоа.
    Всушност ми викаат и дека ми одговараат на ликот, хм ама сепак друго си е со поголеми.
    in my dreams maybe.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Во овие години тешко некој друг да ми набие комплекси. Не се давам :) Може како помала коа сум се осеќала несигурна, и уште неизградена ко личност, да има влијание некој друг врз мене. Сега не обрнувам внимание ич. Прифаќам негативни коментари, со позитивна намера....ама до тој степен да имам комплекс, НЕ!
    Ако некој се обидува да ми наметне комплекс за физичкиот изглед се смеам, оддамна си го имам прфатено моето тело какво што е, ако пробува да наметне за психа и како е тој попаметен - хаха, а за материјално - не ги перцепирам, кога некој почнува да ги делу луѓето според материјално богатство, во старт го бришам од мојот живот
    И нетреба да си мислиме никогаш дека не заслужуваме некого. Совршенство не постои, а со самото тоа и некој што не го заслужуваме. Секој човек си има и позитивни и негативни карактеристики, а комплексот е само една ооооогромна слабост. Се е во нашата глава

    Јас имав комплекс за ушите. Од мала, не се сеќавам ни како сум дошла до тоа, кога почнав да разбирам не и давав на мајка ми да ми ја собира косата од таа причина. Уште неможев да се облекувам сама :D ваљда во градника сум забележала низ дечињата. Стварно е лоша оваа работа, комплексот. Несакав да зборам со никој за ова, не сакав ни шеги на таа сметка, некако не се осеќав убаво ако некој не многу близок збореше за тоа. Иако биските ме убедуваа дека не е така како што јас мислам, јас си имав слика во глава и никој неможеше да ме убеди спротивно. И го решив скоро ова со операција и сега се осеќам многу посреќна. Иако никој до сега не е забележал промена :D јас си знам и доволно ми е, бидејќи комплексот беше лично мој, а не наметнат
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас отсекогаш бев убаво девојче,кое израсна во слаба и згодна девојка и не патев од комплекси на пониска вредност,знам дека ова звучи нескромно и фалбаџиски,но ете имав среќа во врска со изгледот-бев слаба,а јадев што сакав,не постоеше ни еден дел од моето тело од кој бев видливо незадоволна,ме опсипуваше околината со комплименти,кои ги добивав и од другарки,соученички-не само од спротивниот пол за да се сомневам во целта.Меѓутоа,во периодот на пубертетот кога луѓето се соочува со реални проблеми со дебелина,искривувања на рбет при извишување и слреални проблеми јас си измислував некои смешни комплекси,за да и јас нели се вклопам во сликата на незадоволен тинејџер.Ама,надворешниот изглед престана да ми биде значаен со време.На почеток како и најголемиот број девојки сакав дечко со убав надворешен изглед,ама видов дека врски или обид за врска помеѓу двајца убави посебно на тие год. па сигурно и понатака :lol: -се катастрофа-препукувања поради нарцисоидност,егоцентричност,љубомора и др.негативни чувства.Како што си бев секогаш и одлична,почнав извесен период да патам од комплекс на повисока вредност,сметав дека ретко кој е доволно добар за да биде со мене,па ненаоѓајќи некој соодветен,има некако убедување како дечковците се под мое ниво.За среќа,ја надминав оваа фаза со созревањето и навлегувајќи во адолесценцијата-почнав пореално и поприземјено да се однесувам со луѓето,па и основен критериум ми стана карактерот на луѓето,а физичкиот изглед губеше сосема значење веќе за мене.Сега знам дека изгледот ете е најмногу дело на генетиката,метаболизмот и лично мене фала Богу барем досега не ми треба никаков посебен напор да бидам и останам во добра кондиција,ама сакам околу себе карактерно силни луѓе,со цврсти и изградени ставови и нека звучи колку сака како клише-ја барам и наоѓам внатрешната убавина кај луѓето,која е единствено и битна-во тоа сум сега потполно сигурна на оваа возраст и со ова ниво на веќе изградена свест.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Јас патам од комплекси дека ми е грбав носот и дека ми се клемпави ушите...
    Скоро никогаш не ја носам собрана косата заради ушите ама носот неможам никако да го скријам..
    И уште еден комплекс...сите ми викаат дека сум мн слаба и знам дека сум мн слаба и нз како да се здебелам,нозете ми изгледаат...нз како да опишам..колената ми се...испакнати :^)
    Дома ми викаат дека убави ми биле ушите ама во очите на родителите децата се совршени..ваљда
     
  6. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^ ахах имаме заеднички комплекси :D

    Моите 2 најголеми комплекси
    - ушите..клемпави да
    - тежината..слаба сум, и навистина треба да се здебелам.. порано им се лутев на сите што ке ми речеа слаба си, јади повеќе, здебели се..не сфакајќи дека тие луѓе ми мислат добро, а оние кои ќутат не ми мислат добро..свесна сум дека е така, и ке превземам сериозни мерки околу тоа...
    а знам дека се е до волјата..ништо не е невозможно..и јас ке успеам :devil: :rofl:

    во секој случај мислам дека скоро секој комплекс е решлива работа..бар овие моиве..и ке гледам да се ослободам од нив најбрзо што можам.. :)
     
  7. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    Слично како кај мене ... Само јас со сум мн помала од тебе .. јас си набивав комплекси т.е. ми набиваа љубоморни другарки и сеуште се лечам од тие комплекси ... Јас за моите 14 години сум 172 цм и 52кг ... абе цел ден јадам пијам пивски квасец истата тежина ... али они мн си слаба висока ова она ми стварасе некако комплекси и имав и дури сеуште имам ... кога ке ги викам англеите на ВС некако си се тешам ... Сепак не сум наЈгрд човек на планетава :)
     
  8. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^ кажувањето многу си слаба ова она не треба да ти ствара комплекси..тоа е вистината..и оние кои ти укажувале на тоа ти се пријатели верувај ми.. (погоре пишав околу тоа) и пиењето пивски квасец не здебелува..тоа е витамин, убав,потребен кој придонесува во подобрувањето на ноктите, косата и кожата и можно е да ти даде повеке апетит и со тоа да здебелиш..и јас треба да се здебелам..и ке успеам во тоа, верувам, бидејки сега различно размислувам од порано...го мрзам она "сакај се таква каква што си бла бла" во конткекс на тежината..треба да се сакаме себеси нормално, али треба и да работиме на нашиот физички изглед...дебелките треба да работат на тоа да ослабат, слабичките, да се здебелам...нема тука таква си нема чаре...се е до нас самите.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    Искрено јас патам од овој комлекс оф толку се нервирам имам 21 год а ниска сум 1.47 а за штикли немам шанси носам 34 па неможам да си најдам број не излегувам од дома страв ми е дека ќе ки се смеат... :@ :@ :@
     
  10. elena1347

    elena1347 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    уши, нос, ниска, вискока.... се додека не почнете да се сакате самите тогаш за другите ке изгледате така како што се гледате вие.. и јас сум ниска 1.60 па си се сакам :) на кај краева сите мали нешта се најубави :D уживајте такви какви што се?? убавината и се тоа пролазно, гледајте да сте убави таму каде што другите посакуваат да бидат убави- внатрешната убавина-срцето :)
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Истиот комплекс и кај мене е анфејтфул. Малку е поголем и тоа е единственото нешто што ми пречи на мене. Но баш ми е гајле, каков, таков, не се опседнувам многу со тоа, кога би имала малку повеке пари и јас би направила пластична операција иако имам слушнато дека е многу болно бидејки ја кршат коската на носот. Епа... знаете како велат, being beautiful means pain.
     
  12. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Имам причини за да имам комплекси,но и покрај тоа некако се носам со нив , се прифатив таква каква што сум :|
    Имам клемпави уши и мали гради :'(
     
  13. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    ехее да не набројувам пола од тие работи што ми пречат не се приметуваат а некои се молат да ги имаат.
    На пр слаба сум ни грамче целулит нозе тенки(си ги мразаам) а сите ми викаат ех коа би имала ваква а јас:@ ии ушите ми се таман ама ај ја будала, лицето ми е слабо и затоа ми се познаваат-.-
    носот никаков а сите ми викаат дека ми е добар.. ама тоа е коа ке си зацрташ нешто ти останува ://
     
  14. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Имам комплекс од носот, крив ми е малку, се си велам кога ќе почнам да работам одам на операција :D и многу сум слаба. Ужасно ме нервира кога некој ќе ми каже слаба си, јади повеќе како јас да не знам |(
    Но си тешам дека подобро е да си слаб, отколку некој ептен дебел, а и една комшивка (исто така слаба) вика: Луѓето пари даваат за да бидат слаби, а мене сакат да ме поправат.. Си се тешиме двете :D
     
  15. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Ај едно мутаво прашање :D
    Едни девојчиња се караа. И едното го навреди :swear: другото. И ова другото и' вели:
    Лечи си ги комплексите на други! :^)
    Баш ме интересира што сакала да каже со тоа? :lol:
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    сака да каже дека со тоа што навредува други на некој начин се теши самата себе за комплексите кои ги има. На пример ако јас те навредам тебе дека имал големи уши тоа го правам за да се утешам дека јас имам голем нос. :D
     
  17. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    ок е да се има комплекси,но не и да бидеме опседнати со тоа.едноствно тоа сум што сум и крај има и поружни од мене и готово
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мене ми се комплекс лузните. Имам на двете колена по една лузна.
    Си ги обожавам нозете, бидејќи не се сметам за убава личност во ликот, затоа телото го гледам како огромен плус и ме нервира фактот што тие лузни ми го грдат телото.
    Не се огромни, едната е колку две смајлиња, другата е колку едно. Ама опишав..но не ми текнува друга споредба. :) Едната е на едното колено, другата на другото.

    Порано за комплекс го сметав носот, бидејќи имам коска, не многу голема, сега спротивно од тоа, не ми смета.
    Потоа, косата, бидејќи многу ме зафркаваа во школо и поминував часови плачејќи.
    Малите гради ми беа, но сега не ми се. Не ми е на одмет да пораснат уште малку, но во принцип не сум фан на огромни гради. :)
    Еден период ми беше и задникот бидејќи имав добиено коментари од типот имаш голем задник. -.-
    На едната страна од лицето имам неколку мали бемки, на другата немам ич и тоа многу го мразев кај себе. Сега не им се замарам на истите. :D

    И не знам дали се смета за комплекс или не, но наследено од татко ми сум многу влакнеста и се потам. Поради тоа не носам никогаш маичка по кратки ракави, се плашам да не се познава потта. :/
    Во соблекувална на пример, ги гледам женскиве во зима, сите зброуваат не се депилираат преку зима, а човече ништо немаат на нив, и тука паника ме фаќа. Јас имам цврсто влакно, темно и брзо ми растат, па постојано се тегнам со восок. :D
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^ бидејќи не се сметам за убава личност во ликот, леле би те лупнала сега :D
    вистина е дека ние самите се гледаме на многу поинаков начин од останатите што не гледаат. Значи имаш преубав лик, убава насмевка, убаво лице, цела фаца ти е убава ја незнам што се занесуваш. И телото ти е топ.

    За тие што не си го сакаат носот, ако е некој голем случај, и ако многу ви смета, тогаш направете операција, помалку или повеке, секоја операција е тешка и треба да се издржи.. и само ако навистина сакате да промените нешто и ако и другите ви кажат дека стварно треба..не сега, носот ми е малку крив, браво иде еден милиметар нагоре, и само самите со лупа го гледаме.. -.- незнам каква е таа операција, но ако вклучува кршење на носната коска, и да имам крив нос, тешко дека би идела...уфф страшно..
    за моите комплекси кажав, тежината и ушите.. решение - ке се поправам и ке направам операција на ушите :devil:
     
  20. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    хммм, комплексите полека исчезнуваат кај мене :)
    а многу беа... ама баш НИШТО не ми се допаѓаше кај мене, се мразев себеси, само за тоа мислев :worried:

    ама сега... Mission Accomplished ! :angel: :clap: