Здраво јас пред година две имав проблем со надворешни кондоломи и го решив со горење кај гинеколог, сега на почетокот внатре на вагината имам како зацрвенето топче и чувствувам малку чешање, што би ми препорачале ако се работи за внатрешен кондилом?
Мене со ласер ми ги гореа ама неуспешно, не знам дали погрешив со доктор или со не знам што, толкава болка, а кондиломите останаа половина и повеќе. Те читав за вартекс, кај можам да го најдам и дали ќе можам сама да си аплицирам? Дали има штета ако несакајќи зафатам здраво место? Ако можеш да ми одговориш фала ти, барем и пп.
Моите беа надворешни,сами си ги изгорев. Во Виола го купував,ако го нема во Грција го има. Многу е добар и не боли со него туку пече,ставаш два дена три пати дневно и носиш памучни ѓаки. Ќе гледаш да се одмиваш со вода и користиш своја крпа. Се јавува чувство на чешање и многу е важно да не се чешкаш.
И мене ми се надворешни, значи ќе можам сама. Само ми е страв да не нанесам на здраво место. Другото не е проблем. Фала ти многуу!
Не е страшно и на здраво ако нанесеш,нема штета само нема да има ефект. Исто така со овој раствор не ми останаа како флеки/лузни додека со азот знам дека остануваат.
Здраво девојки. Ја сум машко и веќе неколку години се соочувам со досадните кондиломи. Ми испаднаа на кожичката кај главата на пенисот. Во доста голем број се и неколку пати беше на горење со течен азот и ја прекинав бидејки беше многу болна дури неможев да одам на работа цела недела. Психички ми влијае ме попречува да си најдам девојка за да не и ги пренесам. Неколку месеци пиев Изопренозин апчиња но ништо, витамини глупости се исцедив целосно финансиски. Слушам за некој си подофилотоксин-wartec-warticon и алдара. Барам низ аптеките нема никаде. Пробував со оцет и тоа не помага. Некој нарачуваат по свои од странство а ја немам никој близок што би ми направил услуга, па и ако имам би се заебавале послем со мене. Па ако знаете некој портал дали можам да ја нарачам онлајн од странство wartec? Фала многу
Дали побара во аптека Виола? Знам порано имаше wartec, а алдара ама со друго име - quimodia едно време имаше во Ани фарм во капитол. Горењето со течен азот е меч со две оштрици оти можи да ги расее дополнително и не е трајно решение баш. Знам и гел за интимна нега/спреј Глициген од Зегин го користат за оваа намена ама не е толку ефикасен како вартекот или алдарата. Инаку aldara/quimodia сигурно има во Грција распрашај се по групи на фб некој возач шо оди во Грција ако можи да ти набави.
Пиши им меил или на фб ма Бела Фарм аптеки. Има опција да ја нарачаат. Околу 1400 или 1700ден. беше Wartec раствор , поефикасен е од кремата .
Ja naracav od ziva farm podophyllin tecnost Ke mi kazat koga da idam da si ja zemam. E neznam kako se koristi poslem. Vo edno ova mi e I prv pat da se soocuvam so ovaa rabota. Me kostase 1650. Tolku e I kremata
Ne znam samo oti ne kazuvat na dermatologija za ovie lekovi. Gledam deka povazni I se parite. Kolku bolka sum istrpel so toj azot nesakam da pomislam Edit: podophyllin = wartec?
Zdravo mozebi zvuci glupo prasanjeto no sakam da prasam dali dokolku nekoj ima bradavica ili izrastok na vrat ili pod pazuvi ne vo genitalnata oblast ima hpv virus I moze da se prenese seksualno taa bradavica?
Најновиот, најмодерен лек е Quimodia (imiquimod генеричко име) мислам дека е истото генеричко име со Алдара. Цената е 3.137 ден. и го има во Еурофарм. Содржи 12 кесички за еднократна употреба. Тврдат дека создава некој вид на имунитет локално. Се нанесува 3 пати неделно, треба да стои 6-10 часа на кожата и потоа да се измие. Лесно се нанесува и се впива. Почнав да го користам пред 2 дена, па ќе видиме како ќе делува. Почнав да пијам и изопринозин. До сега многу пати ме прскаа со течен азот, но за жал повторно ми се појавуваат нови кондиломи. Претходно имам користено и Wartec, ама тој ја оштетува кожата повеќе... барем така викаат. Ќе видиме дали ќе имам рани од Quimodia. Имам користено и билни мелеми, но скоро никаков резултат нема од нив, иако не се евтини ниту тие. Ќе споделам искуство со Quimodia.
Јас ги имав ги мачкав со една крема како лепак ќе исчезне па после пак некое време ми се смачи веќе и појдов на дерматолог ми рече таа за џабе ќе се малтретираш на секое да идаш со азот ако сакаш да ги отстраниме со горење од корен и така направив една недела ги чистев со јод и прскав со спреј сега немам ни лузна ни па ми излегоа пак а платив 2900