Денес баш бев на гиниколог. И пред да се соблечам му викам дека мислам оти имам кондиломи и дека му ставав јаболков оцет. о тој ми вели не верувам дека ќе ти помогне, и јас му кажувам дека паднаа и тој зачуден како паднале и ајде ме гледа, немаш ништо вели. Јас го прашувам дали тие паднатите се во ред дали уште треба да ставам јаболкова, или некоја маст за кондиломи. Не ми вика готово овие паднати де, немаш ништо повеќе, не теба ништо, внатрешни исто сум немала, ме гледаше и на ехо, рече дека било се супер. Го прашав дали да направам пап, ми рече дека нема потреба. После па ми вика, овие можеби и не биле ни кондиломи, на ногата ти се, не ти се на гениталиите, ако се појавело нешто пак да сум одела прво тој да ги види па после да сум ги горела со оцет, ако не се појавело ништо, тогаш на лето пап да сме праеле, пошто виде дека пред неколку месеци ми е правен последно пап кој беше уреден, без ниедна инфекција или било што слично.
Ова не се сигурно кондиломи, откако паднат не оставаат СКОРО никаква трага, а камоли лузни како твоите. Подобро прво консултирај се со лекар
Глициген спрејот е баш за вируси, повеке за генитален херпес помага но може и за хпв . Само крио терапија им е мајката, не се плаши многу се чести. Инаку високоризичен и нискоризичен се однесува за ризикот од појава на ЦИН што не мора да значи дека ќе се појави. Поздрав
По сликата, секако веќе измалтретирани со оцет можам да ка жам дека повеќе наликуваат на фибром отколку на кондилом . Инаку хпв многу често се фаќа при депилација кај козметичар а за ноктот не знам како изгледа но може да го прегледа дерматолог и да се смириш. Поздрав
Здраво феминки, ќе ве замолам тие што го имате земано Вартекот од Охрид да пишете од која аптека поточно го имате земано, би сакала да ги контактирам. Ви благодарам однапред
На времето ја имало таму сега нека проверат....на крајот од турската чаршија, наспорти чинарот или маркетот на угорничката кога се оди за на Горна порта. Барај и некој што оди Солун
Pred 1 mesec imav malo kondilomce i mi go izgorea so azot vo MKD no sega si dojdov vo germanija i blisku do analniot otvor kade sto mi bese kondilomot sega pak imam nesto slicno.. mi dadoa glizen sprey uste od MKD go prskam ama takvo si e ... ne znam sto da pravam mnogu se nerviram
Штом си во Германија лесно е се, најди крем WARTEC - генијално решение за кондиломи. Мене ми го набавија од Германија за 5 еур, внатре има упатство за мачкањето - на колку денови ...па пауза..па пак... Следи го упатсвото и ќе видиш резултат. Јас мислев само ќе помини, но се раширија и имав премногу. Со овој крем решив голем проблем.
Zdravo feminki. Ve zamoluvam dokolku nekoja znae da mi kaze koja e cenata na gorenje kondilom so tecen azot? anybody ?????
Mislam deka samo 40 denari plativ, na kozno so upat od maticen ginikolog. Moze li da mi pratis slika kako izgleda, mene mi prepisa eden mast tuka ginekolkogot no i od nego nema efekt, za zal
Помина повеќе од година, ама како на горната слика е кутијата, внатре има едно мало минијатурно кремче од 5 мг и огледало имаше ) . КОга го видов огледалцето се пресмеав ама се најде а кога го видов кремчето лелеле си реков па јас ова за 2 дена ќе го потрошам. Но ако го следиш упатсвото внатре...5 мг се таман
Девојки дали кондиломите се опасни? Преска бев кај друг гинеколог, и сега мене ми кажуваат дека имам полицистични јајници и јас затоа отидов. Кога тој ме виде на ехо мо рече дека немам полицистични јајници, а јас веќе година ипол пијам такви апчиња. И сега ми препиша тој Diane 35. Ми направи пап тест и ми рече резултати за 1 месец, но исто така и ми кажа дека сум имала брадавички внатре во вагината, односно кондиломи. Е сега како се лечат кондиломите? Гинекологот ми кажа само дека ласерски требало, но мене некако паника ме фаќа искрено.
@lovely97 samo aldara e spasot , nisto drugo veruvaj. Jas se izmaciv odev i na gorenje so tecen azot , eheee pari i pari otidoa za nisto . Od kako mi kazaa za ovoj krem aldara za 1 nedela izceznaa i ne se pojavija pak