Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кондиломи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од onegirl, 19 март 2010.

  1. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Наредната недела ќе отидам, па ќе видеме што ке ми кажат. Ако може да сум толку баксуз покрај хпвто пак и кондиломи да имам :)
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Да одиш,немој да оставиш на случајноста.И обавезно да работиш на подобрувањето на имунитетот.
     
  3. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    909
    значи на дечко ми му се појвија кондиломи, правевме типизација и немаме хпв... ги гореше со течен азот и ништо..ја купивме wartec и пак ништо? помагајте
     
  4. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    За имунитет пијам витамини А, Ц, Е, Селена и Цинк, Виусид и на Natural wealth си зедов едни таблетки се викаат Антиоксидант и тие ги пијам, а и доста витамини внесувам и преку исхраната. :)
     
  5. Zagrizen

    Zagrizen Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво, имам кондиломи на анусот, бргу ми се размножија, незнам што да правам, страв ме фаќа. Како да ги лекувам, читав нешто за wartec крема, дали таа крема само од грција се порачува или може да се најде во аптеките. Страв ми е да им кажам на моите, читав некаде дека само во грција ја има, незнам ни како да ја земам пошо поите дома не знаа. ве молам за помош :(

    може ли да ми кажете со колку постотен хидроген да ги премачкувам кондиломите, ги премачкав со 3% хидроген, незнам дали да ги мачкам со појак.... ве молам кажете ми во голема паника сум :(
     
  6. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    За кремата не знам каде може да ја набавиш,ако не ја најдеш пробај со спрејот Glizigen ја има во Зегин,може ке ти помогне,а витаминска терапија важи и за тебе.
     
  7. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    За спрејот не сум сигурна дека ги гори кондиломите. За горење кондиломи ја препорачуваат кремата Алдара, ја има во земјите кои што се членки во ЕУ, односно Грција и е околу 50-60 евра. Јас за глизигенот прочитав во каталогот на Зегин дека е наменет за хвп вирусот но не пишуваше за кондиломи и мислам дека спрејот е само за женски, но не сум сигурна. Поздрав
     
  8. Zagrizen

    Zagrizen Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    ќе може ли да ми каже некој што го користел дали е ефикасен за отстранување, ви благодарам
     
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Zagrizen, а зошто едноставно не посетиш уролог, доктор за венерични болести?
    Мислам дека единствениот начин да престанеш да се грижиш и да си го решиш проблемот е овој.
    Правиш ОГРОМНА грешка што самиот си превземаш мерки за решавање на твојот здравствен проблем.
    Не е страшно ниту срамно да посетиш доктор!
     
  10. CatherineS

    CatherineS Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки
    Јас сум нова на форумов, меѓутоа ги прочитав сите претходни постови.
    Моите гинеколошки проблеми потекнуваат од праисторијата :D
    Прв Пап тест и дијагноза ЦИН 1
    ХпВ типизација и бипсија = ХПВ 18 и 68 мешана инфекција
    После 6 месеци пиење БИОБРАН- ме кошташе 1000 евра и кондиломи а хпв не исчезна(Niskata koncentracija na virusnata DNA ne be{e dovolna za izveduvawe na poedine~na genotipizacija)
    Гинекологот ми објасни дека се намалил вирусот
    Е сега кондиломите ги гориме со дечкото со телен азот во приватна дерматолошка клиника и полсе 2 третмани јас имам 50 пати повеке отколку на почетокот
    Скапо чини, болно е а и пречи.
    Од вашиве искуства најдобро би било да си ја купам кремата WARTEC, па сакам да прашам од каде во Македонија ја купувате
    П.С да напоменам дека постојано имам Бактериската вагиноза и дека од користење на вагиналети и прегледи по гинеколози глава не можам да кренам
    а за имуностимулатори читам дека нема појако од биобрен ама еве кај мене немаше некој којзнае колкав ефетк :(
    Позз
     
  11. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    За кремата не знам дали ја има тука кај нас. А апчињата не можат да делуваат кај сите исто, тоа си зависи до организам. Јас пијам виусид (бидејќи сум со хпв16) и антиоксиданти на Natural wealth и одкако почнав да пијам се ова почнав и да качувам по некое килце и фала богу настинка ме нема фатено до сега. А за кондиломи ја препорачуваат кремата Алдара, не знам дали ја има тука, но може да си порачаш од Грција да ти ја купат.
     
  12. ALEXXX

    ALEXXX Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Вака сакав да прашам дали е можно мене да ми исчезнат а кај дечко и сеуште да ги има , И јас ги горев со течен азот и ги мачкав со вартец долго време , ама сега еден период ги немам барем не од надвор , Ќе може ли да ми одговорите што од прилика тоа би значело :?
     
  13. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    А кондиломите чешаат и болат ли или? И како брадавици изгледаат на почетокот или како каснато од комарец ?
     
  14. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Jас да ви кажам мое искуство со вакви чуда...
    Мислев дека ми се манифестирал вирус преку вакви кондиломи, па у глава одма почнаа да ми се вртат тие сликите на цели гроздови и брзо ширење па што ти знам горење и третмани...Бев на гинеколог и како што сексуално не сум активна изминатиов период, имунитетот ми е така-така средно добар, бев зачудена што е тоа што може да ми се појавило доле, нешто ко бубуљичка (акна да не речам) е и средно-повремено чеша...паника :o Уствари тоа ни к од кондилома, ниту се ширеше нит ништо. Испадна дека е осетливост на влошки, синтетички и парфемирани :!:
    Осетлива ми била таа мојата :lol:
    Туку не паничете одма сите ако сте виделе нешто дека е кондилома, па вирус, па ризичен, па рак...
    Полека зајакнете имунитет и видете кој третман ке ви го препорачаат ПОВЕЌЕ гинеколози, не еден! :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не можете на своја рака да се откачите лесно од кондиломите, пријателка ги имаше, она ко за чудо користеше саликс на првите неколку, значи оној типичен саликс за брадавици и помина, ама сепак мислам дека е најубаво да се консултирате со доктор, ако не бидат третурани брзо можат да се рашират, како што знам тие не се болни туку незгодни, и единстевно болат кога се горат, во Лондон знам дека даваат една крема за туширање на база на вода Аqua cream, вартексот со сигурност помага, ама во МКД го нема воде во Шведска го има, јас имав папилома на лицето, и ми ја изгоре моментално, имунитет под хитно зголемување, и замивање со камилица.. и како што рече буби, улошки, седење на секакви шољи, бришење со сечија крпа, или спиење на прљава постелнина може да биде една од причини за кондиломи и нехигиена, како и најглавно сексуален однос, така да внимавајте..
     
  16. tralala15

    tralala15 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, јас неодамна добив кондиломи меѓутоа не можеа да ми ги горат со течен азот затоа што биле доста проширени и се решив за ласер.. ме успаа и операцијата траеше саат и пол и како што гореле се појавувале нови коренчиња, а притоа требало и да се отсечат 2 веќе преголеми кондиломи. имав 6 конци и требаше после секое одење во веце да ставам бетадине, спреј бивацин и гел солкосерил, не ме болеше воопшто меѓутоа вчера кога докторката ми ги извади конците ми кажа дека имам нови мали коренчиња. денеска ме гореа со течен азот а треба да одам за 4 дена да ме горат пак..притоа ми кажаа да ја купам кремата алдара и да почнам да се мачкам со нејзе... според вас која крема е поефикасна алдара или вартец? операцијата беше 300 евра 3000 денари за лекови спрејови и чуда..за азот уште 3000 денари, а сега алдара е 100 евра, па би сакала да знам дали би ми помогнала вартец затоа што повеќе е споменувана таа од ваша страна отколку алдара а воедно и многу поефтина..не знам веќе што да правам да не фрлам џабе пари па да ми се појават после нови :(
     
  17. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Љубам, од каде ова дека кондиломи се добиваат од wc школка, крпи (пешкири) и слично? Кондиломи се предизвикани од ХПВ вирус кој се пренесува по сексуален пат. А вирус како вирус, не преживува надвор од човечкото тело повеќе од неколку минути... Да не должам, ама мислам дека не си во право за начинот на кој може да се добијат (освен за сексуалниот однос :) ).
     
  18. tralala15

    tralala15 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    можат да се добијат и на таков начин затоа што има и многу коишто кога ги добиле кондиломите биле невини
     
  19. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    А може ли некој подетално да опише како изгледаат кондиломите??
     
  20. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како може да ги добијат невини, кога тоа е сексуално пренослив вирус? Ова што го зборам јас не го зборам од памет, туку го пишува и во медицински книги, а и да прашаш гинеколог истото ќе ти го каже, бар мојот гинеколог ми има потврдено дека неможе да се пренесат на било каков начин :)

    Незнам како изгледаат, бидејќи фала богу не сум имала, ама бидејќи имам уплав од вакви работи се трудам да сум 100% информирана :)