Компјутерски Вируси

Дискусија во 'Насмевка' започната од sadangel, 5 јуни 2010.

  1. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    766
    ПОЛИТИЧКИ КОРЕКТЕН ВИРУС - Никогаш не се нарекува себеси “вирус“, туку “електронски микроорганизам“.
    МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА ВИРУС - Ништо не функционира, ама секој програм за дијагноза на компјутерот ви јавува дека се е во ред.
    БИРОКРАТСКИ ВИРУС - Ви го дели хард дискот на стотина мали делови, секој дел не прави апсолутно ништо, ама сите викаат дека се најважниот дел од вашиот систем.
    ГРЦИЈА ВИРУС - Внимава секогаш да биде поголем од било кој друг фајл на компјутерот.
    МАКЕДОНСКИ ПАРЛАМЕНТ ВИРУС - Компјутерот се блокира, екранот се дели на два дела на кои што пишува дека другата половина од екранот е виновна за проблемот.
    АВИО КОМПАНИЈА ВИРУС - Вие сте во Скопје, а вашите податоци во Сингапур.
    МОБИМАК ВИРУС - Секои три минути ве потсетува со SMS колку добра услуга добивате.
    КОСМОФОН ВИРУС - Секои три минути ве потсетува со SMS дека премногу плаќате за Мобимак вирусот.
    ФРОЈДОВСКИ ВИРУС - Вашиот компјутер очајно сака да се ожени за матичната плоча.
    ПРАВО НА ЖИВОТ ВИРУС - Никогаш нема да ви дозволи да избришете некој фајл без разлика колку е стар. Ако повторно се обидете да го избришете фајлот, ви дава телефонски број на непрофитна организација.
    АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР ВИРУС - Се активира и останува резидентен. It'll be back.
    NIKE ВИРУС - Just does it.
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    248
    :rofl: :rofl: :rofl: ме изнасмеа тажноангелче, ми требаше насмевка :$ позз
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.166
    Допаѓања:
    69.271
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Јас само на она Грција вирус, би додала - менува имиња на фолдери и фајлови во компјутерот :D
     
    На Elennaa и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.346
    ^^Се согласувам со Ана :D :D
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Јас изгледа ваков имам закачено :D
     
  6. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    :rofl: се изнасмеав :D :up:
     
  7. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    77
    ахахахахаххаахх се изнасмеав ејј :D :rofl: :rofl: :rofl: ]:)