Имам комплекси и тоа многу за ушите, за косата,за тежината а знам дека не сум дебела ама ете тоа е што да се прави јас и моите бубачки во глава шо ги имам
Па... секој кога ќе се загледа во огледало ќе види многу несакани работи, но кога ќе размислиш колку полошо тоа изгледа на други... доаѓа надежта.
Имав комплески со мојот задник,мислев дека ми е многу голем но сега сваќам колку ми е навистина убав и каква женственост во мене ствара Немам некои комплекси,но не си ги сакам баш нозете
Deka sum debela 24/7 velam Ama pak i ne se zamaram mnogu za tie raboti-Nikoj ne e sovrshen [mod-kirilica:18e8ebrc][/mod-kirilica:18e8ebrc]
Како мала имав комплекс дека имам ниско чело, па си ги избричав шишките. Последица-цели 3 месеци се шетав со платнено венче на глава. Сега на моменти ми се јавуваат комплекси за целулитот што го имам и за 5те вишок килограми. Ама не е нерешлива работа. Со малку повеќе труд и волја ќе си го постигнам своето. Покрај тоа, имам мали гради, еден број поголем градник да носев ќе бев посреќна. Но, кога се спремам за излегување и кога сум убаво стокмена, кога ќе застанам пред огледало ми се бришат и комплексите за малите гради и вишокот килограми. --- Сума сумарум, убаво си се чувствувам во кожата и среќна сум што немам "патолошки" комплекси, како некои други девојки, кои живеат со нив.
Комплекс единствен и најголем ми е кога ке накачам некое кило! Абе едно да е, јас го гледам како сто! инаку, се сакам тоа што сум во сопствената кожа, и така неможам да се трампам за никоја друга!
Кога ќе видам какви ружни суштества немаат демек ниеден проблем со самодовербата, одма ги снемува моите. Нема човек без комплекси, ама никогаш не давам да знаат другите, само тоа чекаат злобните.
Секој човек има недостатоци, меѓутоа некој им дава поголемо, а некој помало значење... Прво патев од комплекс дека имам вишок на килограми,иако сите останати го велеа спротивното... Држев диета, почнав да одам на фитнес и сега имам совршено тело Друг комплекс кај мене е носот. Значи многу си го мразам Малку ми е крив, и планирам да завршам средно па да одам на операција Знам дека никој не е совршен, али сепак тоа е посилно од мене... Опседната сум со носот... Не можам да комуницирам со луѓето, ми ја намалува самодовербата..Секогаш го кријам Поради тоа станав многу повлечена, не сакам ни да излегувам... Во школо мислам дека дека сите околу мене ме мразат и ме сметаат за лоша личност поради тоа што се изолирам од сите и сум многу срамежлива
Леле луѓе помагај те! Ова е веќе страшно. Имам комплекс и неможам да се ослободам од него. Помагај те каже те ми како да се ослободам. Имам високо чело , а не е високо многу значи така така....ама не знам никогаш не ја носам косата фатена во репче ( освен дома ) Се мислам дека сите во чело ме гледаат, а дека и порано ми велеле некои другарки леле челово колкаво , не ја носи косата собрана ова она...јас секогаш ги имам тие зборови во глава и не можам !!!
Епа тогаш,направи си шишки.Сигурна сум дека ќе ти го покријат челото .Нема зошто да имаш такви комплекси,никој не е совршен ,прочитај ги и другите ,ќе видиш дека на некој му пречи носот,ушите и така натаму,ништо страшно .Се надевам дека ти помогнав
Комплекси - колку само ѓи имам. На прво место си ги ставам дланките и дебелите прсти. На второ место прстите од нозете . Носот кој ми е широк Нозете заникаде ми се Може да се каже само едно нешто свиѓам на мене а тоа се очите само тоа....
Имам од оние небитни комплекси како носот и ушите. Но ушите никогаш не ме спречиле да врзам репче ниту пак носот за било што друго. Полош комплекс ми се марките. Сакам да носам марка патики. Знам дека никој нема повеќе да ме цени ако носам најк место обични, но јас така си мислам. Мислам дека ми е појако со најк патики отколку без.
па јас на пример имам убаво тело убаво лице ама срамежлива сум и никој не ме приметува, а и да ме примети јас неможам да направам машко да ме засака, едноставно ја немам таа внатрешна харизма.. а тоа пак како ке го излечам
Комплекси...јас сум имала многу дури и не излегував од дома ако не ги прашав другарките дали сум добро облечена,потоа имав комплекс дека ми е носот голем бидејки бившиот дечко ме зафркавше за тоа... Но кога видов околу мене дека има секакви и пак се полни со себе,заборавив не сите комплекси. Најважно е тоа што го носиме во нас.
па вака мислам дека има повеќе ,порано леле леле што правев ама сега не ,стекнав самодоверба годиниве наназад,сега мислам дека единствен комплекс ми е тоа што мислам дека имам големи предни заби како на зајак хехех,а до пред некое време ми беше тоа што мислев дека имам големо чело ,па носев само шишки,леле искомплексирана личност бев за срамота
Да. Имам комплекси со мојата тежина. И самите може да приметите дека постојано сум на некакви диета, вежбам итн, и на крај се предавам и се препуштам на јадењето. Така килограмите ми се враќаат, и потоа пак сум на диета и така ми поминуваат деновите ... Не сум пре,пре дебела, немам некојa голема килажа, ама... Не се поднесувам како таква.
Имам. Прекумерена тежина. И тоа комплекс набиен од околината и општеството. Научив некако да не обрнувам внимание па сега можат да ме љубат у глутеус максимусот!