А иначе мислам дека е неопходно кај нас да се отворат вакви центри... има многу луѓе што страдаат и на кои што им е потребна помош, исто како што им е потребна помош на алкохоличарите и наркоманите...
Не јадеВ балансирано до пред 1 месец. Но, сега веќе не. Скоро 1 месец сум на режим од Цеце. Јадам многу свежо овошје (1кг) и околку 100гр. сушено до ручек (исклучиво на гладно). За ручек нормален оброк. Не сум гладна повеќе, и за среќа не ми се случило таква епизода. И фино се осеќам Ч) Сепак сеуште во исхраната не ми се воведени слатките и чоколадите. Искрено, многу се плашам од нив. Не сакам воопшто да пробувам. Фобија од слаткиши Ч) Ќе ми се чудат луѓево ама ете и тоа го има.
Lele isto i jas.. I jas do pred 2 meseci pravev gluposti postojano gladuvav i zavrsuvav so prejaduvanje, ama od togas od koga nauciv deka ne mozam veke taka, i deka samo loso si pravam pocnav normalno da jadam. A stravot od slatkite i kaj mene e prisuten... fala bogu ne sum bila edinstvena.... ako jadam nesto blago ne mozam posle da jadam drugo zasto poluduvam odma se gledam podebelo vo ogledalo i se osekam mnogu loso... [mod-kirilica:1xcp688f][/mod-kirilica:1xcp688f]
Мислев дека само јас го имам овој проблем...незнам веќе што да правам за да престанам да се чувствувам дебело.....срам од општеството..како ќе ме прифати ве молам помогнете ми сто да направам....дали да се обратам негде и каде :/
Не си единствена Динн, но имај трпение и полека ќе се среди ситуацијата. Се е тоа резултат на претходно изгладнување и желба за совршенство, или пак лечење депресија преку храна. Кажи ми какви ти се пропорциите? Колку кг имаш? Си држела ли претходно диети и какви диети? Што јадеш во нормални услови а што кога имаш ваква епизода?
Ova veke kaj mene prerasnuva vo seriozna bolest.Veke pola godina se povtoruva sekoj vtor den,ostaj sto sum si ja narusila tezinata,ja narusiv i psihata.Sea mi e mnogu tesko da se vratam vo kontrola.Luge mi treba pomos
Јас ја имам оваа мака и знам како е. Мислам дека внимавам на исхрана, демек не пијам газирано, демек од водата се дебелам. Но не е така, станувам свесна на одредени моменти кои ми се грешките. На работа ќе појадувам пециво едно,за ручек јадам малку и потоа навечер ме фаќа некоја нервоза ќе вечерам, сум седела до доцна навечер и супер издржав денес, не јадев многу и наеднаш мозокот ми е се префрла на погрешна бранова должина - сум јадела во 12 во 01 после полноќ сендвичи, торти, колачки..... и без проблем, без да ми се слоши а со голема грижа на совест. Но тоа продолжува и продолжува И немав кому да се обратам, кому да кажам дека имам некој проблем, затоа што знам дека е проблем. Способна бев да изедам 2 чоколади сама, да изедам 2 парчиња торта наеднаш и не ми се слошува, немав никаков проблем.... И не незнам зошто (некои) луѓе сметаат дека анорексија е болест а дебелината не е болест ??? Болест е? да, јас сметам дека е болест и ми е незгодно да разговарам на таа тема, се срамев од себе Сум купувала облека без да се погледнам во огледало, само да ме собере и да не е залепено за моите “стомачни“ мускули. Претерав во кг пред 2 години имав здравствемн проблем и не сакајќи ослабев многу, но нешто се скрши во мене и почнав да јадам повторно, повторно се вратив на стариот начин на прејадување. Кг се вратија, за жал. Но еве веќе месец дена сум на УН диета и слабеам. И искрено се трудам, психички сама се борам дека сигурно ми е поубаво кога не го гледам стомакот, кога блузичкиве не ми се залепени на стомак на задник.... Образована, со добра работа..... кој ми е проблем?? Во глава моја, да знам ????? Да, гладна сум,, да ми доаѓа да јадам....но се борам, ако не се борам јас, никој нема да ми помогни
Не сум знаела дека ова моево емоционално преждерување се викало компулсивно...ајме мене...цел ден без пауза само нешто џвакам...ќе се сторам кравата Милка
Ова всушност се случува на психичка база,емоционално прејадување е ова. Не дека ни се јаде,туку бараме утеха во храната и неконтролирано мора да јадеме нешто за да го отргнеме вниманието од вистинскиот проблем
Sve ova od navedenovo dum jas samo sto neznam veke kako da si pomognam...imam emocionalna glad...i seriozno mi treba pomos
Јас компулсивно се прејадувам секој ден скоро месец ипол. Бев премногу слаба и се што земав за да се поправам(витамини и др додатоци) ништо не помогна. Многу се разочарав. Ни грам не мрднав. Од тогаш затерав секоја вечер со прејадување (благо, солено, млечно, абе што ке ми дојде на рака се). Ставив 7 кг.
Не ни знаев дека сум дел од оваа категорија на луѓе. Моментално сум на диета и ослабев 4 кг за една недела. Цела недела јадам само зеленчук и месо, и по некое овошје а цело време мислам на чипс чоколади палачинки и крофни. Не знам ни како би го решила ова. Искрено мислам дека ке сум дебела задекогаш.
Јас точно знам кога почнав некаде на 17 год, цел живот спортист, нормална тежина и почнав да качувам. Не ми сметаше прво зашто имав простор за дебелеење ама после сфатив дека имам проблем. Имам огромна грижа на совест и мислам само тоа ме штити да не станам 100кг. Еве сега на пример, јадев како стока се што најдов солено, благо и срам, не срам ќе си кажам, на крај секогаш ја пијам течноста од кисели краставички И сабајле кога ќе станам ќе се пцујам и казнувам до 12h, па ќе каснам некоја овошка, ручекот перфектен и вечерта пак исто. Пробав со диети, режими, балансирана исхрана, ќе намалам на килажа ама секогаш нешто ми фали. Доволен ми е еден стрес за да си го уништам редот. И искрено немам голем проблем со тежината, некои 7-8кг ми се вишок. Па и повеќе да се гајле ми е, проблем ми е што не се осеќам убаво, тешко ми е, како дебил се осеќам. Не знам како да ги тргнам мислите од храна кога сум down, ништо не помага
Sto ubavo si si iskrena.Iskreno citam I nemozam da veruvam kako zenive drzat dieta.Alal da im e navistina.Jasss ahhh sekoj den pocnuvam ama sekoj den od utre sum na dieta,ne od ponedelnik.Strasno,navistina ama veruvaj deka se e vo glavata ama bas se psihata e mnogu losa rabota ili ke te vivne ili ke te akne od zemja.Jas jadam cel den ama cel den Dorucekot bil najbiten nema problem si go jadam,rucekot isto ama vecerata kako sto mi e vkusna abe nisto drugo.Toa e najgolemiot problem spored mene nemozam navecer nikako da se kontroliram.
Ризикот со одење cold turkey е прејадување. Во смисла, ако се изгладниш - ќе бинџаш. Ако се лишиш целосно од то шо сакаш - ќе бинџаш. Пробај 80-20 каде доминантно (80%) од денот се храниш здраво, а остатокот е некое задоволство "за душа" да се фати (20%). Тоа задоволство можи да е палачинки за појадок пример, итн. Ќе се вратам на ова дека одење cold turkey носи до прејадување. Разбирам дека некогаш мислиме дека мора да пресечиме за да функционира ама носи до фрустрации и тие фрустрации мора да излезат некогаш. Во случај кога сме фрустрирани за храна - иди до прејадување. Мнооооогу долго ми требаше да не бинџам. И пак некогаш бинџам. Вчера си заборајв ужинката за бегање по пат и за малку грицки шо имав со мене се ќе изедев, а пример за цел месец ми се тие. Онолку самоконтрола сум немала не знам од кога и си се убедвав дека цел процес ќе го уништам, дека еве, има пекари со вистинска храна. Успеа дека не сум видела црно ко друг пат па да изедам. Си се убедив дека сакам веге гиро и дупло подолг пат изодев за то да јадам оти знаев дека ако останам гладна уште малку ќе бинџнам. Неодамна ојдов cold turkey од благо. Надохнадив. Надохнадив добро.
Јас мислам дека единствен начин да не се бинџа е да јадеш се што ти се јаде. Некако кога ќе кажам диета/// како сите можно тревоги да се активираат дека ќе гладувам и одма фаќам глупост да јадам. Вака знам да купам што ќе јадам и во мало тањирче и ќе јадам ( генерално ме мрзи да станувам по втор пат) и на тоа ќе останам или ако ми де грицка ќе земам да јадам бар најадена ќе сум. Ненормално многу помага кога се јаде храна богата со протеини односно подготвување на храна однапред за цела недела ( се спремно само ти земаш и одиш) .. Порано голем проблем ми беше , а не ни бев свесна што правам и не ни бев свесна за зборот бинџ. Не е ствар која се решава ( според мене) со туркање на страна и одрекување на многу работи туку на активно решавање. Пошо исто како е штетно да се прејадуваш постојано е и да се пренабутуваш при одредени ситуации/ нервози. Пример место голем чипс ќе земам оние малите пакувања, ама ќе јадам тоа што ми се јаде, или ќе исечам јабука плус сладолед ќе ставам, сеа дали е идеално не е, али битно не правам рестрикција. Пошо тоа одма ме кутнува во ненормален бинџ кој знае да трае месеци..