Јас завршив со третманот со Quimodia. Мачкав 3 пати неделно (така е и според упатството) 8 пати до сега. Паралелно еднаш неделно ме прскаа со течен азот. Исто така пиев Изопринозин 3х2 на ден 15 дена, па после 15 дена пауза. Вкупно 3 циклуси Изопринозин. Денес бев на контрола и ми рекоа дека се е во ред. Нема потреба повеќе да мачкам ништо, освен нешто за заздравување на раничките. Мислам дека нема потреба да користите Wartec. Имам користено. Не е 1.500 ден, туку скоро 2.500. Wartec имам најдено во една забутана аптека во Аеродром, ми порачаа директно од добавувач. Не го препорачувам бидејќи мора мн внимателно да се нанесува и отвара големи рани, сепак местото е чувствително. Немојте да мислите дека таа аптека ме „украла“ со оваа цена бидејќи на самата декларација од увозникот беше испечатена таа цена. Quimodia не е ниту за 1.000 ден поскапа, а е сепак посовремен лек. Wartec e мн тежок за нанесување, бидејќи ја оштетува (гори) целата површина, додека Quimodia делува повеќе на заразените клетки и до некаде ја штити околната кожа. Спакувана е во 12 кесички (значи за 12 третмани) и мн лесно се нанесува бидејќи е скоро како млеко течна. Во секоја Еурофарм ја има Quimodia (3.137 ден), во др аптеки не ни прашував бидејќи скоро се пазарувам од кај нив. Само сепак прошетав во неколку Еурофарм бидејќи некаде ја нудеа со мн краток рок (од неколку недели), па внимавајте на ова, сепак не евтина. Сега за сега сум задоволен и ми преостанува да се надевам дека нема да се појавуваат нови конечно.
Мене ми излезе една после третман со горење и се намачкав со крема од лимес мирисна и исчезна а таа ја зедов за мажот ми за брадавици висечки а пишува дека е и за кондиломи земете пробајте може да ви помогне
Ми треба мислење, дали да се оди на ласерско отстранување на ЕДЕН кондилом над пенисот кој стои долго време или да се проба со некоја крема?
Се прави ли типизација на хпв во Штип некаде? Сакам да знам кондиломите од кој тип на Хпв ми се. И дали послем ласерски третман можам да одам на работа и да извршувам домашни обврски или има рани на третираното место?
Јас се мачкав со подофилин крема. Кондиломите се тука единствено што добив се изгореници по пенисот и големи болки. По се на крај за ова е спасот само електрокаутеризација, ласер и други современи методи.
Zdravo devojki, dali nekoja od vas ima iskustvo za papilomi na preponi? Mene mi izlegoa tri, na pocetokot mislev deka se bemki i se konsultirav so ginekolog koj isto taka mi potvrdi deka se obicni nevusi. Pri rutinska kontrola kaj dermatolog za ostanatite bemki koi gi imam, dermatologot mi rece deka ne se bemki tuku papilomi i deka moze da se gorat so tecen azot. Dopolnitelno ne mi spomna da napravam hpv tipiziacija nitu spomna za jaknenje na imunitet.
Jas bev na lasersko vo remedika cinese 34.000 denari i po eden mesec se pojavija pak.Predpostavuvam deka prvo treba da se sredi imunitetot pa potoa da se pravat bilo kakvi zafati.
Здраво девојки Пред 2 месеци ми се појавија кондиломи и по контрола кај гинеколог дадено ми е да мачкам гинекс форте,но наместо подобрување ми се појавуваат нови и растат наместо да се повлекуваат... Да споделите некое ваше искуство со креми/природно како ви исчезнале бидеќи веќе почнуваат да ми претставуваат голем проблем при седење,а воедно и многу да ме чешаат и пецкаат.
Не ти препорачаа горење со азот? Мора да го јакнеш имунитетот, побарај во Грција низ аптеките раствор Вартекс, со нив можеш дома сама да ги изгориш. Треба и витамини за имунитетот, земи на Центрум тие се добри.
Фала ти.Не,не ми препорачаа горење со азот.Ги изгорев со јаболков оцет,цела недела скоро преку ноќ држев и ми ги снема. Пијам витамини од матичен препишани поради слаба крвна слика.
Zdravo, uste eden patalec od ova zlo Pred 3 meseci hpv 6,44 (niskorizicni), 51 i 66 (visokorizicni). Posle 3 meseci niskorizicnite isceznaa, ostanaa samo 51 i 66. Kondilomite isceznaa so pomos na jabolkov ocet i krema Quimodia. Druga terapija piev Isoprinosine, sirup Imunokomplex I stavav vaginaleti Ginex Forte. Sega doktorkata mi prepisa Betaimune i vaginalen sprej Vulvovagi. Iskustva?
Кај дечко ми се појавија кондиломи. Јас пред некој месец правев пап, хпв типизација и се беше супер. Како е можно ова или треба време кај мене да се појави нешто
Здраво. Пред некое време ми се појавија неколку кондиломи, направив ПАП тест и не ми кажаа да направам типизација бидејќи беше уреден резултатот. Дали имам хпв или не? Исто така ми кажа дека најдобро е да се изгорат со азот па би сакала вие кои што имате искуство со ова да ми кажете дали боли горењето со азот и каде имате направено (кај кој доктор без разлика дали државно или приватно) и како сте задоволни? Премногу ми е страв и не знам што да очекувам и не знам воопшто дали имам хпв или не…не знам од што друго би можеле да се појават.
Некој со Acetocaustin дали пробал, какво искуство има и дали има во МКД?? На еден пријател му ја донеле од Германија а ја има и во Грција, Бугарија, Хрватска...му поминале брадавиците за некој месец и не се вратиле повторно... Има на google повеќе инфо... https://pharmaq.gr/en/προϊόν/dermatology/acetocaustin/
Пред извесно време ми се појавија кондиломи,ми кажаа дека е најдобро да се изгорат со азот,го направив тоа неколку пати иако беше многу болно, по неколку третмани отидов на гинекологот кој повторно ми потврди дека имам,потоа пребарував по нет,и најдов мелем за кондиломи.Почнав да го користам мелемот по упатството што беше со мелемот,осетив дека веќе ги немам,но сакав да ми потврди и гинекологот кој при прегледот беше изненаден дека веќе немам кондиломи.Благодарна сум многу на Старопланински мелем,знам дека мелемот е и за жени и мажи.