1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кондиломи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од onegirl, 19 март 2010.

  1. sanjicc

    sanjicc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Кондиломите прилично лесно се пренесуваат, дури и со прсти ( од едниот на другиот полов орган - ме разбирате :) ), а за бањарка не сум многу сигурна, ама секогаш постои вројатност така да избегавајте го тоа. Поздрав
     
  2. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    А сакам да прашам какви се всушност тие кондиломи....нели изгледаат како израсток малку како кожа нели....ама испакнати речиси како тртки(добро не баш како тртки ама приближно),и не се во вид на крукче туку некако како по издолжени тоа ли е????????
     
  3. sanjicc

    sanjicc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Кондиломи се уствари во превод тртки или брдавици.Сме ги имале сите по рацете како мали сигурно :) Тие се предизвикани од ХПВ вирус тип 2 или 3, а гениталните се од ХПВ тип 6 и отприлика изгледаат исто, како карфиолесто испакнување со боја на кожа, мали од неколку милиметри до 2-3 цм ако многу пораснат.Може и да крварат ама ретко.Како и да е, терапијата со горење со течен азот е успешна. :y:
     
  4. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    леле а ако се многу големи старшни ли се :( :( знам дека сум многу досадна ама не ми е јасно....на сестра ми и се појавиле....и се замислив.....какви негативни последици можат да имат ?????? :( :(
     
  5. sanjicc

    sanjicc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Не се страшни ама се незгодни, може да чешаат, да крварат...Немаат ни некои последици ама сметаат па пожелно е да се изгорат.Нека земе упат од матичен гинеколог или матичен лекар не знам точно како оди процедурата за на кожен лекар, може и за на кожна клиника и со неколку третмани ке заврши работа.Не боли тоа инаку :) А претходно нормално на гинеколог нека направи ПАП тест и типизација за ХПВ, да не случајно има и некој друг тип.
    Инаку нема проблем, пиши ми кога сакаш и порака, ќе ти одговорам најбрзо што можам. Поздрав
     
  6. 888

    888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Kondilomite mi se problem veke dve godini.Imam praveno i pap test i tipizacija i rezultatite se cisti jas nemam HPV.Napocetokot gi lecev so tecen azot i posle shest meseci se pojavija povtorno. Pred nepol mesec bev na lecenje so laser i mi preporacaa i terapija so tableti KURKUMIN.Sega za sega situaciata e mirna prodolzuvam so tableti uste pet meseci i se nadevam deka ke gi snema zasekogas. :worried:
    Ili da gi ocekuvam povtorno?! POMOS
     
  7. mena18s

    mena18s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    Pred dve godini deckomi imase mu gi gorea so tecen azot potoa se prefrlija i kaj mene no na mene mi gi gorea so edno aparatce kako na struja mnogu bese bolno no da cuknam na drvo nemat mi izlezeno povtorno, a na deckomi mu izleguvaat cat pat no se macka so edna mas sto za eden den mu gi snemuva.Masta se vika VARTIK ja ima vo grcija 20 evra e a ja ima i vo germanija no e poskapa zemi si ja pomaga mnogu .Pozdrav
     
  8. maryjane

    maryjane Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    6
    Zdravo devojki,i mene me maci toj problem kondilomite.Iako ne znam od koj tip mi se seuste.Ginekologot mi e na odmor pa cekam za da napravam pap i da vidam kako da gi otstranam.Mene mi se kako bradavici i toa kore nad usnite i nitu mi se razraneti nitu mi protekle. ,osven edna sto ja imav na usnata od nadvoresna strana i toa od DEPILIRANJE SE! Znaci sum nemala nezastiten sex a ni mnogu partneri,seto ova mi e od depilacija i toa od lani....Pazete se kade odite za da depilirate intima devojki neznaete od kade kakva infekcija ve demne denes!I da napomenam , razgovarav jas so drug ginekolog i mi rece deka ima 130 razlicni kondilomi i deka se lecat i se otstranuvaat samo treba da se utvrdi od sto se predizvikani i dali sme inficianis o virusot a ne e nisto strasno. Pozz
     
  9. mena18s

    mena18s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    Лекувањето на кондиломите е различно при секој пациент. Изборот на средство за лекување зависи од бројот, големината и местоположбата на брадавиците. За нивното отстранување се пристапува кон медикаментозно или кон хируршко лекување.Кондиломите може да се лекуваат медикаментозно со употреба на различни кремови и раствори, кои се нанесуваат на површината на кожата. Кога овој начин на лекување нема ефект или кондиломите се многу големи, се преминува кон хируршко лекување.Лекувањето на кондиломите е тешко и треба да се има предвид дека е возможно повторно да се појават. Главна причина за тоа е вирусот ХПВ, кој не се отстранува од организмот. Според некои специјалисти целосно лекување на овој вирус е невозможно. Кога некој веќе го имал ќе биде негов носител до крајот на животот.Спротивно на нив, има лекари кои веруваат дека целосното лекување може да биде реалност ако се води здрав начин на живот. Тоа значи да се примаат доволно витамини, здрава храна и да се практикуваат спортски активности. Целта е да се зајакне максимално имунолошкиот систем и на тој начин организмот сам да го отстрани вирусот.Поздрав :*
     
  10. maryjane

    maryjane Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    6
    Jas sakam da kazam samo da se pazite kaj odite na depilacija i isklucivo da si nosite svoj vosok .Moite bradavicki koi mi bea nad usnite daleku bile od onie n HPV virusot .Tie bile infekcii predizvikani od depilacija necist vosok i mi rastea isto kako bradavici.Posle pregledot ginekologot mi rece deka ne licat na hpv no so pspot ke konstatirame sto se.Posle rezultatite mi se javi mi dade edna mast i za nepolni 10 dena mi se isusija sega nema ni traga ni glas od bozemnite moi hpv bradavici pazete se devojki premn infekcii bakterii se dvizat okolu nas,osobeno ako imate osetliva koza :worried: !!! poZzZzZ
     
  11. BBbaby

    BBbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    5
    девојки на аналниот отвор ми се појавија некои брадавички како карфиолеста форма имаат не ме чешаат само некогаш ми крварат доколку одам во тоалет. на почетокот беа помали сеа се зголемени малку ме фаќа страв се мислам дека тоа е HPV вирус ама не ми е јасно како сум го добила кога имам односи само со децко ми и плус прв ми е. Oн претходно имал значи пред неколку години меѓутоа не му се појавиле од тогаш. дали е можно да има а да не му се манифестира??? ме фаќа паника никогаш не сум имала вакви работи. дали е хпв или нешто друго и како се лекуваа? поздрав и фала
     
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Прво, што и да ти кажеме ние овде МОРАШ да одиш на лекар. Уште утре закажи си на гинеколог за пап тест. Ако станува збор за ХПВ вирус, тој што предизвикува кондиломи не е многу ризичен, односно не предизвикува пореметување на клетките од тип ЦИН1, ЦИН2, ЦИН3 и рак на грло на матка. Тоа е добро, значи би требало да станува збор за нискоризечен ХПВ, ако воопшто е ХПВ. Сепак, не се потпирај многу на тоа и обавезно посети гинеколог.
    Што се однесува до лекувањето, не сум баш сигурна за тој тип кондиломи но мислам дека се горат.
    Она што ти можеш да направиш е да си го појачаш имунитетот за да организмот почне да се бори со вирусот (нели ако воопшто е тоа). Тоа значи да јадеш мноогу овошје и зеленчук, дополнително да земеш минерали и витамини, најдобро комбинација од имуностимуланси А, Ц, Е витамини со додаток на селен и цинк, потоа бета каротен, алое вера, Ц витамин, рибино масло. Значи имуностимуланси од секој тип, не само синтетички витамини и минерали туку и средства како што се алоето и рибиното масло се доста корисни.
    Во секој случај, уште еднаш ќе ти повторам обавезно оди на лекар, направи преглед и консултација.
     
  13. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Девојки, налетав на овој текст на сајтот на Зегин, па го ископирав овде. Има доста информации. :) Кондиломите се предизвикани од вирусот.


    Генитален Херпес
    Што е генитален херпес?


    Генитален херпес претставува инфекција предизвикана од вирусот на херпес симплекс или ХСВ. Има два типа на ХСВ, и обата можат да предизвикаат генитален херпес. ХСВ тип 1 најчесто ги напаѓа усните, предизвикувајки ранички познати како гнојници или подливи, меѓутоа исто така може да ги нападне и гениталните органи и да предизвика рани. ХСВ тип 2 е вообичаен причинител на генитален херпес, меѓутоа исто така може да ја нападне и устата. Лицето кое има генитален херпес може многу лесно да ја пренесе инфекцијата на незаразено лице при сексуален контакт.
    ХСВ 1 и 2 можат да предизвикаат рани (наречени уште и подливи) во и околу вагината, на пенисот, околу аналниот отвор и на задницата и бутините. Повремено, можат да се појават ранички и на другите елови од телото каддешто навлегол вирусот преку некој порозен дел на кожата.
    ХСВ останува во дадени нервни келии во текот на целиот живот и може повремено да предизвикува инфекции од типот на херпес кај заразените лица.
    Според Центрите за Контрола и Превенција на Болести во САД, 45 милиони луѓе во Соединетите Држави постари од 12 години, или 1 од 5 адолесценти и возрасни е инфициран со ХСВ.
    На ниво на целата нација, од доцните 1970ти, бројот на лицата со генитален херпес се зголеми за 30 проценти. Најголем пораст е забележан кај тинејџерите. Инфекцијата од ХСВ-2 е најчеста кај секој трет од најмладата старосна група во која спаѓаат личности од 12 до 39 години.

    Како се лекува генитален херпес?

    Иако нема ефикасен лек против гениталниот херпес, здравствениот работник кој сте го консултирале може да Ви препише еден од трите лекови за лечење и за можна превенција од повторно појавување.

    * Ациковир (Зовиракс)
    * Фамцикловир (Фамвир)
    * Валацикловир (Валтрекс)

    Од неодамна, Управата за Храна и Лекови го одобри Валтрексот за употреба против пренесување на генитален херпес.
    Во текот на активната манифестација на херпесот, при првото или повторното појавување, мора да се придржувате кон неколку едноставни правила за да го забрзате лекувањето и да спречите ширење на инфекцијата на други делови на телото или на други луѓе.

    Инфицираното место држете го чисто и суво за да избегнете дополнителни инфекции.
    Избегнувајте да ги допирате заразените места.
    Мијте ги рацете по контактот со раните.

    Привремено апстинирајте од сексуален контакт од првиот пат кога сте почувствувале симптоми до целосно зараснување на раничките, односно откога крастите ќе отпаднат и ќе се формира нова кожа на инфицираното место.


    Херпес Симплекс
    Што е Херпес Симплекс?


    Вирусот на херпес симплекс е сплет на два различни, но сепак цврсто поврзани вируси познати како ХСВ-1 и ХСВ-2. Двата вируси можат да предизвикаат и генитален херпес. По груба проценка, ХСВ-2 предизвикува 90% а ХСВ-1 10% од вкупниотброј на генитални херпеси. Вирусот херпес симплекс е линераен двостандарден вирус на ДНК. ХСВ-1 и ХСВ-2 имаат околу 50% идентична структура на генетскиот материјал и двата вируси генерираат речиси исто површински антигени. Тоа укажува на голем степен на заедничко дејство и технички ја оттежнува можноста за разликување на двата вируси. Од друга страна, антителата на ХСВ-1 и ХСВ-2 нудат ист степен на вкрстена заштита. Имунолошката реакција на келиите е поважна отколку поттикнатата при одредување на сериозноста на ХСВ инфекцијата. Лицата заболени од СИДА често имаат хронична и јака реакција во форма на ангогенитален херпес. Гениталниот херпес обично се пренесува преку сексуален контакт. Директната инокулација на вирусот настанува преку контакт со заразен секрет или слузница. Орогениталниот контакт со партнер заболен од херпес лабиалис тип 1 исто така може да резултира во генитален херпес. Асимптоматичното истекување на ХСП е најчестиот начин на пренесување на инфекцијата на генитален херпес. Се проценува дека повеке од половината генитални инфекции на ХСП-2 се асимптоматични.

    Пренесувањето настанува со близок орален, генитален или анален контакт, мастурбирање, бакнување и било каков друг директен контакт кожа со кожа кое овозможува размена на телесни течности.


    Симптоми на Херпес
    Кои се Симптомите на Херпесот?


    За жал, многу луѓе кои имаат генитален херпес не го знаат тоа бидејки не чувствуваат никакви симптоми, или не знаат да ги препознаат. Кога има симптоми, можат да бидат различни кај различни лица. Најчесто, кога едно лице е заразено со херпес за првпат, симптомите се манифестираат за 2 до 10 дена. Првичните симптоми обично траат 2 до 3 недели.
    Раните симптоми на инфекција од генитален херпес се следните

    * Чешање или чувство на печење во гениталното или анално подрачје
    * Болка во нозете, задницата или во гениталното подрачје
    * Сушење на вагината
    * Чувство на притискање во стомакот

    По неколку дена, се појавуваат ранички на местата кадешто вирусот продрел во организмот, како што се устата, пенисот или вагината. Исто така се појавуваат и внатре во вагината и на грлото на матката кај жената, или во мочниот канал кај двата пола. Најпрво се појавуваат мали, црвени грутчиња, потоа истите стануваат пликови и на крај се трансформираат во отворени и болни рани. По неколку дена, раните стануваат красти и потоа зацелуваат без да остават лузни.

    Други пропратни симптоми при повторно појавување на генитален херпес можат да бидат треска, главоболка, болка во мускулите, болно или тешко мокрење, сушење на вагината и натечени жлезди во пределот на препоните.
    Личноста се смета за заразна при појава на продромални симптоми, отворени рани и подливи во процес на зарастување.
    Херпесот претставува извор на потенцијална зараза кога нема симптоми. Значи, лицето кое има генитален херпес е секогаш потенцијален носител на активниот вирус.
    Околу 1 од 6 лица од полулацијата подложна на зараза се смета дека го има вирусот без манифестација на симптомите.

    Кај некои лица не доаѓа до појава на типични ранички а сепак во себе го носат активниот вирус, било во плунката, секретот на вагината или пенисот, па можат да го носат вирусот без да знаат дека имаат херпес.
    Можат да се појават подливи длабоко внатре во вагината кадешто не можат да се видат или да се почуствуваат, меѓутоа можат активно да го пренесуваат вирусот.
    Незаразено лице има 75% веројатност да добие херпес при сексуален контакт со лице кое е активен преносител на вирусот.
    Оралниот херпес може да се пренесе и на гениталиите и обратно. Симптомите се слични.

    Самопренесување: Едно лице заразено од херпес може да го рашири вирусот на другите делови од сопственото тело преку допирање на заразеното место и потоа со допирање, чешање или триење на друг дел од телото кој не е заразен со херпес. Посебно треба да се внимава на употреба на крпите за бришење.

    Можно е едно лице да добие генитален херпес доколку е пасивен учесник во орален секс во кој партнерот има орален херпес. Оралниот херпес се пренесува на гениталиите и обратно. Симптомите се слични.
    Различните локалитети во оклината како што се јавните тоалети претставуваат извор на зараза, но не постои доказ дека ова претставува вистински проблем за популацијата. Експертите прават разлика околу периодот во кој вирусот може да опстане сам по себе. Главната причина за зараза останува интимниот контакт.
     
  14. BBbaby

    BBbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    5
    нина24 бев на гинеколог еве само што влегов дома. да ти казам да ти во право беше HPV било ми рече ништо сериозно да не паничам ама ја бев мн испаничена и рече дека тоа е најверојатно од дечкоми поради тоа што он порано имал. гинекологот вика тој го содржи вирусот без разлика дали му се манифестира и ми правеше промивка со бетадине и ми даде едно спрејче за мене и дечкоми мислам дека се вика GLIZIGEN како што можам да прочитам на рецептава. мн полесно ми дојде,мегутоа ми рече дека за месец дена на контрола и доколку не се повлечат ке треба со струја да ги отстранат :sweat: мн ми е страв незнам многу ке ме боли 100% доколку не ми поминат.
     
  15. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    А направи ли ПАП тест, колпоскопски преглед и ХПВ типизација? Ако не, сугерирај му тоа на гинекологот. Убаво е да знаеш точно на што си.
    Друго, немој да се паничиш, не е страшно најверојатно штом нели излегле кондиломите, значи типот на ХПВ е од оние помалку ризичните. Сепак прочитај го горниот пост уште еднаш и работи на јакнеење на имунитетот.
     
  16. lepew

    lepew Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ми се појавија 2 генитални брадавици пред 6 години. Тогаш гинекологот ми сугерираше да направам пап тест и тест за хпв кој го однесов на испитување во Ману и резултатите беа добри. Брадавиците си стојат, не растат, не ме надразнуват, не крварат, не се размножуваат...не знам што да правам, дали е паметно да ги одстранам ласерски...или е можно на тој начин да се иритираат? Единствено сега за сега ми пречат при депилација и секогаш кога одам во салон им напоменувам на девојките што работат да пазат да не ми ги одкорнат и се прашувам дали тоа би можело да доведе до несакани последици? Исто така имам прочитано дека доколу жената при пораѓај има генитални брадавици тогаш е задолжително пораѓањето да се изврши со царски рез....?
    Поздрав
     
  17. BBbaby

    BBbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    5
    направив пап тест пред 4 месеци немаше ништо а нешто таму пишуваше хпв типизација дека ке треба да правам али уште немам направено. инаку спрејот е 1450 денари и купив јас бетадине а деновие ке го зеам и спрејот.. стварно ме фака малку страв се нервирам значи порано немав ништо сеа изглеа дечкоми уште го има тој вирус у него :( се надевам дека си во право дека ова е најосновен тип и не предизвикува рак на матката , кажи ми дали знаеш со струја коа се работи за какви типови станува збор?? несакам да не е нешто сериозно ке збеснам тешко ми е да не се искомплицира ова :doh: инаку за јакнење на имунитет ке почнам да работам несакам пак вакви работи фала многу за советот :)
     
  18. cat.cat

    cat.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Condylomata acuminata - генитални брадавици

    Najprvo zdravo na site i ve molam dokolku nekoj e bil vo slicna situacija ili ima nekakvi informacii vo vrska so temata neka pise.Veke cela nedela se obiduvam preku net(prebaruvam strani od oblasta na medicinata, forumi i slicno) da dobijam poveke informacii povrzani so genitalnite bradavici.Edinstveno sto znam deka na mojot decko pred 3 meseci mu bese konstatirana pojava na genitalni bradavici vo oblasta na penisot i pod stomakot.Mu gi gorea so tecen azot iscisten e i poslednite 3 meseci pie apcinja za jaknenje na imunitetot.Dali pojavata na genitalni bradavici e tesno povrzana so virusot HPV, a kolku sto mozev da procitam e povrzana i dali moze da imam seksusalen odnos so negp ( vagnialen, oralen). Da napomenam deka ne sme imale seuste seksualen odnos od taa pricina.Prasav nekolku doktori se informirav okolu virusot HPV( nema lek samo jaknenje na imunitetot).
    Nemam primano vakcina protiv HPV (iskreno i nemam namera radi razlicnite mislenja okolu nea).
    Sto e so nasiot seksualen zivot bidejki ne sakam da si dozvolam da imam seks so nego od strav deka ke se inficiram i jas.
    blagodaram odnapred

    [mod-kirilica:l6kwyvls][/mod-kirilica:l6kwyvls]
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Condylomata acuminata - генитални брадавици

    Една моја другарка имаше таков проблем, ги закачи брадавиците од нејзиниот дечко. Прво си мислеа дека се само обични брадавици, а потоа излезе дека всушност таа има ХПВ од повисок степен.
    Мој совет е да се консултираш со лекар како да си стекне тој поголем имунитет(на природен начин) и плус ако сакате односи строго само со кондом, бидејќи и со најмалиот допир со неговото заболено место можеш да се заразиш.А орален секс ти на него да му пружаш-не!
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Condylomata acuminata - генитални брадавици

    Е како нема лек? Еден другар имаше и се мачкаше со некоја крема и му се намалија брадавиците. Иначе биди многу внимателна, ако недај боже ти пренесе, за женски знам дека е посериозно.