Комуникација помеѓу пациент и доктор

Discussion in 'Здравствени проблеми' started by Snow-Queen, Aug 27, 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Поради друга дебата во една друга тема...ми текна да ја отворам оваа.
    Ајде да видиме, како сте вие задоволни од одредени доктори. Дали враќате на ист начин дрско, или преќутувате. Се жалите ли некаде.
    Трудници, какво е вашето искуство со сестрите,бабиците...?
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,753
    Gender:
    Female
    Оние доктори кои јас ги посетувам се приватни ,односно гинекологот,ортопедот и педијатарот и нашиот однос е повеќе од солиден. Јас кога ги одбирав предходно се распрашував за нив и нивното искуство што ми беше пресудно во изборот. Имам целосна доверба во нив и никогаш не барам и второ мислење . Според мене довербата е најважна ,а јас на нив безрезервно им верувам. За жал покрај овие доктори јас децата морам да ги носам и кај други заради вакцинација и за таа цел ја избрав Идадија. Ако со син ми имав многу проблеми заради тоа што го носев на приватен,а др. во државно се лутеа ,сега тој проблем го немам зошто едноставно ми се погоди една постара докторка на која педијатаров и бил професор и се што ќе одобри, таа го прифаќа. Е сега да не биде се така сјајно во амбулантава на вакцини работат две сестри кои буквално се однесуваат како доктори и бидејќи редот е прво кај нив (картон и мерење) тие си зимаат за право безмалку они да го направат прегледот. Кога после една вакцина малата ми качи висока температура јас нормално и давав сируп и кога на следната вакцина кажав што и како било еднава од сестриве почна да ме кара и да ми држи предавања како не сум требала да давам ништо зошто тоа не било висока температура ,а се работеше за 39 :x
    Имам искуство и со породување на ГАК и првиот пат поминав добро во однос на персонал,а и бев сместена во апартман ,па и односот на персоналот беше супер,а во тоа време имаше и посебно сестра за овие две соби која беше достапна 24/7.Сега кога се пораѓав со ќерката си поминав одвратно и навистина се разочарав од односот и на доктори и на сестри(со исклучок на 1-2),но затоа добар впечаток ми оставија сите болничарки.Мене ми е јасно дека болката е моја ,но затоа кога очигледно нешто не е во ред ,докторот не може ,а и не смее да се прави глув и да смета дека во 5 работното време му е завршено,а дежурен е до 7. Но за ова имам пишувано во соодветна тема ...
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,346
    Ако неможам да воспоставам нормална комуникација со докторот, почнувајќи од општ лекар па до некој си специјалист (ако имам потреба и сакам кај него да одам, недај боже), тогаш го менувам :$ . За мои пари ќе се лекувам како што ми одговара.
    Со сестрите не се замарам воопшто. На нив ретко кога им е погоден денот зашто ги разбирам ги масира секој во буквална смисла затоа што докторите се недостижни и летаат во облачиња. Еве на пр. при породување доволно беше да ги почастам сестрите со сок, кафе, овошје, благо (тоа што ми го носеа во посета) и да ми се наоѓаат кога ќе ми затребаат.
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Значи сите од општ матичен па се до гиниколог се приватни значи јас не одам кај државни доктори од тоа што се премногу дрски...јас сум немала ситуација за докторо да ми е дрзок со мене или со некој од моето семејство...затоа матични ми се се приватни доктори(во приватни болници)....ни сестрите не треба да се дрски почнувајки од нив па се до докторите....
    А за тие што се породувааат во државни болници за сестрите и бабаиците да бидат добри со вас бајте им нешто кафе,благо било што и ке бидат....:)