1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Комунизам или демократија?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од najubava2010, 15 октомври 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Венди да не се разбереме погрешно, јас сум за демократија, ама демократија во вистинска смисла на зборот, а не ваква каква што имаме 20 години наназад. Велиш доживотен владетел, да сум против доживотен владетел, ама ете гледаш тој доживотен владетел обезбедил на народот повеќе отколку сегашните наши владетели кои наизменично се менуваат демек на слободни и демократски избори. Тој знаел дека мандатот му е доживотен, ама пак гредел, создавал за народот, народот во тоа време имал за удобен живот. Недај боже на денешниве ни владетели да им се даде доживотен мандат, нема бре со прст да мрднат. Денес иако се бираат со временски ограничен мандат, ништо не прават за народот. Ма мува не ги лази бре. Зошто? Па имаат моќ, пари, власт, а народот пуст нема избор па и после сето ,,тепање,, пак на избори излегува и ги гласа, независно дали едните или другите. Па и голем ли избор имаме, не еден, ами двајца за цели 20 години |(
    Друго, пишуваш за политичките жртви од тоа време, не спорам и не оправдувам никако, ама зарем денес ги немаме? Зарем денес можеш слободно да кажеш збор против политичарите? Па сведоци сме што се случува барем денес, сведоци сме како се расчистува со неистомислениците, само што во времето на Тито тоа се правело директно, а овде на малку пософистициран и затскриен начин, затскриен секако зад институциите кои токму тие ги командуваат.
    И за крај да расчистиме, јас кажав и претходно, не подржувам едноумие, ама не подржувам ни ,,демократија,, на хартија, а во пракса пак едноумие. Се додека кај нас институциите не проработат во корист за народот, се додека судтвото не стане независно, се додека политичарите не престанат да патат од комплекси дека секој што е против нив е предавник, а тие патриотите, неможеме да зборуваме за демократија и почитување на човековите права.
    Реков и претходно, еве сега пак, Не викам дека Тито бил идеален, далеку од идеален бил тој, со многу мани секако. Ама пак дека бил како Хитлер, не се слагам воопшто.
     
    На JuLleE, julie77 и enca.69 им се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Може до недоглед да редиме критики кон социјализмот и голем дел од нив ќе се издржани. Само мене ми е донекаде и преку глава што во ген му е на Македончето да глуми жртва. И за статусот кој сме го имале во рамки на СФРЈ како последна дупка на свирчето сами си сме криви, не ни е Словенија крива што од нашите праски и јаболка произведувала Фруктал сокови, сами сме дозволиле да не јавнат. Тоа му е исто со она крадат, та крадат политичарите. Е, крадат и тогаш и сега, а знаете каде се краде? Не кај што има многу, туку кај што не се чува добро. Факт.

    Кога студирав и јас се воодушевив од концептот на капитализмот и плукав кон ограничениот социјализам како поредок од дното на душата. Само што оној фер концепт на капитализмот и плурализмот и демократијата, иако ни се вметнати во Устав, изостанаа во пракса цели две декади. Од повеќе причини, пак сигурно ќе испуштам некоја, ама дел - државните органи на РМ се мешаат премногу во работата на фирмите, успеваат фирмите кои се под протекторат - добиваат привилегии за увоз/извоз за да бидат потоа спонзори на партиите, така да фирмите кај нас и не го искусиле тестот на лојална пазарна конкуренција, не важат пазарните законитости ни на пазарите на трудот и капиталот, демократијата е само илузија и плурализмот го чинат само 2 моќни политички партии кои се менуваат на сцена во континуитет...Ние и немаме почувствувано ни отворена пазарна економија ни демократија во пречистен облик.

    Заедничко и за социјализмот и за денешната квази капиталистичка ориентација кај нас е - прво, вработувањето несоодветно на потребите поранешните вештачки создавани „акции за вработување„ за обезбедување социјален мир денес се заменети со трупање исто вештачки на непотребна бројна, а непродуктивна државна администрација, второ, живот од кредити и позајмици и СФРЈ и РМ ја имаат истата практика на позајмување на странски капитал преку задолжување далеку над сопствените можности, ок сега имаат уште еден механизам плус, тоа е пуштање државни обврзници во оптек, трето - повторно се дозволува влечење на фирми со созадавање поволности без да се почитува реалната конкурентска предност значи свесно дозволување за паразитирање на државен грб, порано се влечеле сите без исклучок, сега па тие кои се посватени со владеачката гарнитура.

    Што знам ете последниве години мене ми лета мислата на едно др. место. Со стопанските реформи од 1988/89 год. самоуправниот социјализам на СФРЈ воведе значајни измени - ООЗТ се трансформираа во претпријатија и се дозволи рамноправно постоење на сите видови сопственост - општествена, приватна, задружна и мешовита, се зголеми одговорноста на менаџерските тимови на директори и не се пропагираше веќе „доживотната вработеност„ се изврши реформа на банкарскиот систем кој од обезбедувач на капитал на ООЗТ стана самостоен финансиски субјект насочен кон остварување добивка, се либерализираа надворешно трговските односи и за прв пат се дозволи слободен увоз и извоз и реално формирање на цените на домашните производи кои држеа монопол на домашниот пазар. Ама СФРЈ се распадна во текот на 1991/1992 год. Мислам дека не е можеби најблагодарно да се прогнозира што ќе беше да беше, ама всушност ова беше нов систем кој за жал не го преживеа тестот да биде евалуиран, бидејќи овој систем е симбиоза социјализам кој е пазарно ориентиран и ја прифатил за првпат приватната сопственост која ја минираше со год. Може и ќе успееше...

    Според едно истражување околу 60% од населението на бившата Ју се изјасниле како југоносталгичари. Да напоменам јас сум носталгична по моето детство и по музиката создадена во тој период тогаш се создаваше многу поквалитетна музика на овие простори :rock: , :!: но не и по поредокот како целина и затоа и мислев дека коментирајќи на темава и ќе бидам погрешно интерпретирана како невиден романтичар и носталгичар насочен само кон минатото неспособен за критички осврт. Нејсе, да се вратам на синдромот наречен југоносталгија и причините за постоењето на истиот. Тоа не е од причини што тој систем немаше и премногу недостатоци и неправилности во себе туку еве конкретно за нас ќе говорам како РМ ТУКУ говори дека НЕ Е НАПРАВЕН НИКАКОВ ИСЧЕКОР НАПРЕД ЗА НЕКАКОВ НАПРЕДОК. во последниве 2 декади и ова ги вклучува и носителите на сини и на портокалови вратоврски. Дури сме соочени и со налогот за промена на име, кој всушност сега се шири и на јазик и народ, всушност раздрман ни е и идентитетот од темели.
     
    На FBI, JuLleE, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Ќе се сложам и со двете не ова нашево не е Демократија во права смисла на зборот но е мој избор кога би морала да бидарм помеѓу понудениве .

    Демократијата си е најдобра работа само треба да се исцеди најдоброто од неа.

    Пример приватни вработување , приватни фирми . Факт е дека тешко на вработените во приватниот сектор и тоа во добри 85 % не се почитуваат ни права ни обврски . НЕмаш осигурување , добра плата , работиш за празници ...
    Ако државата застане во одбрана на работникот како тоа што го чинеле во Југославија се почитуваат празници имаш добра плата и остали бенефеции кои ти следуваат , тогаш нема да ти е гајле дали тебе работодавач ти е Државата или приватен сопственик . Приватниот сектор е ужасен ете затоа особено постарите генерации жалат по ова време . Велам во разни дискусии кои се воделе на оваа тема , како е можно некој да ми забрани да кажам СВОЕ мислење ? А тие ми велат сите бевме задоволни немаше потреба да се жалиме . Епа јас велам мене ме гуши самото правило непишаниот закон да НЕ СМЕАМ да се изјаснам така како што ми се сака . Да најголемиот број биле задоволни ама сепак фалело нешто . Зошто тогаш ако се било совршено почнала да се распаѓа како кула од карти . Зошто нашите дедовци родители и пра пра излегле на референдум и се изјасниле ЗА НЕЗАВИСНОСТ со неверојатни 95,5 % ви говорат бројкиве за нешто ?
    Мене не ми е сеедно да жиевам во овој период и фала на Бога што не сум . Да си во сенка постојано , да немаш свое обележје , да немаш своја химна да немаш свое знаме ?!
    Тоа мене не ми е прифатливо ама никако , макар Папата ни ја водел државава .

    Словенија прва се одели и најмногу успеа .
    Зошто Србија до последно не го дозволуваше распадот сошто сите се разбегаа безглаво од јаката федерација ? Значи не им одговарало на сите , дали би Тито тој што ги држел конците во свои раце ?

    Црна Гора процвета без Србија сама самостојно едно парче земја 700 000 жители . Доби статус кандидат со добри шанси за ЕУ .

    Моментално не ни цветаат рози ... Но каде би биле доколку бевме во ЕУ дали тогаш некој ќе жалеше за Тито ? !
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Венди, јасно е зошто се распаднала Југославија, и зошто бил распишан референдум за осамостојување. Ај размисли дали да бил жив Тито тоа ќе се случело? :)
    Ете јас поназад реков, народот кога го изгубил водичот, се изгубил и самиот себе. Се знаело кој ја држел Југославија сложна, и без него веќе не било исто. :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Штета што не измислиле еликсир на вечноста на време! :(
    Сега сите ќе бевме среќни!СРЕЌНИИИИ!!!

    Увод у пастиријанство,чаптер уан,Титоизам,чаптер ту,Гвујоизам (да се разбереме,ние немаме демократија!Ние имаме само сакат обид на капитализам,во подточка,апашизам,на ептен непоштен начин)...ту би континјуд.

    (мора да почнам да си ги читам постовите пред да ги пратам од многу причини)
     
    На lolyta777 и Offspring им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Морам на темава да се согласам со Лилит - премногу се испомешаа поимите. Комунизам, социјализам, па као не скроз комунизам ама онака нечист социјализам, тоталитаризам, демократии и не знам што уште. Политичка каша попара :)

    Нема да вадам и да замарам со теории и дефиниции, повеќето сме образовани личности и иако можеби немаме сите завршено политологија ама знаеме да дефинираме што е комунизам, што социјализам, што тоталитаризам, што капитализам а што демократија. Кој не знае, нека прочита уште еднаш. Имам чуство дека не сите навистина се разбираме во она што го кажуваме туку лупаме онака од рекла казала муабети.

    Покрај се, не можам да се согласам дека во Југославија имало комунизам. Социјалистичка федеративна република Југославија. Повеќе не можам ни да речам.
    Ко второ сите знаеме како Тито му беше трн во окото на Сталин и како вешто и доста лукаво ја избегна црната судбина на Варшавскиот договор. Ко трето не сум сигурна баш дека сите знаете што суштински значело да си дел од еден комунистички режим како оној на Сталин или пак оној на Мао во Кина или пак дел од Варшавскиот договор.
    Не би да се расприкажувам многу за особи од мојата фамилија и за тоа како на нив им се живеело, но верувајте - НЕ би сакале да сте дел од комунистички режим. Од прва и основна причина што комунизмот како впрочем и секој политички режим бил многу убав алат во рацете на лидерите за да искористат што повеќе од него во своја полза. Со таа разлика што во комунизмот се држеле луѓето во комплетно ембарго на каква и да е информација која едноставно не му одговарала - на лидерот.
    Да преседиш деноноќно по полициски станици затоа што некој се сомнева дека си против политичкиот лидер, дека го сквернавиш името на Сталин, дека сакаш да се преселиш во Југославија, дека сакаш да отидеш на гости во Виена кај родената сестра, да стигнеш до границите кои се вистински ограничени со бодликави огради со струја, да бидеш стрелан ако сакаш да излезеш надвор од државата, да бидеш претепан ако после 10 часот навечер немаш лична карта, да станеш едно августовско утро и да погледнеш надвор како руски тенкови ја окупираат цела територија која наследно ја пустошат а да не правам муабет за силување и ред други неубави работи кои реално се случиле - не сум сигурна дека ова е комунизмот во кој би сакале да живеете :)
    Да. Сите биле вработени, сите биле као демек еднакви, сите биле обезбедени веднаш на 18 години но по која цена? По цена да немаат поим за надворешниот свет туку да знаат само за она што им е контролирано сервирано на тацна. Е тоа е комунизам - а не она што сме го имале во Југославија односно нашите родители во времето на Тито.
    Мајка ми ми кажа една добра реченица еднаш, ми рече - знаеш оно као сите бевме еднакви, но некои беа поеднакви од другите.

    А демократија? Хм, повторно алат за спроведување на моќта на еден човек. Денешната демократија ми е лаички речено - ти као демек мисли си дека си господар на сопствената судбина - јас сепак го имам тавчето во рака со кое ќе те лупам по глава секогаш кога ќе решиш да направиш нешто, што мене не ми одговара.

    Врти сучи, не знам што е поарно. Искрено. Затоа што кој и да е режим е злоупотребуван и лошо споведуван. А се додека сум на оваа страна од едно државно уредување како обичен граѓанин, тешко дека ќе профитирам од кој и да е режим. Можам само да се трудам да му се прилагодам и да извлечам полза за себеси. Да не речам, да го надмудрам истиот - на некој начин.
     
    На FBI и SexyLady им се допаѓа ова.
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Баш во школо со професорот по социологија имавме дискусија за комунизмот и општо за сите државни уредувања.
    Комунизмот во буквална смисла на зборот не се остварил до сега никаде, па ниту во самопрогласените комунистички општества, т.е. држави, затоа што за тоа да се случи потребни се висока стапка на производство на секакви производи, висок степен на технологија при производството а и во домаќинството, мал број на невработени и големи финансиски средства за државата и нејзините членови, а тоа резултира на еднаквост, максимално задоволени потреби на СЕКОЈА индивидуа и сигурна иднина.
    Богами со ваков прогрес и размислување и 100 години се малце за тоа совршенство. До сега проба за достигнување на комунизмот е, нели, социјализмот, кој сепак не е оној идеал, врв и совршенство што го ветува (утопискиот) комунизам.
    Гледано од страна, од некоја непристрасна и објективна точка, секое државно уредување е совршено во својата точка на кулминација. Додека едното уредување ветува совршенство со одредени добра, другото ветува со други. Еве нели во демократијата имаш слобода на глас (не зборам за демократијата во Мк туку за онаа крајна точка на демократијата), имаш разновидност, разнообразност, но немаш сигурност во твојата иднина. Денес си ваму, утре таму, денес горе, утре ПАП! - паѓаш за една секунда.

    Сума сумарум, мое мислење е дека секое државно уредувње е совршено во својата крајна точка, а таа точка е многу тешка да се стигне, за една Јапонија, САД и други, а за Македонија ако прецизираме - малку и е и пола век за да ја стигне таа кулминација.