Здраво на сите. Гледам нема тема. КТ од каде сте задоволни? На државно, по колку време ги даваат резултатите? На приватно, каде сте оделе и од кого сте задоволни? Мене конкретно ми треба за СИНУСИ. Ама сепак, нека биди општа темава. Секое добро.
Дечко ми правеше во Систина, одма му беше готово и за 2 мин после снимањето се качивме кај докторот. Не знам да кажам за цена ама профи беа.
Во Жан Митрев, дента закажав, отидов, завршив. Исто за синуси. На државно требаше минимум 2 недели да чекам со приоритетен упат, за да ме запишат во тетратка и да ми се јават, ама бев во многу болки и не можев.
Имам правено досега само еднаш, во 8 септември. Термин се најде за две недели од датумот кога бев кај доктор што ми закажа, цедето го зедов за 10 минути, извештајот после една недела. Не знам тебе дали ти е нешто итно, на приватно секако е побрзо, но и дали ти се даваат повеќе пари.
Ние бевме за сопругот во 8 септември. Немаше регулар термини, закажавме како дополнителна дејност после работно време околу 15.30 часот, резултатите ги добивме за помалку од еден час. Плативме околу 7000 денари за скен на внатрешни органи, поточно бубрези. Во однос на приватните болници, дупло поевтино, а брза услуга.
на државно секаде е така. Цд за 10 мин извештај после 10 дена. Ретко во навистина итни случаи извештајот го даваат одма заедно со цд. Е сега термините се проблем. Зависи каде, скопје на пр многу тешко за термин во помаливе градови може и одма истата ден да се заврши работа
Гледав и јас кај нив 6000ден е со контраст КТ(мене ми треба за бели дробови) и од приватниве се најефтини, ама некако не ми влеваат доверба. Ако има некој со искуство од кај нив…
И цд и извештај. Нас матичната ни даде број од радиолог што работи таму, така закажавме. Може да пробате директно таму на шалтер.
Мислам веднаш дента или другиот ден. Немам број од докторот, инаку ќе ти го дадев. Мислам Божидар се викаше. Оди директно на шалтер, ќе закажеш.
И јас се мислам тоа.... Некако читам негативни коментари по форумов за пораѓање, корекција на нос и сл. Еве што има нет за докторот. Во одделот за дијагностички лаборатории и радиологија на болничката групација Санте Плус (Sante Plus Hospital Group) работи тим од искусни специјалисти и радиолози. Еден од истакнатите специјалисти во тимот е Спец. Д-р Мехмет АКМАН. www.santeplusgroup.com +2 Спец. Д-р Мехмет АКМАН е искусен доктор и специјалист по радиологија. Како дел од меѓународниот тим на болничката групација Санте Плус (Sante Plus), тој е ангажиран во одделот за дијагностика и радиологија во Скопје. www.santeplusgroup.com +2 Образование и професионална кариера Образование: Дипломирал во 1974 година на Медицинскиот факултет „Џерапаша“ при Истанбулскиот универзитет во Турција. Nişantaşı Hastanesi Специјализација: Својата специјализација по радиологија ја завршил во Болницата за обука и истражување во Истанбул и во матичната факултетска болница „Џерапаша“. Nişantaşı Hastanesi Искуство во групацијата: Д-р Акман има долгогодишна поврзаност со меѓународниот синџир на „Санте Плус“. Тој долг период (од 2009 до 2022 година) работел во нивната специјална болница во Турција, пред да се приклучи на тимот во регионот и Северна Македонија. Nişantaşı Hastanesi Област на стручност Д-р Мехмет Акман има повеќедецениско искуство во напредна дијагностика, со посебен фокус на толкација и прецизно толкување на радиолошки слики преку современи апарати: CloudHospital +1 Магнетна резонанца (МРИ) и Компјутеризирана томографија (КТ). Дигитална мамографија за рана детекција на промени. Ултразвучна дијагностика и Доплер на крвни садови.