цел свет го превтрив за ВАРТЕК, Солун милион аптеки поминав, луѓе кои беа Австралија исто - не ја нашле, само замени им давале, но не сакав да експериментирам. Дури ни Албанија-тирана, Србија, Бугарија нигде нигде.... Единствено ја најдов во германија - но во последно време исклучиво ја издавале на рецепта, зошто како незнам. Порано можело да ја набавиш онака. Така да за сите кои имаат потреба од ВАРТЕК барајте германија
Здраво девојки, само да ви пренесам искуство. Ги остранив кондиломите кои ми се појавија во и околу усните на вагината со ласер, но сега ми се појави буквално една брадавица во аналниот предел. Пробав да ја отстранам со ласер меѓутоа премногу ме болеше, и сега употребувам вереген гел да видам дали ќе успеам. дали некој употребувал и може да споедли искуство со ВЕРЕГЕН ГЕЛ?
Сите што го имате овој проблем, не купувајте креми Вартек, Вереген ,не знам какви.... И мене кога ги видов првпат ми беше срам да одам на лекар ама немав каде,само се мнозеа. По 2 третмани со радиоталас во комбинација со течен азот сум потполно чиста. Јас бев кај Др. Коста Цветковик во Дерма плус и сум многу задоволна од пристапот.
Јас конкретно сум задоволна од Вартекот, ептен. уште по првиот третман т.е 3 дена мачкање, и 4 дена пауза, јас веќе имав помалку кондиломи, помалите кондиломи веднаш се изгубија.
Devojkii sakam da prenesam iskustvo. Koga mi se pojavija kondilomite mislev deka mi se srusil svetot. Procitav se sto mozev na internet i pravec na ginekolog. Mi prepisa krema Veregen, kako nova na pazarot i dosta efikasna, ama treba da se upotrebuva 3 meseci za da ima efekti. posle dve nedeli od redovna upotreba na kremata, slucajno procitav za domasni lekovi protiv kondilomi na nekoj americki forum. Lekot bese JABOLKOVA KISELINA. Cini samo nekoi 30 denari i za dva dena upotreba kondilomite pocrneja i pocnaa da pagjaat. Morav da go spodelam iskustvovo.Probajte i se nadevam ovie grozni nesta ke isceznat i nema da se vratat nikogas. Veregn kremata e 3000 den... Inaku treba na pamuk da natopite od jabolkovata kiselina i da stavite na mestata kade imate kondilomi. Moze malku da pece ama mora da ima nekakov efekt i izdrzlivo e. Pamukot zalepete go ili pricvrstete to za da ne se mrda i treba da stoi 8 sati. Posle toa moze povtorno na nov pamuk da natopite i istata procedura ili pa sat dva neka odmori mestoto. I napomena, mora prethodno da se istusirate i dobro da se izbrisete za da ne se sobiraat bakterii na mestoto Se nadevam deka vi pomognav... Spodelete iskustvo <3
ме интересира тоа со јаболковата киселина - натопено на памуче и ставам таму доле но колку вечери по ред - само една??? Да не ја изгориам ) ми останаа уште 2-3 а ми снема крема
јас користам вереген и сум задоволна... ама еве поминаа 3 недели а имам уште малку и сега ќе треба да си купам нов крем а чини 3000 денари. зезнато со овој гел е дека може да се користи само 3 недели после отворањето, па мислев да не купувам нов туку да продолжам со ова јаболкова киселина. Можам така да си направам комбинација? ПС Фала за совет, се надевам ќе е ефикасен бидејќи мало богатство ми отиде со овие кондиломиве. По втор пат се замарам со нив, прво на ласер фрлив 200 евра и сега на вереген уште 50
Еве јас да се пофалам дека ја послушав srcka9 и ставам активно јаболкова киселина еве веќе неколку дена, и две ми паднаа, сега се спремаат и другите две, поцрнети и исушени се, до утре сигурно ќе ги нема. Пече малце,да, ама па и ефикасно е.А и ефтино и природно.Фала srcka9
Здраво девојки Во врска со кондиломите, мене прв пат ми се појавија пред две години како мали брадавички на коленото и на челото. Кај Д-р Анчевски ми ги гореа со течен азот и со неколку третмани ми исчезнаа. Кондиломите не ги имав фатено преку сексуален контакт затоа што со тогашниот дечко не ни имав легнато кога ми се појавија тие, а имавме скоро 2 години незаштитен однос но фала богу нему не му се појави ништо. Ја не ни знаев за каков вирус станува збор, на доктор само ми кажаа дека не е ништо страшно не е опасен вирус (Не ни претпоставував дека се работи за HPV). Ми рекоа дека можно е да сум ги фатила преку допир со некој заразен, поради мој опаднат имунитет. Од тогаш немав ништо, но пред 3 месеци ми се по јавија доле кај усните на вагината како кожни израстоци , такви малечки, прво имав едно но можно е со депилација да ми се имаат проширено. Бев на дерматовенеролог ми рекоа да користам крем Алдара. Знам дека е скапа но дали воопшто има некаков ефект? Читав по форуми и за неа и за ласерско отстранување, ама и од мои блиски имам разбрано дека и покрај ласерско отсранување пак продолжуваат да се појавуваат а ни од Алдара не се премногу задоволни. Тука негде прочитав јаболкова киселина. Ќе може ли да ми кажете кажете како се употребува и колку пати треба да се премачка?? Фала Ви однапред. Инаку факт е дека штом еднаш си заразен со ХПВ вирусот постојано ќе е во тебе. Ми дадоа да пијам и Спирулина демек да го ојачам имунитетот па пак еве се појавија а ги пиев во периодот кога долу немав ништо. Исто така ме интересира дали и цигарите можат да влијаат штетно при проширувањето? Ве чекам за одговор. Поздрав
Јас не сум користела крем Алдара туку еве користам Вереген. Но ќе го прекинам и ќе одам на дерматолог да ми ги гори (ако може) со течен азот бидејќи до сега фрлив премногу пари. Иначе вереген (барем кај мене) има ефект но ова ми е веќе 2 паковка и сигурно би требало уште една, а 1 туба чини 50 евра и се користи 3 недели. И мене ми кажаа да го јачам имунитетот и пијам алое капсули, предходно пиев екомер 3 месеци, а-з витамини и витамин ц 1000. Колку што се консултирав со гинекологот а и по интернетов, цигарите се премногу штетни, и особено ако имаш ХПВ мора да прекинеш да пушиш... За јаболковата киселина нека објасни некој друг, јас пробав и не ми успеа бидејќи премногу ме печеше
Jas ne bi odela vo ginekomedika i da e poslednoto nesto na svetov. Jas ne sum imala problemi od ovoj tip, ama moj drugarki voopsto ne se zadovolni od ginekomedika. Strasno se neprofesionalni i neuki. Ama kako sakas, sepak izborot e tvoj
Здраво Феминки Прв пат пишувам на темава, досега само читав Имам огромно искуство со сето ова што го пишувате. Можам само да ви кажам едно големо НЕ за ласер. Ласрот не отстранува ништо, сето тоа е само привремено па дури и кога го третира цинот. Користењето на ласер е привремено бидејки ласерот отстранува само површно и ги запекува другите внатрешни клетки кои продолжуваат да си генерираат во самото ткиво. Со оглед на тоа тие повторно се појавуваат бидејки е вирус во прашање (габите се размножуваат и живеат на влага и топлина). Најдобра солуција е добра терапија која ке ви ја препише вашиот гинеколог, но не само за вас истото важи и за вашиот партнер. Мажите ги немаат овие симптоми и проблеми, но немој да се лажете дека не го имаат истиот вирус. Мажите само го пренесуваат, додека кај нас жените се манифестира многу лошо и предизвикува страшни проблеми. Имам уште многу да пишувам на оваа тема, но да не ве замарам толку за сега. Ако некоја од вас има било какво прашање слободно повелетеееее
Девојки дали некоја од вас што имате кондиломи сте пружале орален секс на партнерот? Мене ми открија кондиломи чекам резултати од пап, меѓутоа многу ми е страв бидејќи сме имале и орален секс и ненормално се тресам да не добијам рак на грло ...
најнова информација која ја добив од една пријателка - со рецепт била 5 еур, без рецепт 45 еур - мене ме излажале, најверојатно за пари да ми земат (али кога има мака човек не прашува.... ) значи ако имаш луѓе таму, 5 еур и рецепт нека набават од докторот таму
и да, презадоволна сум од кремата, навистина ми поминаа сите и помалите и поголемите, лекот чинел пет пари (пет евра) но додека го набавив пукнав