И мојов гинеколог ми рече дека се пренесувале кондиломите и хпв-то преку нечисти вециња,ама некако цудно ми е тоа и нелогички сепак тоа е СПБ а сите знаеме што значи тоа...
Имав кондиломи кои ми беа откриени при гинеколошки преглед. Истовремено докторот ми направи ПАП тест на кој покажа дека нема ништо (според мене би требало да покаже дека имам ХПВ вирус во мене?!) Пред некој ден ми ги отстранија со ласер и сега за сега имам болки, но идржливи. Дали е можно да имам брадавици а да немам ХПВ вирус? Благодарам однапред.
на типизацијата имав ХПВ 53,цитав дека од овој тип не се појавуваат кондиломи,ама мене ми се појавија некои незнам сто се,знаци мегју анусот и вагината,од двете страни знаци на самите долни усни,незнам дали добро објаснив,сто мозе да биде тоа? ...како брадавицки се и плус малце тврди на допир
Најверојатно се работи за кондиломи, мора да се обратиш на дерматолог.Мене ми ги лечеа со радиоталаси,криотерапија (течен азот) и подофилин. Бев на 2 третмани и сега сум чиста. поздрав
Зависи од тоа како ќе ги третираат. Некои лекари ги третираат само со криотерапија (која дава успех) само што ќе мора да отидеш повеќе пати ( зависи од бројот на кондиломите). Со радиоталасите може да се излечат од само еден третман. Поскапо е ама вреди зашто се решаваат веднаш. Во врска со партнерот иако нема кондиломи, најверојатно и тој го има вирусот само нема видливи манифестации на него. Он може да се обрати на уролог за да му земат брис за да провери дали го има вирусот. Поздрав
A tie radiotalasi kade se vrsat i kolku cinat? Jas milslev da ja kupam Wartek kremata da vidam dali ke mi pominat od neA
Дали овие кондиломи може да се појават и внатрешно? Во вагиналниот канал? Или обично се појавуваат само надворешно, околу вулвите?
Девојки ќе ве замолам за совет..Пред пола месец забележав брадавички во долниот дел на вагината..Отидов на гинеколог и ми рече дека имам 2-3 брадавички и дека не е ништо страшно и нема потреба од лекување..кога го прашав да направиме ПАП тест рече дека и од тоа нема потреба,сум правела пред 5мес значи дека немам некои промени како Чин или ХПВ а од читање по нетов сум во права збунка како може да имам брадавички без нивниот причинител ХПВ-то ?!? Да напоменам дека имам односи само со еден партнер на кој немам забележано брадавици..
Магдалена, кондиломите се причинети од ХПВ. Доколку ти си правела пап тест пред 5 месеци, вирусот е можно да си го закачила во периодот измеѓу. Во секој случај немој да паничиш, најдобро да си отидеш да ти направат и колпоскопија и со сигурност да ти дијагностицираат дали воопшто се работи за кондиломи. Инаку, да, се пренесуваат само по сексуален пат, допир со вирусот на некој друг начин: преку депилација, недоволно стерилизирани гинеколошки инструменти и сл. Тоа е...со среќа. работи на зајакнување имунитет: шитаке чај и семе од коприва, овошје,. зеленчук, зрнести плодови, избегавај стрес. Јас би ти препорачала да не се решаваш за ласерски третмани или нивно горење, но изборот е твој. Мораш да одиш и колпоскопија да ти направат! Поздрав, среќно!
Благодарам на одговорот и поддршката Dotraki..Не планирам да се подложам на горење или сл. туку би пробала алтернативна медицина или пак медикаментно да ги отстранам..Најголем проблем ми е стресот од самиот збор ХПВ се ежам но утеха ми е дека ХПВ-то што ги предизвикува кондиломите не предизвикува CIN или рак.. Дали ти си имала искуство со кондиломи и како ги отстрани ?
вака ...скоро завршувам со спрејот глизген и ништо од кондиломите,и бев свесна до некаде дека тоа нема да ми помогне за да ги изгори или слично.Uпатот за кожно ми стои во фиока не ми се оди на горењесо течен азот бидејќи кај мојот партнер се размножија и покрај горењето ,и еве веќе лутам два месеци на нет некои го кажуваат истото,исто така почнав да мислам многу позитивно,стресот дефинитивно го избегнувам како и нервозата и кулирам цело време ,но кога ми текнува на ова доле.... само од тоа ми е стресот ке ве замолам за некој совет плус поздрав и срекичка на сите
Внатрешно се појавуваат во вагиналниот отвор и тогаш предизвикуваат CIN промени кои после водат до карцином на грло на матка. И внатршно може да се отстранат со радоиоталас и крио (со спекулум), како на гинеколог.
земав денес гинекс форте вагиналети ,плус гинекс форте маст за кондиломите.... не знам знам дека се појавуваат само кај нискоризичниот хпв.плус витамини еден куп омега 3,витамин ц 1000,здрава исхрана ,а+е+ц+ селен ,б комлпекс некој германски ми дадоа во зегин 30 апченца внатре тоа све за имунитетот .читав дека исто е добро да се пие два пати на ден масло од црно семе малку е поскапо ама е еден од најдобрите лекови за имунитет подобро од алое вера ке го пробам и тоа .читав и еден друг рецепт за отстранување на кондиломите со аспирин ,јаболков оцет и рицинусово масло и се меша и со стапче за уши се поминува секој посебно само за надворешна употреба .... и тоа ќе се проба поздрав
здраво девојки, и јас го имам истиот проблем. имав такви брадавички под пазуви, на врат ама летото бев на лекар и ги смрнзав со течен азот, но после неколку месеци повторно ми се појавија. Е сега пред неколку недели на дечкоми му се имаа појавено некаде кај препоните но него му исчезнаа а мене како да ми се намножија но овој пат близу то вагината т.е околу вагиналниот и аналниот отвор. некако многу ми се наможени кога прочитав тоа со хпв се испаничив. може да е опасно? инаку дали може да се изгубат и дали смеам да ги третирам со оцет или млеко од смоква? ви благодарам
здраво на сите сакам да ве прашам за кондиломите и јас еве ги имам подолг период бев на гинеколог ме пратија на кожно таму ме мачкаја со една маст во кафена боја па дали премногу му ставија еднаш вервајте одвај одев во wc почна кожата да ми се лупи и да ми паќа по толкава изгореница загинаја ама по кратко време пак се појавија отидов кај друг гинеколог ми даде гел и спреј GLIZIGEN и нив ги користам ама сепак имам ја зедов и WARTEC од германија 37евра и таа ја потрошив ама имам уште 2-3 останати земам и IMUNOBOR капсули првото паковање пишеше да се земаат по три капсули на ден а после второто пакување да продолиш со по една капсула на ден еве веќе првото го испив почнав и од второто од wartec кремата гинат ама мене ми останаја уште 2-3 е сега сакав да прашам дали цигарите влијаат на имунитето дали за време на терапијата треба скрос да се прекинат цигарите и ако можи некој да ми кажи каде можам да ја најдам кремата ALDARA и колку кошта ми рече гинекологот дека била добра и дека имала пациентка што имала мн големи кондиломи и дека со таа маст ги отстранила за разлика кај мене што се мн мали ситни а и немам мн може совет !!??позз до сите
Не сакам да те навредам, но со оцет и смоква тешко дека ке ги излечиш. Обрати се на дерматолог кој работи со РАДИОТАЛАС и за 1-2 третмани си ЧИСТА.Како што кажа имаш и на анусот и ако ти се рашират таму може да ти го затворат анусот ( обструкција). Односи само со КОНДОМ и првец на ДЕРМАТОЛОГ, за твое добро. Поздрав
Докторката ми “честиташе“ за кондиломите, ај што се грди да ги гледаш можам да замислам на партнерот туку и ме нервираат, ме чешкаат посебно сега со топлинава.... Освен Солун...ми треба инфо каде да ја набавам WARTEC кремата, и докторката ми ја препорача ама немам никој близок да оди Солун, Ако има некој информација, ве молам кажетем пишете ми....