Комплекси

Дискусија во 'Психологија' започната од ForeverYoung, 19 февруари 2010.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Знам од време на време да си најдам по некоја мана , ама на крај на денот сваќам дека никој не е совршен , битно ми е да сум жива и здрава.
     
  2. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Moите комплекси се прилично тешки. Кога бев 12 години и ми се случи чудото наречено хомосексуалност набив комплекс дека јас тоа го правам за да ги повредам сите околу мене и дека не заслужувам да живеам. И сега патам од истиот комплекс само што е малку помал, но ми предизвикува нервози и слично.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Не ме сваќај погрешно, ама да побараш стручна помош?
    Свесна си за проблемот само не знаеш како да го решиш
     
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    823
    LGBT хомосексуалноста не е болест. Не дозволувај општеството и средината во која живееме да ти наметуваат такво чувство. Најдобро би било мислам да почнеш повеќе да читаш и да учиш за тоа од медицински хормонален аспект. Многу се нервирам дека кај нас ова се сваќа толку трагично. Се додека си добра изградена личност, која не мисли лошо и не повредува никој со своето однесување не треба да се срамиш од тоа што си. Секој има право на среќа и љубов. Не е ничија работа со кој спиеш ти освен само твоја!
     
    На Lolo5 и wolf4e им се допаѓа ова.
  5. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Високо чело. :fubar: Искрено порано ми беше мн срам од него, но сега со тек на време немам гајле. Хахаха...и сум слушнала дека викаат оние што имале високо чело-биле поинтелигентни! woohooo ! :D Утеха!!! :rofl:
     
  6. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Мали гради :( ама стварно ми се мали. Другаркиве мои ко за беља сите имаат големи убави гради, а јас... :'(
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Секој има барем една работа кај него што не му се допаѓа, ја смета за маана, недостаток итд..
    Имам комплекс но сега не се замарам до толку колку што се имам замарано порано.
    Во овој свет никој не е совршен, секој има свои маани и предности, така и ја. - Ова си го врежав во грава и некако успеав да го пребродам истото. И сега сум многу подобро, се стремам кон нови предизвици и успеси. Имав набиено комплекс дека сум ниска и дебела но со текот на времето си се прифатив таква каква што сум. Додека, комплексите, ние самите си ги преувеличуваме проблемите, а околу нас никој не ги забележува.

    Од друга страна комплексите се позитивни, имаат позитивно влијание.
    Личноста секогаш копнее кон тоа да го компензира на некој начин недостатокот, односно комплексот, и тежнее кон поголеми успеси.
    Да го земем пример Наполеон кој имал комплекс за нискиот раст, па така што се стремел кон власт и слава.
    Комплексите не буткаат напред, не туркаат и ни даваат мотиви. Затоа не треба секогаш да се гледаат како на лоша работа. Секако, се додека не претераме со комплексите и станат патолошки. :!:
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ејј. :devil: ај не се нервирај за глупости жити се.Што има врска големината на градите..хм
    А што дека некој има `големи и убави гради` ако не успее во животот и ако не се истакне како карактер?? :) Тоа не треба да ти претставува пречка во животот..се додека се сожалуваме неможеме да бидеме среќни од она што навистина сме !! Поздрав. :*
    Боже,Боже па никој не е совршен... 8)
     
    На rakce69 и GordanaL им се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Недостатокот на самодоверба раѓа комплекси. :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    Немам, за среќа. ;)
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ако има некој човек што стварно нема комплекси, тоа сум јас..
    Ко мала патев од комплекси заради носење на наочари, и се правам фраерка ништо не гледам без наочари ама нема шанси не ги носам и точка!
    Послем кога пораснав си викав која будала сум била еј..
    И имам мали гради ама не ми се комплекс, имам стомаче исто не ми е комплекс..
    Имам другарки што толку многу се искомплексирани што се им смета, леле чекај тука малце криво ми е.. едната нога ваква другара ваква |(
    Фала богу што не патам од комплекси
     
  12. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Тие што ги имаат многу по цело време мрчат и се прават паметни :D а жално е навистина
     
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Познавам многу луѓе што патат од комплекси.
    Има такви што патат од стомачето, наочарите, веѓите, косата, очите.. патат од се. Болна работа. :fubar:

    Имам една воспитувачка што пати од комплекс, не би го дефинирала тој нејзиниот, баш, не знам ни како, ама жената си има набиено некој комплекс изгледа, дома не може да се прави газдарица и ќе попува у интернат. На сметка на тоа сите страдаат. :!:

    Ме нервираат такви искомплексирани луѓе што мрчат на се и сешто, а најмногу оние што своите комплекси ги лечат на другите. |(
     
  14. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    И јас имам тежок комплекс, за жал. Дека не вредам само затоа што ме привлекува лице од истиот пол и дека треба да се самоубијам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Немој да се навредиш но јас конкретно мислам дека треба да побараш стручна помош. Односно да се консултираш со Психолог.
     
  16. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Не се вреѓам, далеку од тоа. Бев еднаш на психијатар и ми препишаа лекови, ќе одам повторно да ми направат психолошки тест и ќе видам на таму како ќе се одвиваат работите.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    немам комплекси...ама би требало да ги имам 100 :D затоа шо не изгледам ко да имам 22 год,сите ме прават помала за 2-3 години,ниска сум,слаба,имам голем нос,ситно лице ама па не се замарам за тоа
     
  18. respect

    respect Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Не размислувај вака..дефинирај добро која е твојата "определба"..твоето корисничко име сепак ти е "lesbian, gay, bisexual, and transgender",имаш ставено слика-rainbow flag.. си се изјаснила,ама сепак разговарај со стручно лице,последните неколку зборови што си ги пишала треба да ги извадиш од глава..
     
    На Lolo5 и imelda им се допаѓа ова.
  19. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Бев на психијатар, имам закажано и друга сеанса но сепак имам проблем, кога зборувам за овие работи премногу дткам и се случува пола час да не можам да прозборам ни зборче, за жал не можам да функционирам во друштво т.е воопшто и го немам. Се надевам дека терапијата ќе ми помогне иако не сум некој оптимист.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Jас мислам дека имам голем нос и не си го сакам, ама што е - тука е. Не ми е широк ниту имам грбка. Само ми е тесен и големичок. Всушност аголот меѓу носот и челото ми го прави да ми изгледа голем. Но научив како да се поставам кога се сликам, или ако имам репче/пунџиче и малку ја поднаведнам главата, тоа во профил изгледа солидно. Се компензира некако :D Така да си се помирив. Мој си е.
    Ако некад ме фркне нешто да се искомплексирам со тој степен да се натерам на естетска хирургија, би отишла. Тоа повеќе го гледам како алатка за зголемување на самодовербата отколку за некакво разубавување. :) инаку може има некој што баш во такво прчлесто носе ќе се вљуби :D хихихи