Религијата е направена од маж за маж. Исто како и дизни филмовите. Да се експлоатира женското битие. Ни твојата, ни другава религија не се подобри. На еднакво ниво сте ама неќе да се прифати тоа нели секогаш туѓото не чини
Не. Христијанството не се споредува со исламот. Во христијанството на мажот му е заповедано да ја љуби жената на начин како што Христос ја љубеше црквата (учениците Свои). Тоа значи да и ги мие нозете, да и служи, да се жртвува за неа. Атеизмот е бетер и од дизни филмовите. Ви дизни филмовите од ѕверот настанува принцот, а во атеизмот од ништо настанува се, па потоа животот така сам од себе си настанува, хокус покус ама без маѓеоничар.
Како обратно? Мислиш христијанска свекрва да вее бел и крвав чаршав? Па кај нас уште векови уназад жените си тераат како тие што си сакаат. И да у право си, државата сега е шитшоу ама кога ќе ни ги доселат овие бомбашите самоубијци и кога ќе почнат да се котат е дури тогаш ќе бидеме не шитшоу, туку септичка јама од држава. Ама тоа друга тема е. Туку остај не нас, вие како, добри? Добра мајка?
Еве тоа што не сакаш да го споредиш. Поентата ми беше, кога зборуваш за религија што не е твоја, треба да дадеш валидни поенти зошто ете не треба некој да се конвертира во неа, поенти што баш во твојата ги нема. А малку тешко тука. Патем те читам по темиве, и love thy neighbor не го практикуваш како што ти вика книгата. До девојчево горе што бара совет. Доколку сакаш да се конвертираш, слободно, ама треба да знаеш дека културата е многу мизогиниска и стара, традиционална. И згора на тоа ќе бидеш отфрлена доколку живееш во христијанска средина затоа што ете според горните постови се гледа какво е однесувањето и скриената омраза.
Добар троооол Девојче, те има по темите дека имаш дете, дека си пред развод (можда меѓувреме си се развела), во Германија живееш и она што можам само да заклучам е дека си отишла во кварт како овде во Гази Баба да отидеш по тие тесните улички и ти го испрале мозокот дотоколку што си ФАСЦИНИРАНА од исламот Префасцинирана си и од марамите на глава што ги мењаш секој ден
Ќе ги замолам модераторите оваа тема во канта. После сите овие одговори разбирам зошто не можам да најдам ваква тема специфично. На вас со срцата полни омраза, have the day you deserve @RainBow
Вистински верници муслимани нема никогаш да пробаат да те убедат дека исламот е подобар од христијанството (или било која религија), и да негираат делови од истото. Муслиманите кои го прават тоа, за жал, се дел на некој вид движење или секта, и целта им е да врбуваат што е можно повеќе луѓе, за што земаат и пари. Буквално перење мозок и негирање на религија што настанала многу години пред нивната. Ја имав таа (не)среќа да работам со таква личност, што до последно сакаше да ме убеди дека исламот е вистинската религија. Истата носеше хиџаб, меѓутоа правилата ги почитуваше само на збор ( на пример, не смее да зборува и да се поздравува со мажи, ама и зборуваше и се поздравуваше). Истовремено имав и други муслимани околу мене, што буквално кажуваа дека Куранот е базиран на Библијата, и дека и тие ги имаат скоро истите верувања и обичаи како и ние, и ги мразеа овие другиве, затоа што креираат погрешна слика за суштината на исламот. Во однос на членката погоре, твој живот, прави што сакаш, ама не е тоа нешто за што треба да се гордееш, затоа што колегите те поткупиле и си ја оствариле целта. Дека ти мислеле добро и ти отвориле очи, сигурно не.
Никој не те мрази буквално сите не интересираше што тоа толку те фасцинираше од Исламот. Лесно е да си муслиманка од Германија, иди во права муслиманска земја - еве ти бирај која, па види како ќе поминеш и колку вредиш ти како жена. Ово доаѓа од некој кој има работено на блискиот исток и знае мн добро што ти зборува
Бегаат од војна и од немаштија, иако дел од нив се поттикнати тоа го користат за да населуваат други земји и истите прават проблеми. Но, да не беа војните, ќе немаше толкава миграција.
Арна си е оваа тема, што и фали? https://forum.femina.mk/threads/Промена-на-вера.20276/ Е сега, специфично. Mногу теми ќе излезат така со комбинации помеѓу сите религии.
Да, и тебе би те прашала зашо си го правиш тоа ако станеш христијанка. Како бе до вчера у џамија си идела , дојди ќе напраиме 2-3 реда муабет и ќе те фасцинира христијанството и ти нема да бидеш муслиманка веќе?
Не е до македонците, односно национализмот, туку е до сите што се сметаат супериорни само затоа што имаат друга вера. А државата е шитшоу поради лопови, од сите религии и нерелигии. Ова би требало исто да биде и за верниците од другите религии. Во врска со темава: you do you. Сите во нешто веруваме, сè додека си среќна, живееш по твои замисли и принципи, не штетиш никому, продолжи како што сакаш.
Не е точно во Библијата сосема поинаку е опишана жената, точно дека има 2-3 стиха кај што може да дојде до забуна дека жената е погазена и дека не се почитува, ама од евангелијата се гледа како Исус ги третирал жените... Исто во Библијата не се опишани само мажи има и жени и тоа успешни жени владетелки и кои го ширеле христијанството... Има жене трговци, судии, што го ширеле христијанството... Марија Магдалена пример била финансиски независна жена и се смета дека била доста богата и ги финансирала Исусовите мисии исто на тоа време да купиш смирна би ти требале доста пари, а немала маж.. Додека во Куранот жените не се ни спомнуваат по име единствено Марија мајката на Исус е споната по име, другите се спомнати преку мажите пр. сестра на Харун, а нема име.. Исто и жените на Мухамед не се спомнуваат по име, пример ако читаш само Куран и никој не ти каже нема да знаеш како се викале. Имаат нешто како "Хадиси" (незнам дали така се нарекува точно) таму се спомнуваат по имиња. Едит: Исто исламот не е лоша вера, не се оправдува убивство. Мухамед не бил лош човек се борел многу за правата на жената, на децата.. Сега зошто се сметаат на многу пониско ниво, нека објаснат Муслиманите.. И во христијанството долго жената се сметала за помалку вредна, ама Исус кога дошол сите исто ги третирал.
Оваа тема е очигледна пропаганда и покушај за врбување на ранливи личности да пристапат кон религија од седми век.
јас сакам да знам зошто се носи хиџаб,дали мора да се носи? Облеката ли ти ја прави верата и религијата појака или како? Сериозно ме интересира. Инаку на темата конвертирање немам ништо против,усрвари секој си решава за свој живот. Каде ќе се пронајдеш таму продолжи. Не е наше да осудуваме луѓе по улица и да превртуваме очи како да сме наишле на терористи.
Јас ќе кажам нешто многу непопуларно, ама некој да конвертира како возрасен и не е толку многу поразлично од наметнувањето на религијата од раѓање како традиција. Дури би рекла дека второто е полошо. Но веројатно тие кои сте религиозни не можете така објективно да согледате бидејќи сте емоционално поврзани со вашата религија.
Чекајте сега, ако муслиманка сака да биде христијанка, ќе се крсти и тоа е промена на верата. Прочитав скоро од Амела Мемиш Апостоловска дека се конвертирала, се крстила своеволно и дека е горда на христијанската вера. Не знам по презимево дали жената е Турчинка, како и да е. Е сега, ако христијанката кажува дека прешла во ислам, како? Решила од утре ќе се покрие? Или треба оџа да ја пее? Нели имаше еден од Охрид Македонец во Струга се конвертираше во џамија, му пееше оџа.