истово... освен ова со ушиве, носов дека не престануваат да растат... немој сеа ваква уште повише да се искомпексирам не дека сум премногу искомплексирана ама ете си имам по нешто... незнам сега што друго би издвоила
Sega sum vo onie tinejdzerski godini kogo fizickiot izgled ni e najbiten. Imam ubavi plavi oci i ne sum debela no postojano sum opsednata so mojot izgled. Najtragicno e toa shto jas nikogash ne sum zadovolna od toa kako izgledam i postojano mi e vo glava toa deka sum grda. Kazete mi nekoi trikovi za razubavuvanje, ili dajde mi nekoj sovet VE MOLAM , vi blagodaram odnapred [mod-kirilica:vvpsnss4][/mod-kirilica:vvpsnss4]
ve molam za pomosh Самата си кажа, и јас во тој период бев иста. Каков трик за разубавување сакаш?? Јас никој пат ништо посебно не сум користела. Сега кризата ми помина. Верувај и тебе ќе ти помине.
Според мене најгрд дел ми е носот, сличен како на Ријана, но малце помал и постојано сум окупирана со тоа и ми стана голем комплекс
ve molam za pomosh Абе срцко, секој мора да има маани. И јас имам, немој да мислиш дека немам. Имам нешто што ми смета, но не дозволувам да ми стане комплекс.
И јас имам маани,но научив да живеам со фактот дека не сум СОВРШЕНА. А никој не е. Според мене најдобар совет кој некој може да ти го даде е да научиш да живееш со фактот дека имаш маани,а сите ги имаме никакви трикови не можат да ни помогнат на пример за голем нос или нешто друго можеме само да научиме да живееме дека тоа е дел од нас.
Никој не е совршен. Сите имаме маани, и јас ги имам. Но не сум опседната со нив, тоа не ме спречува да живеам нормално и да се сакам себеси таква каква што сум, а кога ќе се погледнам во огледало сум задоволна од себе. Не си дозволувам да имам комплекси.
ова го поштовам. нели, никој не е совршен ? задоволна сум со тоа како изгледам. некој можеби и нема да ги забележи малите недостатоци,мани кои ги имате се додека сами не се ’’пожалите’’. Секогаш гледајте да ги истакнете убавите страни а да ги ’’покриете’’ недостатоците.
Порано имав разни комплекси:дека сум дебела, имам голем нос, итн, итн...После некое време сфатив дека сите тие работи можам да ги средам и така си се ставив на диета и фино завршив работа.Сепак, најдобар совет од мене е да се прифатите такви какви што сте затоа што тоа по што се разликувате ве прави да бидете посебни, да се издвојувате од стадото пластични, вештачки овци со три кила шминка на лицето
секој нормален човек има комплекс.. особено ние жените.. не си ги сакам нозете криви ми се,дебели..никакви !
Повеќето од комплексите сами си ги создаваме. Дамбовски уши. И што дека имам? Мои си се и се тешам со тоа дека малку сме со вакви ушенца со луфта. Имав и сеуште имам проблем што не можам да ја кажам убаво буквата л, но избегнувам некои зборчиња каде што стварно се приметува дека не можам да ја изговорам убаво. Се учам, се трудам, ама кога не иде, не иде. Лузната од пола метро. Го претерав ова, али жива мера. Единствено ми е тоа што луѓето кога ќе ја видат, ме гледаат онака со сожалување. Сама си се комплексирам.
Комплексот е всаден длабоко во секоја личност и најмногу доаѓа до израз, во периодот помеѓу пубертетот и 40 година од животот, кога творечката способност на една индивидуа е најизразена, кога најмногу човекот е во состојба да се избори за своето место под сонцето. Во прво време станува збор за комплекс, а тој подоцна може да созрее и да се појави во форма на фрустрација.Тинејџерските години не преоптоварувале со тоа, дали имаме акни, дали носот е грбав, дали забите се криви и сл., повеќе задржувајќи се на сопствениот изглед. Подоцна, кога животот станува поле за натпревар, кога амбициите го диригираат нашето однесување, кога секој е во трка за градење на својата кариера и дооформување на личноста, комплексите стануваат поизразени, понекогаш се користат како одбранбен механизам на самата суета, но за жал, во најголем број случаи преминуваат во фрустрации.Личноста секогаш копнее кон тоа, да го компензира на некој начин недостатокот, односно комплексот и тежнее кон поголеми успеси. Но, во некоја рака, комплексот е тој што не турка напред во животот, ни дава мотивација да бидеме подобри и поуспешни. Меѓутоа, никогаш не треба да дозволиме комплексот да стане единствениот двигател на организмот.
Од време на време знам да си набијам некој комплекс. Ама кратко ми траат најчесто, максимум една недела, потоа заборавам со што сум се измачувала. Кога бев некоја година помала, си удирав комплекс поради подочњаците, мислев дека ми го прават целото лице грдо и имав период од некој 2-3 дена кога не сакав од дома да излезам поради нив. Сум плачела, сум се трескала од земја, ама сега кога ќе ми текне на тоа, слатко си се смеам. Не ми се повлечени сеуште, ама едноставно научив да живеам со нив, сфатив дека не сум единствената и дека милиони и милиони луѓе го имаат истиот проблем, тоа не ме прави фрик. Си ги „лекувам“ со соодветна козметика, колку толку ми помага, а од одамна сум соочена со фактот дека ќе си ги носам цел живот и дека лек нема. Последниот комплекс што си го набив ми беше поради бутките, нешто ми се имаше увртено во главава дека сум дебела и дека имам огромни свински бутови. Не знам ни самата од кај ми беше тоа, али знам дека многу се измачував со глупостиве, цело време зборев само за тоа, се устручавав од јадење благо и слично, а кога ќе ми речеа дека изведувам само без врска, се дурлев ко задњи идиот. Тоа си е тоа, знам дека не сум совршена, но кој е? Секој си е со своите маани, поентата е да научиме да живееме со нив.
Како и секоја девојка и јас имав комплекси. Ама со тек на време сфатив дека се што е на моето тело не е така како што си го замислувам. Прифатив дека сум една и единствена и дека има милион други девојки кои би сакале да го имаат моето тело (како што и јас некогаш посакував да имам тело на некоја манекенка). Потоа сфатив дека јас сум манекенка, поубава од другите на свој начин. Така полека, полека си ја изградив самодовербата. Сега сум полна со себе, најдобра сум во класот, најубава (за себе, а и за некои други ). Едноставно заклучив дека јас сум јас и никогаш нема да бидам некоја друга и нема да го имам нејзиниот добар живот, туку дека ќе го имам мојот совршен. И верувајте девојки нема ништо подобро од тоа да ги сакаш другите, но секогаш малку повеќе себеси. Како што вели Samantha од Sex and The City: " Ќе кажам една работа која не смеам. Те сакам... но се сакам себе си повеќе. Јас сум во врска со себе веќе 49 години и тоа е она на кое што морам да работам." Затоа сакајте се и ќе бидете сакани
Комплекс?! ..од каде да почнам ?! Иако често знаат дури и непознати личности да ми дадат убав комплимент, јас сум крајно искомплексирана личности но само на моменти Некогаш кога се огледувам си ги забележувам убавите црти, а некогаш па ништо убаво неможам да си најдам кај себе Имам мали гради и тоа ми е најголем комплекс, до скоро во моите комплекси се вбројуваше и тоа што сум висока 175 cm, а имав 48 кг...Но, ете бавно ама сигурно се здебелив и стигнав до 52 4кг ама одма се примети, така да од тој комплекс "се излечив" ... Се надевам дека еден ден и градите ќе ми потпораснат иако сметам дека после 20тата година тоа потешко се случува, но никогаш не се знае
во последно време ушите ми се комплекс кога ке ја соберам косата во репче и кога ке се погледнам во огледало си викам леле ама ми се големи ушиве и тоа стварно ме нервира
И јас така, некогаш ќе ги забележам убавите црти, а после неколку дена... лелееее.... како од гроб излезена... Мислам дека тоа е делумно и поради расположението. Сум приметила кога сум депресивна, кога ме боли глава или стомак, или имам добиено, или ненаспана, или едноставно не ми е денот - лицето ми е побледо, истоштено, како остарено...